Замена на масло на 1000км

Krste

Нов член
#1
Слушнав досега различни мислења во врска со промена на маслото. Па би сакал да споделите ваши пракси и совети.

Јасно ми е дека има многу разлика од типот на маслото и од самата машина, но како одредувате ? user manual ?

Нели има разлика 1000 км во град и 1000 на отворено, или пак можеби сум во заблуда...

Имам 4 тактна кинеска машина од 125cc и советот беше од 1000-1500km. Но мене ваквата разлика во километража од 50% ми се гледа некако многу нејасно
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#2

А што кинеска машина имаш ако не е тајна;)
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#3
Да не тупам многу, ако е кинез на брзини со машина тип Honda CTG нај, нај обично минерално масло за моторцикл препорачувам 20-50 со промена до 2000 км мах. Ако е скутер нај, нај обично масло за автомобил препорачувам 15-40; 15-50 со промена до 1500 км мах.
ПС. Промената препорачувам да биде на малку километри затоа што машинките немаат филтер за масло а за толку мала километража практично НЕМА ЛОШО МАСЛО!!!
Нормално дека возење во град е мачно и повеќе го прља маслото одколку на отворено, особено тоа важи за машинче со менувач.
 
Last edited:

Krste

Нов член
#4
Lifan е моторот. Има брзини.

Мене ми препорачаа IPONE масло (наводно синтетичко) и да правам промена на 1000км.
Ама тоа некако често ми се гледа.

Првата промена ќе ја направам на 300 - 350 км. А за понатаму незнам.

Дали дотурувате масло ?
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#5

Ќе згрешиш, ама јас одамна сум сватил дека на форумов ЏАБЕ СЕ ЗБОРУВА. Секој на крајот "знаел што треба да направи" ама сакал да го провери другиот: ИСПРАШУВАЊЕ.
Поздрави ги у сервис и кажи им дека се ТЕШКИ КРЕТЕНИ.
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#6
А штом "фабриката препорачала IPONE" дефинитивно се работи за овластен сервис на Хамачи:D
 
kolestepanov

Активен член
Мотор
tomos avtomatik cafe racer
Клуб
sloboden vozac
#7
Во кинескиот мануал пишува 15w40 . Менување на секои 2000км. Од искуство 20w50 претежно valvoline менување на 1500 до 2000км и нема проблем. имаш голем избор на мото масла 20w50.
 
Trninka

Домаќин
Мотор
Kymco Agility 4T 80cc NCY kit
#8
Во кинескиот мануал пишува 15w40 . Менување на секои 2000км. Од искуство 20w50 претежно valvoline менување на 1500 до 2000км и нема проблем. имаш голем избор на мото масла 20w50.
Значи ipone 15W-40 :). И на 1500 го менувај, таман коа ќе закаснеш ќе имаш фора до 2000 да го смениш.
 
Krste

Нов член
#9
Неможам да се согласам со Данило дека секој прави по свое и дека не слуша совет и дека пишува на форумот за да мудрува. Невелам дека нема такви, но не се сите такви. Исто така неможам да кажувам за останатите зошто се тука.

Можам да кажам дека јас прашувам да научам основни работи, бидејки не ги знам.
Секако дека ја споделив вистината за тоа што ми кажаа во сервисот. Но затоа пишав и тука за да слушнам и друго мислење.

Конкретно со маслата мислам дека се многу важни за одржување на моторот во живот.
И бидејќи јас сум сеуште неискусен шофер сакам да ставам подобро масло.

kolestepanov кажа дека од искуство ставаш 20w50, но зошто ?
Ако разбирам добро тоа ќе го продолжи животот на машината малце повеќе, но ќе има малце поголема потрошувачка (3 до 5 %).
Или пак грешам ?

Неколку добри видеа за ознаките на маслата, ќе се најдат за некој како мене што незнае ништо за ознаките
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#10

20-50 затоа што летно време температурите се страшни, за да работи мазно и да не ти штрака менувачот, а минерално за да не фрлаш пари непотребно.
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#11
Видеата кои си ги прикачил ја објаснуваат проточноста на маслото, тоа е особено важно кога машината е конципирана клучни делови да се подмачкуваат преку лизгање на маслен слој под притисок што кај тебе не е случај.
 
kolestepanov

Активен член
Мотор
tomos avtomatik cafe racer
Клуб
sloboden vozac
#12
3 до 5 проценти на 2.5 литри потрошувачка. Или ајде вака 700-300= 400 цена на уљето. Не одговори што мотор возиш дали клон на Хонда цг или папаки исто Хонда каб. Ако се тие тогаш тоа се агрегати што се конструирани пред 40 и повеќе години, значи со едноставна механика . Кај мене е клон Хонда цг 125 брегаста со подизачи , куглични лагери на радалица што елиминира многу карактеристики што ги имаат hi tech маслата. Затоа користам такво масло таман за него. А можиш да ставиш 15w50 синтетик а може и 20 w 50 синтетик исто . Јас разликата во цената би ја искористил за бензин да се возам со пријателите.
 
alekkela-onak

Активен член
Мотор
kawasaki
Клуб
sons of the order
#14
зашто во видеана погоре, а и на други тестови, многу често го нема 10-40? кај нас е нај употребувано масло е тоа...
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#15
зашто во видеана погоре, а и на други тестови, многу често го нема 10-40? кај нас е нај употребувано масло е тоа...
10-40 се повеќе ќе се заменува со 10-30 како нормален распон на градација а 10-40 ќе се смета за градација која се употребува во посебни услови како на пример 20-50, 15-50, 10-60, 20-60 и сл.
 
Last edited:

Trninka

Домаќин
Мотор
Kymco Agility 4T 80cc NCY kit
#16
10-40 се повеќе ќе се заменува со 10-30 како нормален распон на градација а 10-40 ќе се смета за градација која се употребува во посебни услови како на пример 20-50, 15-50, 10-60, 20-60 и сл.
Некако пак ми мириса на Еко и зачувај ја околината стандарди :)