Интервјуа

Бен Спиз: 10 куси прашања и одговори

thumb_Spies_10GP05_0872_ANИ она малку слободно време што го има го посветува на кариерата, па затоа без проблем ја прифати нашата понуда да одговори на неколку прашања од македонските фанови. На Бен му испративме 20-на прашања од кои тој самиот одбра 10 интересни кои ги одговори.

Следете нè на:

 

Ben Spies на патеката Silverstone во 2010Ben Spies на патеката Silverstone во 2010

Бен Спиз е човекот за кој сите МотоГП фанови имаат пофални зборови. Американецот кој е познат под надимакот "Elbow" (по тоа што освен колената, ги лепи и лактите на асвалтот) се појави како новајлија во МотоГП во сателитскиот тим на Јамаха откако минатата година ја освои титулата во WSBK. Во моментот е на 7-та позиција во генералниот пласман, веќе има подиум зад себе, а за наредната година веќе на големо се шпекулира дека ќе го пополни местото на Валентино Роси во фабричкиот тим на Јамаха.

И она малку слободно време што го има го посветува на кариерата, па затоа без проблем ја прифати нашата понуда да одговори на неколку прашања од македонските фанови. На Бен му испративме 20-на прашања од кои тој самиот одбра 10 интересни кои ги одговори.

П: Кога би можел да одбереш било чиј MotoGP мотор во моментот, кој би го одбрал?
О: Без размислување би го земал "предаторот" на Лоренцо.

П: Зошто бројот 11?
О: 11 бил отсекогаш мојот број, го користам откако се натпреварувам професионално. Во WSBK ја носев 19-та во чест на Рајан Смит, потоа се вратив на #11.

П: Која е најдобрата трка која си ја гледал?
О: Најдобрата трка која сум ја видел е онаа во 1991 помеѓу Kevin Schwantz и Wayne Rainey на патеката Hockenheim.

П: Дали би продолжил да се тркаш доколку загубиш од девојка?
О: Важен е талентот, не полот.

П: Дали си размислувал да возиш формула или било какви други трки на 4 тркала?
О: ДА!

П: Се будиш еден ден и го гледаш одразот на Марко Симончели во твоето огледало, што си помислуваш прво?
О: Има ли некој лак за коса?

П: Дали би се откажал од трките доколку љубовта на твојот живот го побара тоа од тебе?
О: Мојот одговор би бил, доколку некоја ме познава и сака, зошто би го побарал тоа?

П: Кога би бил супер херој, која би била твојата моќ?
O: Кога би имал супермоќ...тоа би било да ја гледам иднината, така ќе можам да станам екстремно богат.

П: Што би било врв на твојата кариера, после што можеш да кажеш "Доволно е, можам да се пензионирам"?
О: Врвот би го достигнал кога ќе се пензионирам и ќе знам дека сум дал се од себе

П: Што би сакал да те прашаат во интервју, и одговорот на тоа прашање.
О: Би сакал да ми дадат можност јас да поставам прашање, а тоа би било: -Кој е твојот омилен филм?

comments

Би можело да ве интересира

Вицешампионот за сезоната 2017 во MotoGP шампионатот, Андреа Довициозо, вели дека мора да ги согледа позитивните работи како од трката која се возеше во неделата така и од неверојатно успешната сезона за него и за Ducati.

Иако е навистина невообичаен мотоцикл, сепак Moto Guzzi Stelvio има свои следбеници. Кога исчезна од линијата на Moto Guzzi, тој им недостасуваше на многумина.

Ако мислевте дека Honda CB1000R 2018 е добар мотоцикл, тогаш имаме интересна вест за вас. Honda Motor Europe на EICMA мото шоуто во Милано дебитираше со два мотоцикли: Honda CB125R и Honda CB300R.

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!