29
Саб, Апр
Корисни текстови

Електроника: уништување на едноставната мото формула?

Електрониката е насекаде околу нас и модерните моторцикли зависат од неа комплетно. Дали е тоа добро?

Следете нè на:

 

bike gsxr600k8 10Уште некое копче и ќе се чувствувате како да играте Плејстејшн

Електрониката е насекаде околу нас и модерните моторцикли зависат од неа комплетно. Дали е тоа добро?

Дигиталната револуција ветува полесен живот; камери кои сликаат само кога сите се смеат, микробранови кои ветуваат прецизно одмрзнување на вашата вечера, но дали некој всушност побара било што од ова? Кога станува збор за мотоциклите, дали електрониката навистина помогна или цената на технологијата ги отргна луѓето од овој порано ефтин и лесен начин на стигнување од едно до друго место.

Прво беше вбризгувањето на гориво, но дали нуди нешто што некој навистина го вреднува? Дали повеќето мотоциклисти знаат или се грижат како горивото влегува во моторот? Тоа е поскапо од стариот добар карбуратор, не можете да го поправите во својата гаража или покрај патот и неможе да се поправи без скапа и компликувана опрема. Со паметни ECU трикови, тоа помага да помине на тестовите за емисии на ЕУ и исто така може да помогне во намалената потрошувачка на моторциклот. Но дали тоа е толку голема работа? Ако некогаш сте возеле постар мотор, ќе знаете како изгледа суров мотор. Ако отсекогаш сте возеле мотори кои имаат вбризгување на гориво тогаш вие сте ја возеле само верзијата безбедна за консумирање.

ABS и контролата на тракција се очигледно полезни, но – како што производителите секогаш напоменуваат- тие можат да се исклучат. Меѓутоа, голем број на мотоцикли се продаваат само со ABS и контрола на тракција. И покрај тоа што можете да ги исклучите не можете да ја намалите цената на моторот. Поголема цена на моторите значи дека помалку луѓе ќе започнат или ќе продолжат со возење.

Потоа дојдоа „power mods“, кои во повеќето случаи се бесполезни како огромниот број на копчиња за подесување на машината за миење садови. Дали навистина ви требаат три различни „power mods“ на GSX-R600? Само ако тоа е вашиот прв мотор.

Ride by Wire ја воведува можноста да има различни мапи за гас и прилагодена чувствителност. Пред 20 години никој навистина не се мачеше да вози мотоцикл на дожд, тие само ја прилагодуваа својата десна рака соодветно.

Некои мотоцикли сега имаат електронски прилагодлива суспензија, а моделот на Ducati, Multistrada, го чита патот и прави прилагодувања како што патувате. Тоа воопшто не е евтино и го означува почетокот на крајот на едноставниот метод кој толку добро функционираше за Хенри Фурние во 1902 година.

Палење без клуч значи дека можете да го чувате вашиот „клуч“ во џеб, што е одлично се додека не заборавите во која јакна сте го оставиле клучот. Или тој беше во вашите фармерки? Дали клучот беше толку голем проблем што мораше да се поправи?

Кај некои мотори, електрониката изнесува 40% од трошоците за производство. Како што електрониката ги прави мотоциклите побезбедни, дали луѓето кои ги возат не ги учат вештините кои им се потребни за да останат безбедни? Дали додавањето на електрониката резултира со губење на вештината и се останува речиси исто? Дали електрониката ја комплицира некогаш едноставната равенка, додавајќи цена но без вистинска вредност? Дали гледаме прилив на технологија само за доброто на технологијата?

Електроника. Дали тоа ја уништува убавината и за вас?

 

comments

Би можело да ве интересира

Metzeler тврди дека Racetec RR се добри на сите услови. Овие гуми веќе се тестирани на Isle of Man, North West 200, Southern 100 и Ulster Grand Prix од возач како што е Гај Мартин.

Назначувањето на Микеле Колаинино се совпаѓа со преструктуирањето на асоцијацијата која ги именуваше својот претседател и потпретседател, а официјално ќе започнат со работа од 1-ви јули 2017 година.

Џон МекГинис и Гај Мартин дебитираа во боите на 2017 Honda Racing, тимот за кој ќе настапат на овогодинешните North West 200 и Isle of Man TT.

Компанијата за производство на сопирачки, Brembo, пушти на пазарот нов радијален цилиндер кој има висока спецификација и технологија која поткнува од MotoGP.

Попладнево имавме можност да разговараме со Лоренцо во однос на предизвиците со кои се соочува по преминот од Yamaha во Ducati како и развојот на новата MotoGP машина.

Стартувајќи од денеска, Англија го промени системот на казни за брзо возење, што во превод би значело дека прекршителите би можеле да добијат казна од речиси 150 % од нивната неделна заработка.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!