25
Пон, Сеп
Корисни текстови

10 заповеди од македонските огласи за мотори

Македонските огласи за мотори се полни со забавни огласи. Секој го цени своето, а туѓото го плука, па така после неколку дена разгледување дојдовме до следниот заклучок:

Следете нè на:

 

Македонските огласи за мотори се полни со забавни огласи. Секој го цени своето, а туѓото го плука, па така после неколку дена разгледување дојдовме до следниот заклучок:

cena oglasi fb

1. Моторот не смееш да го фарбаш. Ако го исфарбаш сигурно е тумбан, згмечен меѓу два шлепери или поминат од воз. Зошто иначе би го фарбал? Боже сачувај да ти се свиѓа друга боја освен таа што му ја дале од фабрика.

2. Моторот е фарбан пошто бил направен салата. Си ги исфарбал пластиките ама не ти стигнале пари за капачињата на машината. Пишуваш дека се изгребани од што го лежиш по кривини.

3. Ако купиш егзотика од мотор можеш да го продадеш за максимум 4.000 евра иако е 3-4 години стар и има поминато 3000 км. Што знаат Италијани што е мотор.

4. Ако имаш Јапонец стар 19 години можеш да го ставиш во оглас 5.000 евра. Пошто нели сега му направи сервис, не е паѓан и е најбрз. А и брчи страшно.

5. Цената никако не се пишува на огласот. На секој коментар „Cena?“ одговараш со „inbox“.

6. Кога гледаш оглас и цената е пишана во полето за цена, во насловот и во описот на огласот, ти му коментираш „Cena?“, пошто може има згрешено на сите три места и ќе ја каже вистинската цена.

7. Ако пишува во описот дека продавачот не е заинтересиран за замена, обавезно му нудиш нешто за замена. По можност кола што не се продава во Македонија: Караван, Џип од 5000 кубика, кабриолет со расипан кров, бензинец што лапа 16 литри у место, пак караван. Може ќе се предомисли.

8. Мотор од 2007-ма година е нов мотор. Ако е стар 10 години, тебе ти е нов и нема што тука да се објаснуваш. Пиши го 10.000 евра.

9. Клучни зборови што треба да ги ставиш во насловот за да ја зголемиш цената: „za americki pazar!!!“, „UNIKAT“, „extra cena !“, PERFEKCIJA“, „Kako od salon“, „ODLICEN!“, „Spremen Za Sezona“.

10. Ако моторот е на Бугарски таблици, обавезно во огласот објаснуваш дека тој што ќе го купи лесно може да си го префрли на Македонски. Не пишуваш дека ќе му требаат уште 3.000 евра.

comments

Би можело да ве интересира

Нашиот мотоциклист Христијан Бузалковски викендов ќе настапи на 10-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Марк Маркез имаше уште еден одличен настап на трката во Арагон и ја зголеми предноста во шампионатот на 16 поени. Иако на моменти изгледаше како да вози на самиот лимит, сепак во својот веќе препознатлив стил, во последните неколку круга успеа да стигне до нова победа.

Новата Honda Gold Wing 2018 долго време беше во развој, но неодамна објавеното промотивно видео ни потврди дека новиот мотоцикл ќе биде претставен оваа есен на саемот „EICMA“ во Милано на кој ќе присуствуваме.

Алекс Ринс ќе носи специјална розева кацига на трката која овој викенд ќе се оддржи во Арагон со цел да ја подигне свеста за ракот на градите. Не само што ќе носи таква боја во текот на викендот, туку Ринс побара и од своите фанови да се вклучат во акцијата и да ги поддржат неговите напори.

Лорис Баз потврди дека ќе се врати во Светскиот Супербајк шампионат во сезоната 2018 откако по три години поминати во премиерната класа во МотоГП го загуби своето место.

Ксавиер Симеон го комплетираше составот за 2018 година откако конечно потврди дека потпишал договор за да му се приклучи на тимот Reale Avintia. 

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!