25
Саб, Мар
Корисни текстови

10 прашања што не смеете да ги поставите кога купувате мотор

Кога работите како продавач на мотори слушате секакви прашања од потенцијалните купувачи, во продолжение следи водич за почетници, прашања кои не треба да му ги поставите на човекот во салонот. Листа на 10 „интересни“ прашања кои луѓето ги поставуваат пред да купат нов мотор.

Следете нè на:

 

1. Што се прави кога ќе заврне? 

Моторите ни го даваат тоа чувство на слобода, помешано со малку опасност и елементите околу нас. Затоа и кога ќе заврне ќе го осетиш тоа на себе, дури и со одело за дожд. Кога надвор е ладно и тебе ти е ладно, кога е жешко, ќе се потиш, нема клима која можеш да си ја уклучиш и да ти биде пријатно. Доколку се плашиш дека ќе се стопиш од дождот подобро воопшто не го купувај моторот, порано или подоцна ќе бидеш наврнат.

2. Каде е резервната гума? 

Дупната гума навистина може да ти го уништи перфектниот ден за возење, освен тоа можеш да имаш и последици како резултат на пад од дупната гума. На претходно споменатите опасност и авантура ќе додадеме и непријатност. На моторот нема резервна гума. Очигледно е дека нема простор каде да се стави на повеќето мотори, а и да има не заборавајте дека во тој случај би требало да направите место и за алатот за промена на гумата. Затоа за моторот постои чеп за дупната гума, или спреј кој ќе ја залепи и надува доволно колку да стигнете до некој сервис.

rezervna-gumaКаде е резервната гума?

3. Што прави ова?

Ова го поставуваат како прашање за било кое копче, рачка или подвижен дел на моторот. Некои од тие делови прават моторот да застане, ти овозможуваат да промениш брзина или едноставно да ги вклучиш долгите светла. Доколку не ги знаеш основните работи за моторот кој го гледаш, можеби е подобро прво да уплатиш во авто школа каде ќе имаш прилика да се запознаеш одблиску со концептот на моторот, па потоа да се упатиш во продажниот салон.

4. Дали возиш мотор?

Штом работам како продавач во салон за мотори многу е веројатно дека моторите ми се пасија и дека возам мотори. Одговорот на тоа прашање е - да.

5. Како изгледам?

Уф! Едно од прашањата кои дефинитивно не би смееле да му ги поставите на човек кој треба да ви продаде мотор. Што мислите дека ќе ви каже -Низок си за моторот, подобро да си возиш кола?

6. Станува ли ова жешко?

(Прашањево најчесто е проследено со покажување кон агрегатот на моторот или издувот) Најчесто одговорот е да. Затоа и не треба да возите со кратки панталони и сандали.

tovaren-motor7. Каде ќе ги ставам сите работи?

Ова всушност е добро прашање, но се зависи од тоа што подразбирате под „сите работи“. Кога возиме ни требаат неколку работи, но има луѓе кои возењето со мотор го споредуваат со кола па на пат понесуваат многу повеќе од она што е доволно. Доколку сте човек кој не може да се спакува во едно ранче, подобро почнете да разгледувате туринг мотори.

8. Каква капа носиш кога возиш мотор?

(Да, ова е вистинско прашање поставено од муштерија) Кога возиш мотор носиш капа која се вика кацига.

9. Колку е брз моторов?

Ова прашање ми го поставуваат често, а вистината е дека секој кој вози мотор воопшто нема потреба да го постави прашањето. Во светот во кој живееме брзината на моторот најчесто е одредена елементите на патот, од сообраќајот, или од полицаец со радар. Можеби подобро прашање би било „Колку брзо можам да го возам“, но доколку сте поставиле некое од прашањава во листава, брзината на моторот воопшто не е релевантна.

10. Возам кола цел живот, ова е исто, така?

Исто е само доколку кога ја возиш колата со левата рака стискаш кумплунг со десната даваш гас, со левата нога менуваш брзини, а со десната кочиш. Иако работи на ист принцип како и колата, има многу разлики. Ќе научиш.

Сите ние поставуваме прашања кои понекогаш звучат и малку лудо, но од друга страна така продолжува разговорот. Сите ние сме биле неискусни во одреден момент па затоа и не е срамота да прашате нешто. Освен прашањата на листава, тие веќе ви ги одговорив.

Џеф Медокс е менаџер на продажба во „BonnierCorp“ голема мулти-бренд продавница за моторцикли во САД.

 

comments

Би можело да ве интересира

Валентино Роси го започна MotoGP викендот во Катар со освојување на деветото место на првиот слободен тренинг. На крајот тој заостана 1.483 секунди зад тимскиот колега Маверик Вињалес.

Хорхе Лоренцо призна дека нешто треба да се промени откако за време на првиот слободен тренинг откри дека на мотоциклот не му одговара меката задна гума

„Среќен сум. Најважното нешто е да се подобруваме секој ден“ – Марк Маркез

Возбудувањата на патеката Лосаил во Катар започнаа со вчерашниот прв тренинг. Акцијата продолжува и денеска со слободните тренинзи, утре ќе имаме можност да ги следиме квалификациите, а трката е во недела со почеток од 20 часот по наше време.

Валентино Роси смета дека новиот шампионат има потенцијал да прерасне во уште една интересна сезона

Возачот на Yamaha е полн со самодоверба пред првата трка од новиот шампионат која ќе се оддржи овој викенд во Катар

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!