Корисни текстови

Колку вредат нашите миленици?

Сигурно досега барем еднаш сте се запрашале колку навистина вреди Вашиот миленик? Тоа е првото прашање кое само по себе се наметнува секогаш кога сакате да го продадете, замените со нов или некој друг половен мотор, да го искомпензирате и.т.н.

Следете нè на:

 

Сигурно досега барем еднаш сте се запрашале колку навистина вреди Вашиот миленик? Тоа е првото прашање кое само по себе се наметнува секогаш кога сакате да го продадете, замените со нов или некој друг половен мотор, да го искомпензирате и.т.н. Како прво и основно што треба да знаете пред да почнете да ја проценувате вредноста на вашиот миленик е тоа дека предвидениот век на траење на мотоциклите и трициклите е 12 години.

oglas motori 2

Неговата вредност во однос на староста и поминатите километри е дадена во следнава табела.

Старост на моторот

(год)

Вредност на користените моторцикли (%)

Просечна (предвидена) годишна километража

До 50 кубика

Од 50 до 250 кубика

Над 250 кубика

1

82

2.000

3.500

5.000

2

69

4.000

7.000

10.000

3

60

6.000

10.500

15.000

4

51

8.000

14.000

20.000

5

44

10.000

17.500

25.000

6

38

12.000

21.000

30.000

7

33

14.000

24.500

35.000

8

28

16.000

28.000

40.000

9

24

18.000

31.500

45.000

10

22

20.000

35.000

50.000

11

21

22.000

38.500

55.000

12

20

24.000

42.000

60.000

Табела 1. Вредност на мотоциклите и трициклите во однос на староста и поминатите километри

Ова значи дека ако на пример сте го купиле вашиот миленик за 1000 евра, после истекот на првата година неговата вредност изнесува 820 евра, после две години уживање со него, неговата вредност ќе изнесува 690 евра, а кога Вашиот миленик ќе наполни три години, неговата вредност ќе биде 600 евра, на четвртиот роденден неговата вредност ќе биде намалена на 510 евра и.т.н. се до неговата 12 година кога неговата вредност ќе биде намалена за 80 % од неговата набавна цена и ќе изнесува 200 евра.

За мотоциклите и трициклите постари од предвиденот век на траење, т.е. доколку вашиот миленик не можете да го сместите во ниту една графа од погоренаведената табела, тогаш неговата вредност ќе ја намалите по 0.2 % за секој нареден месец од неговата експлоатација, но најмногу до 10%.

Оваа пресметка со сигурност можете да ја земете во обзир само ако вашиот миленик е технички исправен, неговата километража е во границите на предвидената годишна помината километража и доколку истиот се наоѓа во возна состојба.

Со цел за да добиете пореална слика за вистинската цена на Вашиот миленик, во следнава табела ќе бидат наведени нормативите на корекција, доколку Вашиот миленик има поминато повеќе или помалку километри од просечната (предвидена) годишна километража на негова експлоатација.

 

До 50 кубика

Од 50-250 кубика

Над 250 кубика

За повеќе/помалку поминати километри

± 1000

± 1500

± 2000

Корекција

± 1.5 %

± 1.0 %

± 1.0 %

Максимална корекција до                          ± 10 %

Табела 2. Корекција на вредноста на мотоциклите и трициклите во однос на поминатите километри

Ова значи дека ако на пример вашиот миленик е со кубикажа од над 250 кубика, а Вие имате поминато 10.000 километри помалку од неговата просечно - предвидена километража, тогаш неговата вредност ќе биде зголемена за точно 5 %. За исто толку проценти ќе биде намалена неговата вредност ако со Вашиот миленик сте уживале 10.000 километри повеќе од неговата просечна (предвидена) годишна километража.

Сега чисто информативно ќе наведам и некои други параметри кои што се земаат во обзир од страна на стручни лица (судките вештаци, проценителите во осигурителните компании и др.) кои професионално се бават и детално ја утврдуваат вредноста на користените возила, но Вие не мора да се замарате со нив. Сосема Ви се доволни и претходните две табели за да добиете коректна цена за својот миленик. Доколку некој од Вас сака во детали да ја пресмета реалната цена на својот миленик, тогаш во обзир треба да ги има и следниве параметри:

  • Цена на ново набавен мотоцикл (со ист тип и карактеристики);
  • Застареност на типот на мотоциклот;
  • Дополнителна опрема;
  • Инвестиционите вложувања во вашиот миленик (доколку ги има);
  • Состојба на бојата на каросеријата;
  • Траги на корозија;
  • Состојба на тапацирот;
  • Состојба на пневматиците;
  • Надворешен изглед на моторот;
  • Начин на експлоатација (Дали бил користен за трки,издаван, рентиран и сл.);
  • Број на претходни сопственици и нивни занимања;
  • Претходни штети (начин и квалитет на извршената поправка);
  • Понуда и побарувачка, односно движењето на цените на пазарот.

 

Со почит и поздрав до следното читање

Постојан судски вештак:

дипл. сообр. инж.
Златко Кузмановски
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

comments

Би можело да ве интересира

Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Во надополнувањето на правилникот се наведува дека тимовите и производителите може да додаваат аеродинамични компоненти се додека тие ги задоволуваат правилата.  Со ваквата одлука, сега се отвора можноста производителите да ги нудат аеродинамичните крилца и на продукциските модели.

Силвиан Гинтоли пoтврди дека ќе се натпреварува следната сезона иако го загуби местото  во Светскиот и во Британскиот Супербајк шампионат.

Ивчески дојде до нај големиот успех во брзински мотоцклизам во Македонија откако ја освои титулата во БМУ Европскиот шампионат.

Бројот на денови кои можеме да ги поминеме на тркачката патека се намалува, новите машини за следната година веќе беа претставени, а дополнително, ни пристигнува и зимата. За мото индустријата, ова е слаб период од сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!