22
Сре, Фев
Корисни текстови

Како до возачка дозвола

learnermotor.jpgПо новиот закон за полагање сите полагања се вршат во испитни центри низ цела држава, во Скопје ги има 6 кои се директно одговорни за сите испити од тестови полигон и градска.

Следете нè на:

 

Испитните центри им се целосно обезбедени значи имаат видео надзор се снима се што се случува во училницата каде што се полага, од повеќе места односно не е една камера. Камерите се со добар квалитет односно снимаат во повисока резолуција.

Комисијата е од три члена кои нон стоп се шетаат помеѓу полагачите. На полагањето кога одите не треба ништо да носите со себа (од типот пенкала или моливи), мобилните стојат на маса и се исклучени, а со вас само лична карта. Пенкала добивате во испитниот центар, и тоа проѕирно пластично пенкало ако се решаваат тестови по старо.

По ново треба да се почнати со компјутерското полагање односно повеќе нема да има хартиени тестови. 

Процедурата со новиот начин е следна.

1. Авто школата само врши обука на кандидатот и му изнајмува возило за полагање. (не може да се полага со сопствено возило)

2. Пријавувањето за полагање на тестови го правите по ваш избор на ден за полагање, и одите сами во пријавен центар со потребните документи:
- фотокопија од завршено 8одд. заверена на нотар.
- лекарско уверение за категоријата која ја полагате
- потврда од авто школата за извозени часови и извршена обука на кандидатот за управување на моторно возило за категоријата што полага.
- фото копија од лична карта.

3. Најпрво се полагаат тестови и дури по 2 дена имате право за најрано пријавување на полигон и градска. (првиот пат oдат во пакет полигон и градска) ако ги положите честито, ако не тоа што ви останува го пријавувате пак за 2 дена. Испитот-полагањето се уплаќа директно на АМСМ со три уплатници и изнесува околу 6200.оо денари со сите такси.

4. Откако ќе завршите се успешно односно ќе положите по 2 работни дена во централата на АМСМ за полагање која се наоѓа на рекорд позади мекдоналдс (има табла голема, неможе да се утне) одите да си ја подигнете потврдата за положен возачки испит и со таа потврда после во МВР позади телевизија по возачка, но тоа е друга процедура.

comments

Би можело да ве интересира

Нашиот најдобар натпреварувач на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 125цц од оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“.

КТМ е новиот тим кој ќе биде дел од 2017 MotoGP шампионатот. Според резултатите кои ги постигнаа за време на тестовите на Филип Ајленд, очигледно е дека тимот се уште го чека работа.

Џонатан Реа ги потсети своите ривали дека ќе биде еден од фаворитите откако го заврши претсезонскиот тест на Филип Ајленд на првото место

Двоецот на КТМ, Бредли Смит и Пол Еспаргаро, се задоволни од резултатите што ги постигнаа на вториот од трите MotoGP тестови.

Моделот на Yamaha, XSR900, ја освои престижната „iF Design“ награда за 2017 година.

Во каталогот можете да ги видите најдобрите производи кои се продаваат под брендовите Ariete, Harri и ARI и се наменети за мотоциклистите.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!