24
Нед, Сеп
Корисни текстови

Совети за моторџики: Како да изгледате убаво кога ќе се симнете од мотоциклот?

Совети за дамите за кои се вљубени во мотоциклите

Следете нè на:

 

Мислењето на една жена која постојано е во движење

На почеток сакам да кажам дека ова не е приказна за тоа како да изгледате убаво при групни возења. Но сепак, сугестиите кои ќе ги наведам подолу може да ви помогнат доколку се возите со некој што ви се допаѓа.

Jас сакам да одам на работа со мотоцикл, без разлика дали врне или грее сонце. Во последно време тоа го правам многу почесто и мислам дека имам доволно информации и искуство за да пишувам како да се подготвите и да изгледате убаво кога сте на само пет минути од местото каде што работите. Без разлика дали морате да носите костум на работа или не, се надевам дека овие совети ќе ви помогнат да се  чувствувате посамоуверено.

laura3Лаура ги сподели своите искуства за „RideApart“

Коса

Кога сакате да изгледате убаво, според мене, ова е најважниот дел. Мислам дека кога не можете да ја средите вашата коса, ништо друго (шминка, облека) нема да ви биде од корист. Ова е од големо значење за жените (и сите други кои имаат долга коса) бидејќи кацигата ќе ја расипе вашата фризура.

Добра вест е тоа дека можете да ја средите. На почеток: Секогаш носете мал чешeл. Не мора да биде ништо посебно, само треба да ви помогне да ја исправите косата. За жените кои имаат виткана или права долга коса, најлесен начин е да ја врзете во репче. Исто така и лакот за коса и гелот ќе ви помогнат кога сте во ваква ситуација. Можете да носите и марама. Само пред да ја ставите, испрскајте ја вашата коса со лак.

За оние кои имаат кратка рамна или виткана коса, обидете се да ставите нешто на главата пред да ја ставите кацигата. Јас понекогаш ќе прснам малку лак пред да ја ставам кацигата, а истото го правам и пред да влезам на работа.

За девојките кои имаат долга, рамна коса им го препорачувам Bumble и Bumble Straight Blow Dry или било кое друго средство за зацврстување. Ова средство е одлично и го спречува сушењето на косата. Исто така овозможува вашата коса да го добие првичниот изглед откако ќе ја извадите кацигата.

Шминка

Сега откако имате прекрасна коса, дали треба да ја поправите и шминката? Јас да, а веројатно треба и вие да го сторите истото доколку имате важен разговор со клиенти или треба некаде да оддржите презентација. Веројатно и вие сте свесни дека мора да го сторите тоа, но како да го изведете без таа да се размачка на вашата кацига и лице?

Имам една тајна и таа се наоѓа во еден производ.  „Stay Don’t Stray Eyeshadow Primer“ од Benefit Cosmetic. Ако се одлучите да купите само еден производ од оние кои ги наведов претходно, тогаш тоа мора да биде овој. И покрај тоа што пишува дека е само за трепки, јас го нанесувам и на делот под моите очи (за да ги сокријам темните кругови).

stay dont stray hero 0„Stay Don’t Stray Eyeshadow Primer“ од Benefit Cosmetic

Доколку носиш сенка за очи или пак маскара, тогаш таа ќе стои цел ден. Јас го нанесувам првин основата па после сите останати работи.  На крајот на денот само не заборавајте да ја отстраните шминката.

За оние кои сакаат да го покријат лицето, им го препорачувам BB кремот бидејќи ве заштитува од сонцето и ѝ дава влага на вашата кожа. Ако треба да користите руменило, тоа нека биде во стапче бидејќи ако е во прав лесно ќе може да се истури во вашата торба.

Во однос на карминот, јас повеќе го препорачувам балсамот во однос на традиционалниот кармин. Јас лично би го одбрала „Revitalizing lip balm“ од Neutrogena кој содржи SPF 20. Ви дава одлична суптилна боја и е хидратантен.

Заминете во тоалетот веднаш откако ќе се симнете од мотоциклот и ќе можете за многу кратко време да се подготвите за состанокот кој ве очекува.

Торба

Каква чанта треба да носите доколку мора со вас да носите документи за работа, чешел, паричник, накит или лаптоп?

Јас ја носам мојата Motochic Gear торба бидејќи ги собира сите работи што ми се потребни, вклучувајќи ја и опремата за тенис, патиките, ручекот и уште некои мали додатоци како што се карминот или накитот. Мојот омилен дел од оваа торба е дека таа е повеќенаменска. Можам да ја носам на рамо доколку отидам на ручек со моите колеги.

MotochicGear1Јас ја носам мојата Motochic Gear торба која собира сè што ми е потребно

Сепак, постојат денови кога треба да носам повеќе работи. Кога има такви денови добро е да имате странични торби за мотоцикл или пак најдобро би било да си купите Kreiga Drypack ранец. Не изгледа премногу убаво но дефинитивно ќе ви помогне доколку треба да носите повеќе работи. Таа може да се стави на мотоциклот, а можете и да ја носите на грб.

Облека

Да почнеме со обувките. Јас ви препорачувам да носите комплетна опрема кога возите. А под тоа се подразбираат и чизми за возење. Но сепак може да имате проблем при пакувањето на патиките во вашиот ранец особено кога веќе таму ги имате ставено тренерките и другата опрема. Постојат две решенија за овој проблем. Чувајте пар чевли во вашата канцеларија или купете чизми за мотоцикл кои можете да ги носите и кога не возите. Следен дел се панталоните. Во моментов имам „Women’s Gear“ од REV’IT. Доволно се големи и под нив можам да носам што сакам. Мојата јакна одлично одговара со нив. Доколку не сакате да носите одделни панталони и јакна, тогаш можете да си купите „Aerostitch Women’s Roadcrafter“ костум. Тој е одличен и многу лесно се облекува и соблекува. И покрај неговата висока цена, тој е навистина квалитетен.

Laura2Возењето мотор не е пречка да изгледате одлично на работното место

За крај, што правам јас за се да изгледа пристојно: Се будам и ја нанесувам шминката. После тоа се облекувам и одам на работа. Откако ќе се симнам од моторот, одам во тоалет, го нанесувам остатокот од шминката и ја чешлам косата. Потоа одам во канцеларија, ја вадам опремата и го започнувам работниот ден. На почеток заборавав работи кои требаше да ги спакувам, но повеќе не го правам тоа. Секој кој има некаков друг совет, слободно нека пише.

comments

Би можело да ве интересира

Алекс Ринс ќе носи специјална розева кацига на трката која овој викенд ќе се оддржи во Арагон со цел да ја подигне свеста за ракот на градите. Не само што ќе носи таква боја во текот на викендот, туку Ринс побара и од своите фанови да се вклучат во акцијата и да ги поддржат неговите напори.

Лорис Баз потврди дека ќе се врати во Светскиот Супербајк шампионат во сезоната 2018 откако по три години поминати во премиерната класа во МотоГП го загуби своето место.

Ксавиер Симеон го комплетираше составот за 2018 година откако конечно потврди дека потпишал договор за да му се приклучи на тимот Reale Avintia. 

Викендов се вози 14-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Арагон во Шпанија.

По минатогодишната успешна организација на големиот хуманитарен настан „Distinguished Gentleman’s Ride”,Скопје и оваа година ќе биде дел од истиот.

Возачите кои имаат постари мотоцикли знаат дека е многу тешко да се дојде до добри пневматици наменети за возење на тркачка патека бидејќи димензиите на бандашите на класините мотоцикли се различни со димензиите на добрите, модерни, тркачки пневматици.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!