23
Пет, Јун
Корисни текстови

Како да препознаете кога пневматиците се премногу оштетени

Сте слушнале ли некогаш за три минутната проверка? Или сигурно некој постар моторџија ви има кажано, „Ако ти се грижиш за нив, и тие ќе се грижат за тебе“.

Следете нè на:

 

Сигурно некој постар моторџија ви има кажано, „Ако ти се грижиш за нив, и тие ќе се грижат за тебе“. Под тоа се подразбира проверка на мотоциклот пред да се качите на него. Понекогаш, наједноставните работи можат да ви кажат кога нешто не е во ред.

Што е најважното нешто на вашиот мотоцикл? Пневматиците. Оштетените пневматици може да ви предизвикаат големи проблеми.

Излижаната шара е опасна од многу причини. Постои голема можност таа полесно да се дупне, но уште поголема е опасноста доколку возите со таква гума на лошо време.

motor ostetena gumaИако гумата е добра на краевите, средишниот дел е целосно уништен

Пневматикот што го гледате на сликата погоре е возен исклучиво на автопат и поради тоа централниот дел на гумата е екстремно тенок. Многумина мислат дека гумата која е излижана само по средината се уште е добра бидејќи шарата на страничните делови е во ред. Но, недостигот на триење, дури и на правец, може да биде опасно.

Совети за оштетени пневматици

  • Недоволно напумпаните пневматици пречат при возењето. Високата температура на гумата, нерамномерната распределба на шарата, напукнатини, преголем притисок. Штом тоа ќе се случи, тогаш исто како да возите на два напумпани балони.

  • Премногу напумпаните пневматици не ја зголемуваат носивоста – што е честа грешка кај авантуристичките мотоцикли. Возењето со вакви гуми е многу потврдо и го забрзува оштетувањето на гумата.

  • Вентилот за пумпање му дозволува на воздухот да влезе и го спречува да излезе. Исто така тоа е точката од која најчесто започнува помалку да излегува воздухот. Ако имате гума која после неколку дена е издишана, тогаш можеби ова е проблемот.

  • Појавата на пукнатини е една од индикациите за премногу напумпани или премалку напумпани пневматици. Ако се појави пукнатина на шарата, веднаш треба да ја замените гумата. Пукнатина на пневматикот не е нешто што можете да го поправите.

  • Секој пневматик има ознака. Кога повеќе не го гледате маркерот во длабочината на шарата, време е да ги замените гумите. Ако забележите такво нешто, знајте дека тие се веќе излижани. Возењето со вакви гуми ќе ви предизвика нестабилност, а особено се опасни при возење на влажни услови.

  • Редовно проверувајте ги пневматиците. Ако забележите вибрации или лизгање додека возите, веднаш проверете ги гумите и доколку е потребно заменете ги.

Овие информации можеби веќе ги знаете, но нека ви послужат како потсетник секогаш да ги проверувате пневматиците пред да почнете со возење. 

comments

Би можело да ве интересира

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Германецот кој настапува за тимот Tech 3 Yamaha се најде пред двајцата фабрички возачи, како на двете сесии така и на трката. Тимот на Ерв Поншарал ја продолжи серијата на импресивни настапи.

Motul повторно е официјален лубрикант на трофејот Isle of Man. Од 5-ти до 9-ти јуни, три тима со техничка поддрша од страна на Француската компанија остварија победи на трката која постои од 1911 година.

Популарноста на мотоциклот доаѓа од комбинацијата на пристојни перформанси, бројот на вртежи како и просторот за багаж. На тоа може да се додаде и неговата издржливост, квалитет како и атрактивната цена.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!