Далеку во 1952 година Сузуки беше само еден престижен фамилијарен бизнис во текстилната индустрија. Покрај другите продукти, произведувале и високо квалитетни машини за плетење.

Во тоа време фамилијарниот бизнис расте со тоа расте и желбата за поголем успех, па така Сузуки фамилијата се во потрага по други гранки од кои би профитирале многу. Се фокусираат на железната индустрија, односно сакаат да направат нешто ново од железото, а да не биде обична железна работилница.

Токму од тој момент тие решија да влезат во новата ера на својот бизнис, во светот на моторциклите.

Првиот модел на Сузуки е произведен во истата година од започнувањето со овој  бизнис и е наречен Power Free.

Во глобала како и сите први моторцикли на сите конкуренти во тоа време, обичен велосипед и на него монтиран агрегат од ни повеќе ни помалце туку 36 кубни сантиметри.
Иако како прв моторцикл на Сузуки се очекува агрегатот и неговата работа да е сведено на најпросто ниво, но не било така. Системот на работа бил навистина генијален, за тоа време и нудел неколку начини за придвижување на моторциклот.
1) Моторот му помагал на возачот додека врти со педалите, односно му ја олсенувал работата.
2) Доколку сакате малце повеќе да се развежбате има начин само вие да вртите со педалите, без никаква работа на моторот.
3) И секако главната можност, односно без никаква помош од ваша страна агрегатот работи и ве носи до посакуваната дестинација.

Интересно нели ?! Многу можности за прв произведен моторцикл, браво.
Ајде да не го кажеме моторцикл, туку велосипед со помош на мотор како доказ за неговата издржливост и квалитет е учеството на 18 дневното рели од Sapporo до Кagoshimа, буквално од северниот до јужниот крај на цела Јапонија.

Со тоа уште од самиот почеток Сузуки кажува за нивната сериозност во оваа работа, покажувајќи го тоа со квалитетот уште на нивниот прв моторцикл.

По својот прв моторцикл Power Free, следуваат моделите Diamond Free и  Mini Free. Овие модели ќе поминат одлично на пазарот, главна причина поради тоа е квалитетот и целосниот изгллед.

Потоа во 1954 година се раѓа уште една класика од Сузуки, Colleda.

Првичната верзија беше именувана  Colleda CO. Одличен 4 тактен мотор од 90 кубни сантиметри. Уште еден доказ и прав момент за зголемување на довербата кај купувачите е победата во своја класа на познатата трка на планината Фиџи. Многу интересен и битен момент поради големата продажба на моделот Colleda CO е тоа што тој има агрегат од 90 кубни сантиметри. А во тоа време во Јапонија не била потребна дозвола за моторцикл со кубикажа од до 90сс. Многу чиста и интелегентна стратегија од страна на Сузуки, за зголемување на популарноста, на веќе популарната Colleda CO.

Токму затоа не треба да ве чуди успехот на Сузуки во раните години.
Односно во 1955 година Сузуки беше на осмото место по производители во Јапонија.
А по една година се искачуваат дури за 3 места, односно на петото.

Сузуки ја искористија сличната стратегија како Хонда во тоа време, односно квалитетни и ефтини модели кои лесно биле достапни за љубителите на две тркала.  Ниски цени, голем број на продадени моторцикли одличен профит на Сузуки, каде во меѓувреме се подготвуваат за спортската класа на моторцикли, пример за тоа е моделот Colleda 250 TT.

Најпрвин во 1956 година моделот на Сузуки Colleda 250 TT беше еден од најскапите моторцикли на Јапанскиот пазар во тоа време, НО... со неговите 16 коњски сили и 125 км/ч максимална брзина стана недостижен во својата категорија. Моделот на Хонда ME со 14 коњски сили и на Јамаха YD-1  со 14.5 коњски сили не претставуваа никакви ривали за моделот на Сузуки, иако требаа да бидат, бидејќи на хартија сепак се моторцикли од иста класа.

Подоцна во 1958 Сузуки го промени своето име и стана Suzuki Motors Co. Ltd. и од моментот кога се донесоа мали измени во името Сузуки го објавува своето ново лого, добро познатото , популарно, посебно и стилско "Ѕ".

Популарен модел: Suzumoped

Се работи за уште еден популарен модел во тоа време кој вреди да се спомне, моделот Suzumoped. За првпат беше конструиран челичен рам, на кој беше прикачен 2 тактниот агрегат со зафатнина од 50 сс. Исто како и другите модели важеше за извонредно квалитетен и добро проверена машина. И згора на се беше многу по достапен за нормалните граѓани, во финансиски аспект. За разлика од своите еквивалентни модели на останатите добропознати конкуренти.

Одтогаш многу километри се извозени, многу натпревари се освоени и многу други успешни и веродостојни модели се произведени.

Back To Top