Разговараме со Христијан Станковиќ, младиот мотокрос возач од Битола (МК Мотостарс) кој е добитник на Златната Кацига како најдобар во првенството во мотокрос на Македонија и кој ги освои титулите во 2012, 2013 и 2014 година.

Кажи ни нешто повеќе за себе

Здраво до фановите на мотори.ком.мк, јас сум Христијан Станковиќ од Битола, возач на мото клубот Мотостарс. Роден сум во 2000-та година на 2-ри септември, висок 186цм, тежок 75 кила, а учам во средното училиште „Јане Сандански“ во Битола.

12287565 10207340822900841 1958073678 o

Кога започна да возиш крос?

Моите почетоци во мотокросот беа на 11 годишна возраст. 

Кој беше твојот прв мотор?

Првиот мотор со кој ги научив основите на мотокрост беше Kawasaki kx-85, тоа воедно беше и првиот мотор на нашиот шампион Христијан Илиоски

mx zabel 2015 3

Зошто возиш со бројот 151?

Како што знаете бројот 151 е број на Justin Barcia, а бидејќи сум негов голем фан се одлучив да возам и јас со истиот број.

Која е твоја омилена мотокрос патека?

Омилена мотокрос патека ми е онаа во Литохоро, Грција. Според мене се работи за една од нај спремните патеки на Балканот.

Дали мотокросот е тежок спорт?

Мотокросот е спорт кој бара големи физички и психички подготовки, затоа и важи за еден од најтешките спортови на светот.

mx orman 2015 199

Колку често тренираш?

Во текот на сезоната неделно тренирам 4 пати физички и 3 пати со мотор, по завршувањето на сезоната тренинзите се редуцирани па така имам само еден тренинг со мотор, а останатите денови тренирам физички.

Го објави моторот за продажба, што ќе возиш следно?

Да, го објавив моторот за продавање бидејќи новиот веќе е на пат, продолжувам со Хонда, нов модел.

Колку е значајно за тебе освојувањето на златната кацига?

Колку што знам, јас сум најмладиот возач во историјата на македонскиот мотоспорт (14 години) кој ја освоил златната кацига. За мене ова е огромен мотив да продолжам да работам напорно и понатаму.

bratindol 2014 75

Дали ќе те видиме наскоро во МХ1?

Бидејќи имам само 15 години, сеуште не размислувам за класата МХ1, сеуште сакам и мислам дека можам да се докажувам во класата МХ2. Потоа ќе видиме...

Каков е планот за настап во 2016 година?

Планирам да го возам домашниот мотокрос шампионат, Балканскиот шампионат, а доколку успееме да обезбедиме финансиски средства би возел и на српскиот и грчкиот шампионат.

Кои се твоите планови за иднина?

Се фокусирам на претстојната сезона, сакам да извозам најдобро што можам. За иднината ќе размислувам потоа, бидејќи моите идни настапи ќе зависат и од поддршката од Мотоциклистичката Федерација на Македонија и од спонзорите.

motokros prilep 2014 85

Back To Top