26
Нед, Мар
Интервјуа

Интервју: Христијан Бузалковски - Бузо

Разговараме со Христијан Бузалковски, млад талентиран возач кој годинава ќе започне со натпреварување во Источно-Европскиот шампионат во класата „SP Juniot“ (125цц).

Следете нè на:

 

buzo71 7Христијан Бузалковски - Бузо

Разговараме со Христијан Бузалковски, млад талентиран возач кој годинава ќе започне со натпреварување во Источно-Европскиот шампионат во класата „SP Juniot“ (125цц).

Кажи ни како започна, од каде желбата за мотори и тркање?

- Љубовта за моторите ја добив од татко ми кој вози веќе 35 години и има настапувано на многу натпревари во мотокрос и ендуро низ државава па така да од кога сум роден сум врзан со моторите. Моите први допири со моторот се уште од мали нозе кога за прв пат добив електричен мотор на 7 години (хахаха), потоа прв пат седнав на вистински мотор кога брат ми ми го даде моторот на 9 години кој беше преголем за мене (125цц 4-тактен) и се сеќавам дека првото возење беше само 100м по што паднав (хахах) и се до мојот прв мотор ги возев неговите мотори (кога ми даваше, кога не, ги крадев од гаража). Првиот вистински мотор го добив на 13 години и од тогаш сум константно на мотор до сега, а првите почетоци со возење по кривини ги пробав на Водно и од таму доаѓа и желбата за тркање. Заради недостаток на финансии таа година не успеав да учествувам на трки и првата трка ја започнав следната година со мотор доработен во домашни услови.

Кога ја возеше првата трка ?

- Првата трка ми беше лани 25 мај на Сакамото Купот на стазата Волково, кога настапував со мотор кој не беше воопшто конкурентен во класата во која што настапував. Возев во класа SM 250, супермото класа во која се вози од 125цц 2-тактни до 250 4-тактни, а јас настапував со 125 4-тактна машина и го освоив 2-то место кое за мене на почетокот на трката беше недостижно но ете се случи.

Каков резултат забележа на Сакамото Купот?

- Сакамото Купот беше мој прв шампионат што го возам, како што кажав првата трка помина во најдобар ред но на втората имав само неконкурентен мотор кој не ветуваше многу (да не речам не ветуваше ништо). За среќа од татко ми го добив првиот мотор кој имаше сила да им се спротистави на конкурентите (Husqvarna SM 125 крос подоцна преправен во супермото) и втората трка од шампионатот ја завршувам на второто место, но овој пат со минимална разлика до прво пласираниот, што ми даде надеж дека следната трка треба да одиме ниво погоре и да целиме кон освојување на првото место. Со минимална модификација на стандардниот мотор дојде и третата трка каде на првите два тренинга го поставив рекордно најбрзото време во мојата класа и на трката ете ја и мојата прва победа и со тоа освојување на првиот КУП.

Што е следно, за кој клуб ќе возиш, со каков мотор и какви модификации имаш направено?

- По завршувањето на купот и освојувањето на шампионатот јас и мојот тим (составен од мојот брат и мојот татко) сакавме да одиме на нешто повисоко и потешко - Источно Европскиот Шампионат. Оваа година решивме да настапуваме во овој шампионат заради што го продадовме Супермото-то и купивме Априлиа РС 125 (стандардна, не спремна за трки) и од тука започнува подготвувањето на мотор. Но се знае кај нас финансиите се најголем проблем па затоа се обративме кој многу компании кои би сакале да ни помогнат за остварување на мојот сон, моторот до сега е минимално подготвен, има тркачки пластики, ауспух и некои ситници, се надеваме дека понатака ќе го подготвиме како што треба, но резервните делови, сервисите на моторот, патот до трките, гумите (конкурентите имаат сет задна/предна за една тркаа ние сме со еден пар сега за сега за цела сезона) и останатите трошоци сеуште се под знак прашалник. Оваа година решивме да настапуваме за МК Мотори кој многу ни помогна и ќе ни помага во престојната сезона, сите знаеме дека тој е еден од најискусните и најтрофејните мото клубови во Р.Македонија и ни беше чест и задоволство да потпишеме дека оваа сезона ке ја извозиме заедно.

Кој ти помага, кој ти е во тимот и дали имаш спонзори?

- Помошта е секогаш од најблиските како што кажав од домашните, татко ми Сашко Бузалковски кој ме финансира и брат ми Никола Бузалковски) кој е виновник за сето ова, тој е мој механичар, менаџер и што уште не (се смее). Во тимот сме Јас како возач, татко ми како главен на тимот, тактичар и тренер, брат ми како менаџер и се друго во тимот, Ивица Милошевиќ кој е четворократен ендуро Шампион на Македонија е со нас од самиот почеток, тој е наш главен механичар и тренер и Игор Ѓориќ кој е исто така од првата трка до нас кој помага во средување на моторот на механички и финансиски план. Спонзори моментално имаме, прв и официјален финансиски спонзор ни е LPR-Mak и Европоскиот шампион во  автомобилизам Игор Иџе Стефановски кој ни помогна финансиски, TYGA Europe е првиот технички спонзор кој дури од Холандија го увидоа мојот талент и не спонзорираа со делови за моторот, помош при средувањето на моторот ни пружија и Тапетарски Сервис ОЦЕ кој ни го среди седиштето и оделото за тркање, Никола Принт кој ни помогна при штампање на налепниците, среќа.мк ни помага со изработуваше на рекламен материјал и промовирање на тимот, Auto Fashion Group 74 кој се бави со продажба на половни автомобили во нас.Пинтија ни помогна на финансиски план и се разбира нашиот медиумски покровител МОТОРИ.КОМ.МК кој ни помага на секаков можен начин од масло за моторот до промовирање на нашиот тим.

Какви се плановите за оваа сезона и со какви амбиции започнуваш, што уште ти е потребно пред почетокот на сезоната?

- Плановите за оваа сезона се да се настапува на сите трки, амбициите се преголеми се разбира oдеме на подобар резултат се надеваме дека ова ќе допре до поголемите компании и поединци во нашата држава и истите ќе сакаат да не спонзорираат за да донесеме големи резултати за нас и нашата држава. Се надеваме дека ако собереме доволно финансии би сакале да настапуваме и на Alpe Adria, секако ако има и кај нас некаков види на мото трки ќе настапуваме. Пред почетокот на сезоната ни се потребни уште неколку пара гуми да бидеме сигурни со нашите настапи, резервни делови за моторот и се разбира финансии за да може сезоната да се одвива како што очекуваме за да се има за патните трошоци и сервис на моторот.

Како да те контактираат доколку сака некој да се вклучи во твојата поддршка и за крај што ќе и кажеш на твојата публика?

- Секој што сака да се вклучи во спонзорство може да не контактира преку нашиот E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на Facebook Фан страната www.facebook.com/HristijanBuzalkovski71

За крај сакам да им се заблагодарам на сите блиски и пријатели кои се вклучија и ни помогнаа на било каков начин и што се со нас цело ова време од почетокот па до сега. За публиката, сите на трибина на 18 и 19 април на патеката Серес во Грција!!! (хахахах)

comments

Би можело да ве интересира

Валентино Роси го започна MotoGP викендот во Катар со освојување на деветото место на првиот слободен тренинг. На крајот тој заостана 1.483 секунди зад тимскиот колега Маверик Вињалес.

Хорхе Лоренцо призна дека нешто треба да се промени откако за време на првиот слободен тренинг откри дека на мотоциклот не му одговара меката задна гума

„Среќен сум. Најважното нешто е да се подобруваме секој ден“ – Марк Маркез

Возбудувањата на патеката Лосаил во Катар започнаа со вчерашниот прв тренинг. Акцијата продолжува и денеска со слободните тренинзи, утре ќе имаме можност да ги следиме квалификациите, а трката е во недела со почеток од 20 часот по наше време.

Валентино Роси смета дека новиот шампионат има потенцијал да прерасне во уште една интересна сезона

Возачот на Yamaha е полн со самодоверба пред првата трка од новиот шампионат која ќе се оддржи овој викенд во Катар

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!