Закони, Правила, Казни и случки со полиција (за сите мотори)

Дискусија во форумот 'Мото почетоци' започната од alekkela-onak, 28 Jul 2015.

  1. Trninka

    Trninka Домаќин

    Член од:
    4 Nov 2014
    Мислења:
    442
    Допаѓања:
    326
    Трофеи:
    63
    Професија:
    System Engineer
    Локација:
    Skopje
    Мотор:
    Kymco Agility 4T 80cc NCY kit
    И на овој му е жешко :). Сликава е ланска, (или пред две години беше :)) 10409077_10152873401504801_8700697518024747702_n.jpg
     
    На Danilo Stankovik - KROKO му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Danilo Stankovik - KROKO

    Danilo Stankovik - KROKO Домаќин

    Член од:
    6 Nov 2014
    Мислења:
    1.308
    Допаѓања:
    672
    Трофеи:
    113
    Мотор:
    SACHS mad ass 50
    Клуб:
    ne sum vo nieden
    Баш така, на истото место кај рото светлото и во мојата ситуација му беше закачена кацигата.
     
  3. alekkela-onak

    alekkela-onak Активен член

    Член од:
    10 May 2015
    Мислења:
    355
    Допаѓања:
    161
    Трофеи:
    43
    Мотор:
    kawasaki
    Клуб:
    sons of the order
    кој ги казнува нив за вакви работи? гледам се постираат слики од мнооогу направени прекршоци од страна на полицајци униформирани лица... а казни или макар опомени? кој им дели на нив?
     
  4. Слаткоја

    Слаткоја Активен член

    Член од:
    29 Oct 2014
    Мислења:
    103
    Фото и видео:
    23
    Албуми:
    3
    Допаѓања:
    69
    Трофеи:
    28
    Локација:
    Скопје
    Мотор:
    Aprilia RSV4 RR 2017
    Внатрешна контрола, ама треба да знаеш кој е за да го пријавиш...
     
    На alekkela-onak му/ѝ се допаѓа ова.
  5. alekkela-onak

    alekkela-onak Активен член

    Член од:
    10 May 2015
    Мислења:
    355
    Допаѓања:
    161
    Трофеи:
    43
    Мотор:
    kawasaki
    Клуб:
    sons of the order
    колку и да не ти е верно, сепак полицаецов не направил прекршок... еве објаснување:

    имаше пропуст во законот за носење кациги, кај што законот велеше дека ОБАВЕЗНО МОРА ДА СЕ ПОСЕДУВА ЗАШТИТЕН ШЛЕМ И ДА СЕ НОСИ, без да биде јасно нагласено и кажано КАДЕ ДА СЕ НОСИ..а тие што добиле и платиле казни, побарајте од некој да видите по кој член имаат добиено казни.. во нив казната им гласеше (начелно) дека не поседуваат заштитен шлем, а не дека не го носеле или користеле. тие немале со себе кацига воопшто... многу луѓе ја искористија таа дупка во законот и не добија казни.. со последните промени во законот за сообраќај (пред неколку месеци мислам беше) грешката е корегирана и сега во законот јасно стои дека е задолжително поседување и носење на заштитен шлем НА ГЛАВА...

    кој знаел, искористил, кој незнаел, јбг... тоа е тоа... :)
     
    На Danilo Stankovik - KROKO му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trninka

    Trninka Домаќин

    Член од:
    4 Nov 2014
    Мислења:
    442
    Допаѓања:
    326
    Трофеи:
    63
    Професија:
    System Engineer
    Локација:
    Skopje
    Мотор:
    Kymco Agility 4T 80cc NCY kit
    Ок јас не ставам каиш веќе у кола, пошто во законот не пишива како да биде ставен, преку рамо ли, преку стомак, не пишива како да биде закопчан, туку само да е
    Ок јас не ставам каиш веќе у кола, пошто во законот не пишива како да биде ставен, преку рамо ли, преку стомак, не пишива како да биде закопчан, туку само да се користи, а јас го користам да ги врзам кесите од пазар, за да не се растурат по кола... Технички уште една дупка у законот :)
     
  7. alekkela-onak

    alekkela-onak Активен член

    Член од:
    10 May 2015
    Мислења:
    355
    Допаѓања:
    161
    Трофеи:
    43
    Мотор:
    kawasaki
    Клуб:
    sons of the order
    точно пријателе..мило ми е што ти текна... сем што за каиш во кола вели ЗАДОЛЖИТЕЛНА УПОТРЕБА НА БЕЗБЕДНОСЕН РЕМЕН... ама пак не пишува како да се употреби, ама подоле пишуваше нешто околу наччинот на кој возилото е обезбедено со овој ремен и технички правилна употреба.... треба да го дадам и ова на прочешлување кај правнициве мои...

    инаку, ако убаво го прочешлате законот ке најдете уште еден куп такви дупки, кои правник ке ги протолкува на хартија и мирно ке си возиш... само никој јавно не збори за нив, никој јавно не ги објавува, затоа што брзо ке ги сменат.. ова за кацигите траеше неколку години т.е. откако е донесен законот за задолжително НОСЕЊЕ на кациги... тек сега го оправија, откако скоро сите моторџии се информираа... дури и теми за кациги дали да се носат или не, беа отварани, без никој да ја спомне оваа дупка.. до толку секој си ќути и си гледа САМО ЗА СВОЈОТ Г’З..
     
  8. dare532

    dare532 Член

    Член од:
    10 Feb 2016
    Мислења:
    35
    Допаѓања:
    5
    Трофеи:
    8
    Сега казна за кацика е 50 евра и нема негативни бодови веќе за неносење на кацика мора да се плати казната така ли е моторџии
     
  9. D23

    D23 Нов член

    Член од:
    26 Aug 2016
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    3
    Трофеи:
    3
    Мотор:
    Kawasaki ER6N
    Клуб:
    23
    Здраво ! Тазе возач на мотор сум , ме интересира какви се законите , дали може да возам на автопат и која јачина на мотор е дозволена. Автомобил возам 15 год. Поздрав
     
  10. Trninka

    Trninka Домаќин

    Член од:
    4 Nov 2014
    Мислења:
    442
    Допаѓања:
    326
    Трофеи:
    63
    Професија:
    System Engineer
    Локација:
    Skopje
    Мотор:
    Kymco Agility 4T 80cc NCY kit
    Здраво! Прво дали имаш возачка дозвола? Ако имаш, тогаш сигурно си бил на часови (теорија) каде што таа тетката или чичкото убаво објаснуваат пола саат и повеќе за категориите и што значи да си возач почетник. Ова прашање е одговорено неколку пати по форумот, така да ако немаш возачка, побарај по форумот. Тоа што автомобил возиш 15 години нема врска. Сеуште си возач почетник за мотор.
     
  11. Trninka

    Trninka Домаќин

    Член од:
    4 Nov 2014
    Мислења:
    442
    Допаѓања:
    326
    Трофеи:
    63
    Професија:
    System Engineer
    Локација:
    Skopje
    Мотор:
    Kymco Agility 4T 80cc NCY kit
    Мало потсетување на законот за возачи почетници, внимавајте на законите и заштитете го вашиот интегритет како возач и на луѓето околу вас со придржувањето до нив.

    1. ,,Возач-почетник” е секој возач на моторно возило до 21 година возраст, како и возач на моторно возило во период од две години по добивањето на возачката дозвола, независно дали дозволата ја добил во Република Македонија или во странство. Возач-почетник е и возач на моторно возило во периодот од две години по добивањето на возачката дозвола од одредена категорија, независно дали поседува возачка дозвола за друга категорија;

    2. Не смее да управува со возило, да започне управување со возило, ниту да спроведува практичен дел на возачки испит ако во организмот има алкохол (0 примили = нема толеранција) или ако покажува знаци на алкохолна растроеност:
    - возач-почетник согласно одредбите на овој закон;
    - возачот инструктор и кандидатот за возач – за време на оспособување во практичното управување со возило

    3. Возач – почетник кој поседува возачка дозвола од категориите ,,А”, ,,Б” и ,,Ц”, односно од поткатегориите ,,А1” и ,,Ц1”, не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 километри на час на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 километри/час на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100 километри/час на автопат, а со велосипед со мотор повеќе од 40 километри/час, ниту смее со возилото да влече приклучно возило или да врши организиран превоз на деца, во рок од две години од денот на издавање на возачката дозвола.

    4. Возачот почетник, не смее да управува возило во
    патниот сообраќај во времето од 23 часот до 05 часот, освен ако со него во возилото се наоѓа лице –возач постаро од 25 години, на кое не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.

    5. Возачот почетник, кој поседува возачка дозвола од ,,А”
    категорија, не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 25 киловати.

    6. Возачот почетник кој поседува возачка дозвола од ,,Б”
    категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 75 киловати (100 коњски сили).

    7. Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот почетник кој постапува спротивно на одредбите од ставовите за правилата за возење.
     

Разгласи за форумот