Ланецот е ногу важен дел од моторот и одржувањето на истиот е од голема корист за моторот, со тоа добиваме по убаво и смирено возење на моторот, а истовремено го зголемуваме и животниот век на ланецот.

Чистење на ланецот:
Постојат повеќе начини за тоа како да го исчистите ланецот. Повеќето светски експерти советуваат да користите керозин, за жал тешко може да се најде керозинот во нашата држава па наместо керозин можете да употребите нафта за чистење на ланецот. Земете една мала четка што ќе ја користите само за чистењето ланец, нека биде од подобар квалитет, наквасете ја нормално во нафтата и почнете со четката внимателно да го чистите ланецот, ефектот е одличен. Со свои очи ќе видите како прљавите наслаги се отстрануваат од вашиот ланец, повторете го овој процес неколку пати, додека се исчистат убаво сите небпотребни наслаги.  Мораме да напоменеме дека со овој вид на чистење ланецот се троши, трошењето е мало и незначително но имајте го во предвид и тој факт. Сепак голем број од возачите го применуваат овој трик, овозможувајќи за кратко време и без многу потрошени пари да го светнат ланецот.

За оние кои одамна не се посветиле на хигиената на ланецот или оние кои имаат потреба целосно да го исчистат, најдобро е да се извади целиот ланец од моторот и да се потопи во сад со нафта. Нека отстои 20 минути и потоа повторно со четката поминете го убаво. Откако ланецот е чист, извадете го и со чиста и сува крпа избришете го целосно и повторно оставете го половина час да се исуши комплетно.

Подмачкување на ланецот:
За подмачкување на ланецот би ви препорачале уље за запчаници 90w, доволно е густо за да се залепи на ланецот и остане како што треба. Со користење на тоа уље најдобро би било да го подмачкувате ланецот на секој од 600км до 1000км, во зависност од терените и условите низ кои сте возеле и не заборавајте дека секојпат прво го чистите ланецот па потоа подмачкувате.

Многу ефикасен начин за подмачкување на ланецот е истиот да се извади од моторот (доколку сте го чистеле на оној начит со вадење на ланецот, по сушењето од половина час направете го овој процес) и да се потопи во сад со  90w уље. На овој начин најубаво ќе бидат подмачкани сите делови кои тешко се подмачкуваат. Оставете го ланецот да отстои во садот не повеќе од 10 мин и потоа закачете го за да се исцеди убаво. Не заборавајте да го поставите на подот садот со уље каде предходно го потопивте ланецот, за во него да се цеди остатокот од уљето, а ќе се исцеди многу. Откако ќе се усцеди уваво ланецот вратете го на моторот и возете слободно до наредните 1000 километри.

Доколку не сакате да навлегувате во повеќе компликации, не сте искусни или немате време да го подмачкувате ланецот на горе споменатиот ефикасен начин, тогаш најубаво е наједноставно додека ланецот е на моторот со четка внимателно да нанесете од уљето. Убаво подмачкувајте го ланецот, внимавајте да не ви остане некој дел не подмачкан за потоа да дојде до зарѓување или пак кинење на ланецот.

Уље за двотактни машини:
Може да користите и уље што се користи за двотаткни агрегати, доколку не можете да го најдете она за запчаници 90w. Како и да е ова уље ќе ви го држи подмачкан ланецот следните 400 километри.

WD 40:
Сигурни сме дека познавате некои сопственици на моторцикли кој го подмачкуваат и чистат ланецот со WD 40.

Немојте да мислите дека постапуваат погрешно и тоа е добар начин за да се одржува ланецот. Го користат поради лесниот начин на користење поради спрејот, за разлика од гореспоменатите начини со нанесување со четка, но е многу поскапо и многу брзо се троши спрејот WD 40.

Уште еден несакан ефект од користењето на WD40 е и зголеменото нагризување на гумените делови од ланецот.

Спреј за ланец:
Во мотопродавниците ќе сретнете голем број на овие спрееви меѓу кои има и такви кои го подмачкуваат и чистат ланецот. Интересен е производот на МОТУЛ кој е доста ефикасен спреј и со едно прскање воедно го чисти ланецот и подмачкува. Предноста кај овие спрееви е што начинот на нанесување е навистина лесен и заштедува време, но да не заборавиме дека овие спрееви чинат до 5 пати повеќе од горенаведените ефикасни и ефтини начини.

Да напоменеме дека оние сопственици кои на својот моторцикл немаат пластичен заштитник на ланецот мора да внимаваат повеќе на чистењето и подмачкувањето на ланецот особено кога возат во денови кога се мокри улиците. Доколку не сте сигурни дали вашиот ланец е за чистење, наслушнете го звукот кој го испуште ланецот додека возите, доколку слушате звуци кои до неодамна не постоеле, најверојатно на вашиот ланец му треба добро чистење.

Scottoiler:
Како систем за подмачкување на ланецот се користи и т.н. Scottoiler кој подетално ќе го опишеме во наредниот период. Она што е важно да се спомене за него е дека работи на два начини вакумски или електронски и со негова помош вашиот ланец се подмачкува автоматски, додека возите. На тој начин ланецот постојано е подмачкан, а вие ќе го добиете максимумот од вашиот пренос.

Back To Top