Возач почетник со А категорија и голем мотор

Дискусија во форумот 'Прашања, поплаки, пофалби, желби..' започната од Alil, 4 Mar 2017.

  1. Alil

    Alil Нов член

    Член од:
    4 Mar 2017
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Трофеи:
    1
    Мотор:
    Suzuki gsr600
    Здраво на сите. Прочитав по законите дека откако ќе се полага за А директно, после тоа 2 години може да се вози мотор до 25kw. Дали некој знае како поголем мотор (на пример Suzuki gsr600 кој многу ми се допаѓа) може да му се намали моќноста, т.е гледав на различни сајтови дека такво нешто постои и како би се докажало тоа пред нашата полиција. Во европа многу луѓе го прават тоа, дури и во огласи се продаваат големи мотори со 25kw/35kw и пишува дека може да се вози и со А2.

    ,
     
  2. Danilo Stankovik - KROKO

    Danilo Stankovik - KROKO Домаќин

    Член од:
    6 Nov 2014
    Мислења:
    1.308
    Допаѓања:
    672
    Трофеи:
    113
    Мотор:
    SACHS mad ass 50
    Клуб:
    ne sum vo nieden
    Чудно размислување од твоја страна, инаку тоа со УВЕРУВАЊЕ на полицијата дека моторор е ограничен и слично кај нас не функционира. Дефинитивно прво мораш да имаш кочница во главата:)
     
    На kolestepanov му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Trninka

    Trninka Домаќин

    Член од:
    4 Nov 2014
    Мислења:
    442
    Допаѓања:
    327
    Трофеи:
    63
    Професија:
    System Engineer
    Локација:
    Skopje
    Мотор:
    Kymco Agility 4T 80cc NCY kit
    Тешко ова за кај нас. Полиција ти ги гледа податоците у сообраќајна и тоа е тоа. Ова би успеало ако и само ако можеш у сообраќајна некако да го упишеш моторот со помалку моќност. А за тоа ти треба а-тест, dyno тест и којзнае што уште и дали е можно кај нас да го измерат и да го упишат според резултати на dyno-тест. Така да купи си мотор и две години не прави глупости, така е помала веројатноста дека ќе те сопрат. А и после две години не прави глупости :)
     

Разгласи за форумот