20
Сре, Сеп
Интервјуа

Илиоски: На Европско и Светско бос не се оди!

Зимскиот период го користиме за отворен разговор со нашиот нај успешен мотокрос возач, Христијан Илиоски - Кико.

Следете нè на:

 

Христијан Илиоски - Кико, нашиот нај успешен мотокрос возач ја заврши минатата сезона во Источно Европскиот Шампионат на втората позиција. За многумина одличен успех, но тој заврши на втората позиција само заради тоа што немаше услови да настапи на првите трки, потоа до крајот на шампионатот им покажа на сите возачи за што е способен.

mx samokovl 2015 2 78Победничкото место на пиедесталот му е добро познато на Илиоски

Жалиш ли за загубеното прво место во 2015 година?

Сезоната 2015 ја завршив како втор. Не жалам за првото место, тоа не можам да го сменам. Јас секоја трка ја извозив со голема војља и срце, вадев максимум од петни жили, за мене успех е постигнатото и радосен за одредени моменти.  Жалам и не сум задоволен за состојбите во кои реално се наоѓам во рамките на државата, да не можам  да отпатуваме на  натпревар, а да сум конкурентен за првото место се од ненавремено залагање и негрижа. А уште на почетокот се обратив во 2015 со барање до сите до кои треба за сезоната.

Каков е твојот план за настап во 2016 година?

Моите планови за 2016 зависат од тоа дали Мото Федерацијата ќе се заложи институционално и ќе помогне за учество во сезоната, испраќаме барања и се надевам дека за ова сезона ќе излезе и некој спонзор. Треба големо залагање и од некои фактори со добра воља и желба да се создаде таква можност. Ако ве претставуват во агенција за млади и спорт, федерацијата лобира и го презентира резултатот како врвен за поткрепа, те афирмираат и тогаш мојот резултат кој е вреден за поткрепа ќе привлече и спонзор и добри услови за нас врвните спортисти. Тоа се можностите кои ви ги создаваат и тие само така веродостојно се поткрепувааат.

mx janica eec 32Илиоски на трка во Јаница, Грција

Доколку имаш услови дали би се нафатил да го возиш целиот Европски шампионат?

За моето учество на Европско или на Светско во овој спорт како и во секој друг спорт потребни се многу услови. Мотокросот можеби не е најскапиот од мото спортовите но е нај побарувачки, тој му доаѓа како мајка на другите. За постигнување на резулат, треба тим кој менаџира најмалку две години, како подготовка да возиш деноноќно, работа, бескрајни услови во тим кој не се откажува и верува и го сака тој успех, па да можеш да се вметниш во првата десетка. При тоа треба да те служи спортска среќа и да поминиш со малку повреди.

Покажа дека доколку имаш услови можеш да донесеш резултати, каква е состојбата со спонзорите?

Еве отворено во последно ме прашуваат да донесам резултат на Европско или Светско па после се било по лесно. Јас ќе кажам така како што мислам и за мојот спорт и за секој спорт воопшто. Резулатати донесов во И.Е.Ш донесов поени од Европско и Светско. После треба да ве поткрепат, таму бос не се оди, јас сум бос и во овој шампионат.

И.Е.Ш или Балканско за познавачите на овој спорт, она што е постигнато со моите услови е недостижно. Земајќи во предвид колку сите наши соседи се напредни со техника и услови.

mx orman 2015 223Илиоски во свој стил

Какво е твоето мислење за домашниот шампионат во мотокрос?

Мило ми е што гледам дека се собра сила за шампионатот за сезоната 2015, на нај ниска гранка сме развојно, но паралено имаме многу публика и вљубеници на мотокросот, тоа мене ме радува и ми дава надеж дека ќе се подобрат работите. Но дефинитивно треба многу за развој посебно за подобрување на патеките и помош за развој на нови возачи.

Го огласи моторот, што ќе возиш следно?

Моторот е огласен, тој е 2015 Yamaha, за мене беше нов иако стандарден и толку големо олеснување. Се покажа без ни една мана, не ми направи ни една техничка главоболка, сити марки до сега ги имам возено, дефинитвно е издржлив мотор. Моментално сите мои конкуренти се веќе со 2016 модели и се на припреми.

Како ја одржуваш формата во зимскиот период?

Во зимскиот период гледам да останам во добра физичка кондиција, немам услови да возам колку што е потребно но сите мои услови ќе ги искористам максимално. Очекувам поголемо разбирање за да можам да продолжам и реална поткрепа, се друго не го гледам како препрека.

mxglobare 1 2015 46ИЕШ трка во Глобаре, Србија

comments

Би можело да ве интересира

Роси се обидува да се врати на Арагон, доколку успее ќе загуби бодови од само една трка и ќе остане во борбата за шампионатот.

Андреа Довициозо и Марк Маркез го делат мислењето за една работа по завршувањето на неделната трка –не е точно дека одредени патеки повеќе им одговараат на некои машини.

Компанијата Pirelli обезбеди нов заден пневматик, W0735, за да го користат возачите од Светскиот ШСупербајк шампионат на патеката во Портимао. Тоа е нов, мек пневматик кој содржи различни структурни решенија во споредба со стандардниот, мек, SC0 како и SC1.

Словенечкиот производител на издуви Акрапович објави едно видео на кое може да се види како звучат сите супербајк мотоциклите кои користат нивни издуви. Засилете го звукот и уживајте.

За 2018 година верзијата на Kawasaki Z900 која има 93 коњски сили (70kW) ќе им биде достапна на сите оние кои имаат А2 лиценца.

Дали некогаш сте се нашле позади некој постар возач кој веројатно повеќе не би требало да биде дел од сообраќајот? Што велите за моторџија кој има 101 година?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!