23
Нед, Јул
Корисни текстови

Кацигата поскапа од животот

kacigammm.jpgВозачите на мотори мора да носат заштни кациги и треба да ја контролираат брзината за да не дозволат таа да управува со нив, бидејќи бројот на несреќите е во постојан пораст, предупредуваат од полицијата.

Следете нè на:

 

Возачите на мотори мора да носат заштни кациги и треба да ја контролираат брзината за да не дозволат таа да управува со нив, бидејќи бројот на несреќите е во постојан пораст, предупредуваат од полицијата

Со моторот „дукати“ возев од Стар кон Нов Дојран. По новиот асфалт се движев со брзина од околу 100 километри на час. Несреќата се случи одеднаш. Не видов дека асфалтот завршува и почнува стариот пат. Со тркалото удрив во дупка, летнав со моторот и педесетина метри се лизгав по патот. Животот ми го спаси кацигата. Вака раскажува кичевецот Боби М. (26), кој лани преживеал несреќа во која поминал само со повреда на ногата. Вели дека имал вистинска среќа што сообраќајката завршила без сериозни последици за неговото здравје. Животот му го спасила кацигата, но и палтото од заштитниот костум, кој го носел без специјалните панталони.

Според МВР, бројот на сообраќајните несреќи во кои учествуваат мотоцикли и велосипеди со мотори секоја година се зголемува, како и бројот на повредените возачи и совозачи, а најголем број од настраданите немале кациги. Најчести причини за сообраќајките се поминување на црвено светло и пребрзото возење.

Квалитетна Заштитна опрема

Топлото време секоја година ги мами моторџиите на улиците, а особено актуелни се скутерите, кои граѓаните масовно ги купуваат. Сообраќајната полиција секојдневно интервенира поради мотоциклистите што им го сечат патот на автомобилите, не носат кациги или возат со брзина поголема од дозволената.

Експертите велат дека при пад од мотор е најважно да се избегне скршеница на черепот или други сериозни повреди на главата, а за тоа пресудна улога има кацигата. Носењето заштитни кациги го намалило процентот на смртоносните сообраќајки со мотори за 40 отсто, а на повреди за 72 отсто, тврди Светската здравствена организација (СЗО).

- Повеќето нови моторџии не купуваат заштитна опрема, а други набавуваат кациги, но често „забораваат“ да ги стават на глава. Казната за неносење на кацига изнесува 35 евра во денарска противвредност. Казна ќе плати и возачот, но и лицата кои се возат на моторот и не носат кацига. Малолетниците кои возат скутери најчесто купуваат евтини кациги само за да им „замачкаат“ очи на полицајците. Со тоа само заштедуваат пари, но при пад, таква кацига нема да им го спаси животот - вели Кузман Дамчевски, виш полициски советник за сообраќајни работи во МВР.

И продавачите на мотори велат дека секој што вози мотор не треба да жали пари за заштитната опрема, особено кацигите, бидејќи таа го спасува животот. Цените на кацигите од кинеско производство се движат од 1.000 денари па нагоре, а според искусните моторџии, најквалитетните, кои можат да спасат живот, чинат околу 1.000 евра.

Експертите за безбедност во сообраќајот предупредуваат дека за правилен избор на кацига, моторциклистот треба да ја проба кацигата поради различниот облик. Поскапите модели можат да се прилагодат со помош на додатните слоеви кои се во комплет со кацигата. Мотоциклистот треба да внимава и на внатрешниот материјал кој треба да биде пријатен и да не иритира. Најосетливи делови се слепоочниците и јаболчниците. Треба да се избегнува синтетиката и поставата да биде од памук или од свила. Кацигата мора цврсто да стои и не смее да биде лабава ако се мрда главата, но не треба ниту да ја притиска главата за да не дојде до главоболка-велат експертите.

- Кога температурите се високи, ми се заматува пластиката на кацигата и имам чувство дека ќе се онесвестам од жештина. Поради тоа избегнувам да ја носам, иако знам дека го прекршувам законот и го загрозувам сопствениот живот - раскажува Зоран К. (19) од Скопје.И искусните моторџии велат дека е важно да се купи квалитетна кацига.

- Возачот треба да внимава кацигата да не го намалува видното поле кога ќе ја заземе правилна положба на моторот. Визирите се важен дел на секоја кацига. Направени се од специјален материјал, а уште подобро е ако имаат поголем квалитет на оптиката. Надворешниот дел е заштитен со слој против гребаници, а внатрешниот дел не смее да се замаглува. Добрите визири не го „криват“ патот пред вас, а истите мора да се заменат кога ќе се изгребаат- сметаат моторџиите.

Недисциплинирани возачи

Од МВР предупредуваат дека иако управувањето со мотори и скутери има свои предности, повеќе треба да се внимава на негативностите.

- Возачите на мотори треба да ја контролираат брзината на движење и да не дозволат брзината да управува со нив. Да го следат брзиномерот додека се во сообраќај и да ги почитуваат сообраќајните знаци и знаците за ограничување на брзината на движење. Практиката покажува дека и многу искусните мотоциклисти возејќи брзо, во некои ситуации не успеваат да ја избегнат опасноста - вели Дамчевски.

Скопските сообраќајци велат дека во последниве години моторот стана статусен симбол на помладата генерација, но желба за покажување на мото-вештини покажуваат и поискусените сопственици на скутери, веспи, мотори и гломазни мотори.

Според полицајците, најопасни сообраќајници за моторциклистите се широките улици и булеварите во градовите по кои возат со брзина поголема од дозволената, при што не водат сметка за сопствениот и за животот на другите учесници во сообраќајот.

- Според законот за сообраќајот, возачот на велосипед со мотор е должен да се движи што поблиску до десниот раб на коловозот или по велосипедската патека ако има таква. Ако двајца или повеќе велосипеди со мотор се движат во група се должни да се движат еден по друг. Ако на патот има велосипедска патека, возачот на велосипед со мотор треба да се движи по десната велосипедска патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот. Возачот на велосипед со мотор, може да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено движење со такви возила и не смее да вози со брзина поголема од 25 километри на час. Казната за овие прекршоци изнесува 25 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода на возачот- вели Дамчевски.

Казна од 25 евра ќе плати и возач на велосипед со мотор, мотоцикл, лесен трицикл, трицикл, на лесен четирицикл и на четирицикл ако ја намалува стабилноста на возилото и го попречува движењето на дугите учесници во сообраќајот, ги симнува рацете од управувачот или се придржува за друго возило.Скопјани сметаат дека малолетниците на мотори не водат сметка ни за својата ни за безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

- Многу моторџии мислат дека возењето „веспи“ не е опасно. Не ги почитуваат сообраќајните правила и со скутерите возат како целата улица да е нивна. Не се поместуваат на страна кога автомобил ќе се обиде да ги претекне, туку се тркаат со нив - вели скопски таксист.

Даниела Вељановска
"Дневник "

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!