27
Вто, Јун
Интервјуа

Интервју: Претседателот на Suzuki зборува во однос на заживување на плановите за турбо полнење

„Турбото е дел од нашите планови за во иднина“ – Тошихиро Сузуки, Претседател и извршен директор на Suzuki

Следете нè на:

 

Откако Suzuki почна да покажува позитивни знаци по периодот на нестабилност кој настана по економскиот колапс во 2008 година, сметаме дека сега е вистинското време да разговараме со Тошихиро Сузуки, Претседател и извршен директор на Suzuki.

Mr Suzuki web

Што беше проблемот со Suzuki и што планирате да промените за да ја подобрите компанијата?

- По финансиската криза во 2008 година, имаше големо поместуваме на фокусот на Suzuki, односно повеќе да се посвети на помалите пазари во Азија, што пак е една од причините за намаленото производство на новите модели за Европа. Но сега, со моделите GSX-R, нашиот фокус е на забавниот дел на мотоциклите, за која веруваме дека е силата на Suzuki. Отсега ќе се фокусираме на ова и секогаш ќе ја бараме забавната страна на мотоциклите.

Како ќе го постигнете ова?

- Ќе произведеме мотоцикли во серии, GSX-S, V-Strom, GSX-R, Burgman, но суштината на секој модел ќе биде иста.

Intermot 2016 JD 3765

Дали тоа значи дека повторно ќе се фокусирате на Европскиот пазар?

- Не кажуваме конкретно на кој пазар но се концентрираме на сегментот на големи мотоцикли. Преку ова сметаме дека ќе ја изградиме уникатноста на Suzuki која подоцна ќе премине и на моделите со помал капацитет.

Што е уникатно за Suzuki?

- Во минатото направивме иновативни мотоцикли како што се Gamma, Katana и Hayabus, а во иднина ќе развиеме мотоцикли кои ги нема во ниту една серија и кои ќе бидат уникатни. Бидете трпеливи и очекувајте нешто интересно од нас наскоро. Нашите инжињери имаат премногу идеи а и успехот што ни го донесе MotoGP проектот ни овозможи повторно да ги откриеме нивните квалитети и да се зголеми нивната самодоверба.

Suzuki претстави концепт на мотори со турбо полнење и електрични мотоцикли. Дали и тие ќе се најдат во производство?

- Турбото е дел од иднината на Suzuki исто како и електричните мотоцикли.Во моментов, нема инфраструктура за електрични мотоцикли во земјите во развој. Како производители на мотоцикли, исто така ја гледаме и врската меѓу автомобилската и мото технологијата и сметаме дека поврзувањето помеѓу возилата дефинитивно ќе се случи.

Intermot 2016 117B5433

Ретро мотоциклите во моментов се многу популарни во Европа. Дали Suzuki ќе направи вакви мотоцикли за да ја задоволи побарувачката?

-Ја разбираме побарувачката и ја гледаме експанзијата на ретро мотоцикли. Размислувавме за такви модели но нашиот фокус е посветен на GSX-R1000 и на создавање на серија на мотоцикли кои ќе ја користат оваа технологија.

Дали Suzuki ќе се врати на WSB трките со фабрички тим?

 - Се уште размислување околу тоа. Прво сакаме да го претставиме новиот GSX-R1000 на пазарот и откако ќе добиеме повратни информации ќе размислиме дали да се вратиме во WSB.

Пред четири години, менаџментот на Yamaha призна дека не успеал да ги задоволи очекувањата на потрошувачите. Оттогаш па до денеска, компанијата е комплетно променета. Може ли и Suzuki да го направи истиот подвиг?

-Можеме, и ќе го направиме тоа. Можеби Yamaha го постигна тоа малку побрзо, но ние дефинитивно ќе го повториме нивниот успех.

comments

Би можело да ве интересира

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing.

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!