20
Чет, Јул
Интервјуа

Интервју: Дејан Силјановски

thumb_dejan_siljanoskiМагистар Дејан Силјановски е првиот претседател на Мотоциклистичката Федерација на Македонија. Оставката од својата функција ја поднесе пред два дена, а кога минатата недела дознавме за промената која следи уште повеќе посакавме да ја слушнеме неговата приказна.

Следете нè на:

 

Дејан Силјановски, првиот претседател на МФМ

Магистар Дејан Силјановски е првиот претседател на Мотоциклистичката Федерација на Македонија. Оставката од својата функција ја поднесе пред два дена, а кога минатата недела дознавме за промената која следи уште повеќе посакавме да ја слушнеме неговата приказна. Во продолжение одговорите од г-дин Силјановски на нашите прашања:

-За неупатените, кој е Дејан Силјановски, од кога возиш мотор?

Почнав уште како основец, но ништо сериозно, се се сведуваше на малиот ПУХ на мојот дедо. Потоа морав да се посветам на други работи (образование во странство итн) се до пред 5-6 години, кога од пријател, купив Intruder  800, од ’96 година. Нормално, комплетно го custom-изирав и за почеток беше во ред. Потоа во 2007 година по долги консултации на интернет, разни форуми, пријатели, моторџии се одлучив за Kawasaki Vulcan 1600 Classic tourer - црн, доволно голем мотор за мене. Во меѓувреме бев член на Мото Скопје, се до првото мое FIM Rally, кога преминав во клубот Moonriders, каде сум и до ден денес.


-Како дојде до тоа ти да станеш претседател на МФМ?

Сосема случајно, бев еден од неколкуте кандидати, но не прв, кои за жал не се појавија на оснивачкото Собрание така на самиот состанок бев единствениот кандидат. И тоа не беше воопшто лошо за МФМ, особено на почетокот, кога сеуште постеа поделби и обиди за паралелизам, до добивањето на Решение за дејност спорт. Најмногу помогна и мојата претходна работа во Агенцијата за млади и спорт и мојот личен однос и почит со поранешните колеги од АМС.


- Што се случува во моментов со федерацијата?

МФМ продолжува да функционира, без разлика на тешката финансиска состојба на спортот. Календарот за 2011 е направен, предложени се активности до клубовите, добиени се номинации за организатори од нивна страна, имаме и меѓународни настани за ова година.


- Дали ти како моторџија си задоволен од работата на федерацијата?

Јас би го поставил обратно прашањето - што моторџиите направиле за МФМ?

Календарот за активности е отворен за секој што има барем идеа што сака да направи. Позитивни критики се оние што предлагаат решение на проблемите кои ги детектирале. Само критиката сама по себе без нудење на решение е деструктивно однесување и ништо повеќе.


- Што мислиш дека треба да се промени за да може МФМ да работи онака како што треба?

Ќе ви одговорам со прашање - а што не е како што треба? Само со аргументирана критика и понудено решение може да се дебатира.


- Како се снаоѓате со финансии?

Финансиски МФМ има неколку лични спонзорства од членови на раководството, АМС со годишните финансии за меѓународни настани (100.000 мкд годишно), членарина, од оние кои се заинтересирани да ја платат, ОКТА со 150.000 мкд. за 2011, иако имавме договор за 300.000 мкд.


- Каква е соработката со Агенцијата за Млади и Спорт?

Соработката со АМС секојпат професионална, би можела да е почеста.


- Дали постојат контакти или некаква соработка со АМСМ?

Со АМСМ имаме одлични односи, но нема некоја конкретна соработка, што е нормално, со оглед на раликата во дејноста.


- Клубовите кои организираат трки се противат на котизацијата која ја плаќаат на МФМ бидејќи целиот трошок е на нивни грб, а за возврат добиваат малку. Како е решен овој проблем во соседството и што може МФМ да направи во однос на ова со цел да се нормализираат шампионатите
во сите класи?

Кој клуб платил котизација за организација на трка?


- Дали навистина го тужите Сашо Николов - Тумац?

Да - иако сметам дека е пријателски спор, кој може да се разреши.


- Колку се издржани обвинувањата дека МФМ инвестира само во мотокрос/ендуро натпреварите, а брзинските и трките со скутери се оставени на страна?

Не држат таквите обвинувања, вратите се отворени за сите ентузијасти, повелете дојдете и зафатете се за работа.


- Кој е виновен за минатогодишното откажување на Ендуро трката во Маврово и дали МФМ се соочи со казна?

Нема казни за МФМ, беше прифатена фактичката состојба, т.е. егоцентризмот на некои луѓе од националниот парк Маврово е вината за неодржување.


- Каков е планот за годинешново Рели Македонија?

Утврдени се датите, останува да се состави организациониот одбор.

 

- Зошто не се одржа годишно доделување на награди во 2010? (*Прашањето е поставено пред да се објави дека ќе се одржи годишно доделување на наградите)

Ќе се одржи/се одржа на 26 февруари во Борис Трајковски.


- Има ли надеж дека ќе се изгради нормална патека за брзински
мотоциклизам во Македонија?

Мислам НЕ во скоро време.


- Колку клубови се членки на МФМ?

Официјално со право на глас 15.


- Каква е твојата визија за МФМ?

Поднесувам/поднесов оставка! Мојата визија е нерелевантна.


- За крај?

Му посакувам успех на новиот претседател Ленин Јовановски.

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!