Во потрага по Шангри Ла

Дискусија во форумот 'Патеписи' започната од Zuty, 16 May 2017.

  1. Zuty

    Zuty Активен член

    Член од:
    9 Nov 2014
    Мислења:
    127
    Фото и видео:
    9
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    216
    Трофеи:
    43
    Локација:
    41.9973° N, 21.4280° E
    Веб сајт:
    Мотор:
    GPZ1100, TDM900
    Клуб:
    JOK
    Се започна кога бев многу млад, мислам дека бев основно училиште. Тогаш првпат го гледав црнобелиот филм “Lost Horizon” многу подоцна и книгата ми падна во раце и се заљубив во мистичните Хималаји и утопијскoтo место Shangri LA. Во отприлика исто време беше и култниот филм од понова продукција Mad Max I, тоа ја разви желбата за моторите .

    Идејата тлееше преку 20 години за да почнат соништата да се остваруваат прво мотор па потоа и мислата дека сакам малку подалеку да одам. Некои би кажале знаејќи ме, дека таму подалеку веќе сум бил( на 22години работе во Мурманск- Северноморск а пред и после тоа и по многу земји од западна европа) но не сум бил со мотор.

    Идејата за Хималајите зема замав помеѓу 2007-2008год во дискусија со други пријатели моторџии верувам дека ќе се препознаат ако го читаат ова. Малку поинаква идеја но неостварлива за мене затоа што патувањето би траело предолго преку 3 месеца ако се стартува од овде до Индија и назад.. Пред 3-4 години наидов на слична авантура но со изнајмување на мотор во Индија и потоа шетање, тоа ми беше како просветлување...значи има шанса да се оствари сонот. Се друго во меѓувреме е собирање информации и планирање...мислам дека поминав преку 1000работни сати истражувајќи по патнички форуми, адв форуми, алпинистички форуми и пред се Индијски форуми.

    Во меѓувреме дури и визниот режим за Индија го сменија а и олеснија процедура за посета на странци во Ladakh(земјата на високите премини) во срцето на Хималаите , а токму таму почнав да целам, таму се наоѓаат највисоките патишта-премини на планетата земја. http://www.dangerousroads.org/ помогна во долевање на масло на огнот како и неуспехот на Американските камионџии на Discovery да ги преминат истите J

    Планот беше со авион да се стигне до Лех(Индија) во нивната држава Јаму и Кашмир. Лех е Кралска престолница на Хималаите и изворната мека на Будизмот(Тибет е формиран 500години подоцна). Лех има воен аеродром и се наоѓа на височина од преку 3200м.

    Дугото беше процедура , вадење авионска карта до Виена па од таму за Делхи и од Делхи за Лех....што на крај искочи 3 дена спиење по аеродроми L но во варијанта за извадена карта 10месеци однапред за пристојна сума од која не се крева коса на глава..

    Искрено кога слетав во Лех бев толку преморен од дремење по аеродроми така да и висинската разлика ме дотепа..џабе и физички подготовки кога со багаж од 23кг неможеш 10м да поминеш а веќе дишеш на шкрги...само гледав да најдам смештај да си седнам(нема спиење во лежечка положба првите 24ч додека телото не се аклиматизира на висинската разлика) а исто така првиот ден на таа височина за нас нискоземјашите е обично дремење во столче и да не се замараш премногу...но малку медикаменти и се средува бргу работата .

    Газдата кај што се сместив Јајати Синг, во пансион(далеку од европски поимања на пансион—дури и тие од младоста во Охрид собчињата ми изгледаа во моментов прекрасно) беше доселеник од Делхи и со големо познавање на територијата и можам да кажам дека многу помогна околу све, од вадење на дозвола за посета на заштитено подрачје( Protected Area Permit) во важност од само 7 дена..подоцна можеш повторно да си ја обновиш мојата беше заедничка со Холандски алпинист. Па до пронаоѓање на човек од кој можам да изнајмам мотор. Во Индија се е ефтино ако е Индијско .. посебно во Лех, се останато потешко се наоѓа кога сте волку надвор од поголемите градови каде што дотурот на роба е потешкотија а до Лех се доаѓа преку Манали град кој не е голем но многу пониско и поприступачен но на 470км одалеченост по пат(кој што се качува до 5000м надморска височина) кој што се вози 2-3дена иклучиво во касна пролет, лето и рана есен...инаку е затворен(затрупан со снег). Патот интензивно се одржува но временските прилики и бројните вододерини “Нали” (ladakhi(јазик на територија на Ладакх кој го зборат само жителите и нема допирни точки со Хинду јазикот) назив за водите што се спуштаат од Хималајите) го уништуваат така да секоја година се обновува.... повисоко ситуацијата е уште полоша и надвор од овој пат нема асфалт освен кратки пониски делници.

    Еве некоја слика од Лех и околина и мојот мотор пред поаѓање на пат.
     

    Attached Files:

    • 1.jpg
      1.jpg
      File size:
      115,9 KB
      Прегледи:
      31
    • 2.jpg
      2.jpg
      File size:
      129,1 KB
      Прегледи:
      30
    • 3.jpg
      3.jpg
      File size:
      102,4 KB
      Прегледи:
      31
    • 4.jpg
      4.jpg
      File size:
      112,9 KB
      Прегледи:
      28
    • 5.jpg
      5.jpg
      File size:
      11,5 KB
      Прегледи:
      28
    • 6.jpg
      6.jpg
      File size:
      91,1 KB
      Прегледи:
      29
    • 7.jpg
      7.jpg
      File size:
      86,5 KB
      Прегледи:
      30
    • 8.jpg
      8.jpg
      File size:
      91,5 KB
      Прегледи:
      29
    • 9.jpg
      9.jpg
      File size:
      121,9 KB
      Прегледи:
      28
    • 10.jpg
      10.jpg
      File size:
      59,5 KB
      Прегледи:
      28
    • 11.jpg
      11.jpg
      File size:
      826,2 KB
      Прегледи:
      27
    • 12.jpg
      12.jpg
      File size:
      547,5 KB
      Прегледи:
      27
    • 13.jpg
      13.jpg
      File size:
      847,7 KB
      Прегледи:
      24
    • 14.jpg
      14.jpg
      File size:
      904,8 KB
      Прегледи:
      24
    • 16.jpg
      16.jpg
      File size:
      981,2 KB
      Прегледи:
      25
    • 17.jpg
      17.jpg
      File size:
      744,2 KB
      Прегледи:
      26
    • 18.jpg
      18.jpg
      File size:
      12,8 KB
      Прегледи:
      24
    • 19.jpg
      19.jpg
      File size:
      597,8 KB
      Прегледи:
      24
    • 20.jpg
      20.jpg
      File size:
      1,6 MB
      Прегледи:
      25
    • 21.jpg
      21.jpg
      File size:
      1,2 MB
      Прегледи:
      27
    • 22.jpg
      22.jpg
      File size:
      15,7 KB
      Прегледи:
      27
    • ladakh-map2.jpg
      ladakh-map2.jpg
      File size:
      229,6 KB
      Прегледи:
      24
    • n-india.jpg
      n-india.jpg
      File size:
      330,3 KB
      Прегледи:
      27
    • Alat za po put.jpg
      Alat za po put.jpg
      File size:
      412,1 KB
      Прегледи:
      21
    mic.moto, Spmmak, kolestepanov и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Zuty

    Zuty Активен член

    Член од:
    9 Nov 2014
    Мислења:
    127
    Фото и видео:
    9
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    216
    Трофеи:
    43
    Локација:
    41.9973° N, 21.4280° E
    Веб сајт:
    Мотор:
    GPZ1100, TDM900
    Клуб:
    JOK
    Најголема подршка за патувањето имав од мојата девојка која е една од малкумината кои знаеа дека тргам на пат. Еден дел од пријатели известив 3 недели пред поаѓање но не ме сватија сериозно...како што е тоа во МК ..нели ;-) јас мислев дека во мојата 47 година од животот посериозно ќе ме сваќаат. J но небило до тоа..не биле битни годините туку тертипот и кешот ..тоа касно во животот го сконтав...јбг

    Назад на престојот во Лех , воглавном за 3 дена успеав да најдам мотор да средам со дозволите и другите документи и да се снабдам со храна за наредниве недела дена, немојте да разберете дека нема храна по пат , има но европска храна сем леб малку потешко а од Индијската храна си го расипав желудникот уште во авионот на Ер Индија а малку после и кога се сместив и ме почестија вечера првиот ден...така да благодарам не е тоа за мене, премногу зачини и миродији од марс .. па јас ни сол неставам во салата кога јадам а на скара со тепање ме носат...така да се снабдев со конзерви грав и туна и некои интегрални житарки (energy bars) и си го решив проблемот...што и не е некој проблем на таа надморска височина не ви се ни јаде првите недела две додека целосно не се аклиматизирате... хахаха затоа таму сите околу мене беа чанг-шланг или сучки..подоцна и јас станав како нив ..изгубив 12кг за месец дена.. Водата за пиење е проблем така да кога ќе налетате на пластчни полнети шишиња зимај одма..инаку надополнував со апаратче за стерилизација на вода со UV светло и со вриење на вода за пиење па дури и за миење на заби и струјата е со многу слаб напон и ретко ја има дури и во Лех а за понатака да не ни збориме...вечерно време пуштаат агрегати така да вечерно време и мобилен телефон е проблем да напуните, “што и није неки проблем” мобилна мрежа за странци нема никаде така можете само да се сликате со него..или евентуално ако начекате интернет, не е секаде достапен но затоа во секое поголемо населено место имаат интернет кафеа...ама и тука проблем ..цивилниот интернет ем тапа ем ретко го има, е и за тоа има решение а тие се во вид на воени бази а кои овој регион ги има во изобилие преку 30! Во поголемите бази имате интернет кафеа кои се слободни за цивилна употреба за одредена надокнада ефтино за нас. Инаку ова е високо милитаризирано подрачје поради неодамнешниот Индијско –Пакистански конфликт и сеуште во источниот дел на Кашмир се препукуваат. Исто така ова е тромеѓа на Пакистан, Индија и Кина а северно источниот дел е ничија земја, нема граница има само војно владение.
     
    mic.moto, Spmmak, mushovlae и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Danilo Stankovik - KROKO

    Danilo Stankovik - KROKO Домаќин

    Член од:
    6 Nov 2014
    Мислења:
    1.405
    Допаѓања:
    717
    Трофеи:
    113
    Мотор:
    SACHS mad ass 50
    Клуб:
    ne sum vo nieden
    Со "Ројал", крстареше БРАВО и ХРАБРО нема што.
     
  4. Zuty

    Zuty Активен член

    Член од:
    9 Nov 2014
    Мислења:
    127
    Фото и видео:
    9
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    216
    Трофеи:
    43
    Локација:
    41.9973° N, 21.4280° E
    Веб сајт:
    Мотор:
    GPZ1100, TDM900
    Клуб:
    JOK
    еве малку слики да не биде досадно ..
     

    Attached Files:

    • 1.jpg
      1.jpg
      File size:
      128,2 KB
      Прегледи:
      22
    • 2.jpg
      2.jpg
      File size:
      159,8 KB
      Прегледи:
      21
    • 3.jpg
      3.jpg
      File size:
      143,8 KB
      Прегледи:
      21
    • 4.jpg
      4.jpg
      File size:
      129,4 KB
      Прегледи:
      21
    • 5.jpg
      5.jpg
      File size:
      158 KB
      Прегледи:
      23
    • 6.jpg
      6.jpg
      File size:
      150,8 KB
      Прегледи:
      21
    • 7.jpg
      7.jpg
      File size:
      226,1 KB
      Прегледи:
      23
    • 8.jpg
      8.jpg
      File size:
      10 KB
      Прегледи:
      21
    • 9.jpg
      9.jpg
      File size:
      55,5 KB
      Прегледи:
      21
    • 10.jpg
      10.jpg
      File size:
      104,8 KB
      Прегледи:
      21
    • 11.jpg
      11.jpg
      File size:
      1,2 MB
      Прегледи:
      21
    • 12.jpg
      12.jpg
      File size:
      503,7 KB
      Прегледи:
      22
    • 13.jpg
      13.jpg
      File size:
      503,3 KB
      Прегледи:
      21
    • 14.jpg
      14.jpg
      File size:
      2 MB
      Прегледи:
      22
    • 15.jpg
      15.jpg
      File size:
      1 MB
      Прегледи:
      20
    • 16.jpg
      16.jpg
      File size:
      160,3 KB
      Прегледи:
      20
    • 17.jpg
      17.jpg
      File size:
      164,3 KB
      Прегледи:
      22
    • 18.jpg
      18.jpg
      File size:
      157,1 KB
      Прегледи:
      23
    • 19.jpg
      19.jpg
      File size:
      172,4 KB
      Прегледи:
      23
    • 20.jpg
      20.jpg
      File size:
      147,6 KB
      Прегледи:
      22
    • 21.jpg
      21.jpg
      File size:
      147,9 KB
      Прегледи:
      22
    mushovlae, kolestepanov, fenomenmk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Zuty

    Zuty Активен член

    Член од:
    9 Nov 2014
    Мислења:
    127
    Фото и видео:
    9
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    216
    Трофеи:
    43
    Локација:
    41.9973° N, 21.4280° E
    Веб сајт:
    Мотор:
    GPZ1100, TDM900
    Клуб:
    JOK
    Bullet 500cc
     

    Attached Files:

    • 22.jpg
      22.jpg
      File size:
      64 KB
      Прегледи:
      18
    На mushovlae, kolestepanov и Danilo Stankovik - KROKO им се допаѓа ова.
  6. Zuty

    Zuty Активен член

    Член од:
    9 Nov 2014
    Мислења:
    127
    Фото и видео:
    9
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    216
    Трофеи:
    43
    Локација:
    41.9973° N, 21.4280° E
    Веб сајт:
    Мотор:
    GPZ1100, TDM900
    Клуб:
    JOK
    Никакви проблеми немав со Enfildot само едно скинато цревце за поврат на воздух,но имав среќа го начекав нов со многу мала километража претходната година земен и возен само низ Лех.. човекот се мислеше дали да ми го изнајми но мислам дека му беа потребни пари така да го изнајмив за 220евра за 23дена колку што ми беше потребен. На одење му оставив све вишак што ми беше ..хебла за менување гуми, свеќица, резервна гума, полнач за усб мобилен директно од мотор кој сам го монтирав,осигурачи, чизми за мотор на кои што ѓонот им се распадна од камењата TCX Infinity инаку доста алат носев од дома.
     
    mushovlae, kolestepanov, fenomenmk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. nikola_bb

    nikola_bb Активен член

    Член од:
    12 Apr 2015
    Мислења:
    216
    Фото и видео:
    1
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    130
    Трофеи:
    43
    Мотор:
    Regal Raptor 350 spt
    Како се понашаше машинава на тие висини? Гладна за воздух?
     
  8. Zuty

    Zuty Активен член

    Член од:
    9 Nov 2014
    Мислења:
    127
    Фото и видео:
    9
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    216
    Трофеи:
    43
    Локација:
    41.9973° N, 21.4280° E
    Веб сајт:
    Мотор:
    GPZ1100, TDM900
    Клуб:
    JOK
    Машината беше подесена да поднесе редок воздух до некоја мера, сите во Лех првин ставаат помала главна дизна така да од пола гас нагоре иде помалку гориво така да до 4000м не се осеќа голема разлика, Ројал Енфилдот е слаба машина иако е 500кубика има само околу 30 коња, но и тие се доволни за условите во кои се вози, немав крампон гуми а и амортизацијата му е слаба страна , бев прилично натоварен багаж со мене околу 30кг + 10литра гориво резерва носев, бензинските се раритет а една од горните слики можете да видите како изгледа бензинска пумпа во Нубра долината(највисоката пустина на свет на преку 3500м надморска височина) Бензинот не се мери колку троши на километар туку колку троши на сат возење во тие услови е можно да поминете само 70км и да сте потрошиле повеќе од 10литра бензин што поради воздухот разреден па /ив бензин го фрла а што поради спорото возење по угорници, следува видео со искачување на Кхардунг Ла , највисокиот од познатите премини преку Хималајите 5600м, има и повисоки но не се дозволени за странци, пробав да се искачам на Марсимик Ла кој е повисок некои викаат и 200-300м од овој но немав специјална дозвола која не се одобрува на странци(сем ако немате дебело да платите во магистратот во Лех и да ви обезбедат војна придружба) цело тоа подрачје е под строга воена контрола непосредно е на границата со Кина и ме спречија и вратија назад на отприлика 4500м височина, од војната станица ми дозволија само да се сликам пред да почне вистинското, сликата следува,. Првите 3 дена го поминав Кхардунг Ла и Нубра долината која навистина е нешто чудесно но со многу тешки услови, пустински, денска температура околу 30Ц ноќна околу 0Ц.. Правило е да на Хималајите се тргнува рано со изгрејсонцето и да завршиш со патот до поручек, поручек дуваат јаки ветришта и временските прилики се менуваат многу брзо, и може да премине во невреме а таму рано се стемнува околу 18-19ч така да јас секој ден станував во 4ч наутро и глеедав до кај и да дојдам да се сместам пред 15-16ч . со тоа и успешно ги избегнував "Nalite" потоците од снегот кој се топи во текот на денот и од поручек водата е надојдена и неверојатно се брзи. Во текот на денот поминував околу 150-200км многу пати и помалку , Од Нубра долината накај Пангонг Тцо (највисокото солено езеро на светот) докај Дурбук за отприлика 70км ми требаше повеќе од 5часа, се вози по старото корито на Шијок реката и е обележано како трекинг патека на мапа, Таму влегов во еден од подлабоките потоци "Nali" околу 50-60цм длабок и неможев да искочам добри 15-20 минути со натоварен мотор...ми смрна нозете скроз. кога успеав да се искачам на другата страна околу 1м висока бев тотално исцрпен а нозете не ги осеќав од студ иако надвор температурата беше преку 28Ц...само што поминав позади мене слушнав трубење, се свртев и гледам Тојота Ланд крузер со 4 Индијци преправена за оффроад, биле само на 300метри позади мене и ме гледале но неможеле да дојдат до мене цели 20мин ми кажаа дека се молеле за мене да издржам да водата не ме одвлечка во реката шијок која е неверојатно брза и матна и се наоѓаше на само 30метри од мене, најголем шок им беше гога симнав поткапа сконтаа дека сум белец ме утепаа од бацување и сликање...(јбг ..таков им е таму обичајот, таму најдобри другари се држат за раце кога шетаат како кај нас девојчињата :D )
     

    Attached Files:

    • hrana.jpg
      hrana.jpg
      File size:
      64,1 KB
      Прегледи:
      15
    Last edited: 17 May 2017
    mic.moto, mushovlae, kolestepanov и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Zuty

    Zuty Активен член

    Член од:
    9 Nov 2014
    Мислења:
    127
    Фото и видео:
    9
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    216
    Трофеи:
    43
    Локација:
    41.9973° N, 21.4280° E
    Веб сајт:
    Мотор:
    GPZ1100, TDM900
    Клуб:
    JOK
    слики
     

    Attached Files:

    • 1 (1).jpg
      1 (1).jpg
      File size:
      519,7 KB
      Прегледи:
      23
    • 3.jpg
      3.jpg
      File size:
      333,6 KB
      Прегледи:
      21
    • 45.jpg
      45.jpg
      File size:
      509 KB
      Прегледи:
      22
    На mushovlae му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Zuty

    Zuty Активен член

    Член од:
    9 Nov 2014
    Мислења:
    127
    Фото и видео:
    9
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    216
    Трофеи:
    43
    Локација:
    41.9973° N, 21.4280° E
    Веб сајт:
    Мотор:
    GPZ1100, TDM900
    Клуб:
    JOK
    уште слики од Нубра и Пангонг Тцо
     

    Attached Files:

  11. Zuty

    Zuty Активен член

    Член од:
    9 Nov 2014
    Мислења:
    127
    Фото и видео:
    9
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    216
    Трофеи:
    43
    Локација:
    41.9973° N, 21.4280° E
    Веб сајт:
    Мотор:
    GPZ1100, TDM900
    Клуб:
    JOK
    Ладакх областа која се простира на територија колку 4 -5Македонии е преполна со Будистички храмови и манастири но за жал само неколку се реставрирани во другите е жално и да се влезе за да се види во колкава сиромаштија живееат монасите, овој на гоните слики е харамот на Буда и манастирот во Дискит(Нубра) и е во одлична состојба тука се наоѓа и најголемата статуа на Буда.
    Смешно е на луѓе од толкава територија да им објасниш дека доаѓаш од земја која е 200 х 200км и само со 2мил населеност(Индија има преку милијарда жители и по површина е безброј пати поголема од МК). мислеа дека се шегувам, за Македонија ретко кој има слушнато само пообразованите знаат за Александар Македонски и они памтат(учеле) дека кај нив Александар изел ќутек од нив така да и не е некоја фора да се фалите со него а постарите ја паметат Југославија и несврстаните. Ладакх е специфичен по културата многу различна од остатокот на Индија и секако по јазикот кој е сосема различен од Хинду, но секаде по школите учат англиски(нивна верзија) така да на англиски се споразумеваат со другите индијци туристи. Има многу туристи кои доааѓаат во Ходочастие по храмовите, поодважните идат пешки преку планините и често се случуваат несреќи цела фамилија загина во планините додека бев таму се обиделе пешки да поминат но висинската болест(недостиг на кислород) напаѓа многу брзо и ако не се спуштите на пониско, ќе останете каде што ви се слошило, насобрана вода во мозокот или белите дробови плус суровата клима, посебно кога ќе се стемни не дозволуваат ништо да преживее животни на тие височини нема, на околу 4000-4500 единствено животно што преживува е Јакот и хималајскиот-снежниот леопард(тој немав среќа да го сретнам) а ни Јети не го видов ме излажаа :D
     
    Last edited: 17 May 2017
  12. Zuty

    Zuty Активен член

    Член од:
    9 Nov 2014
    Мислења:
    127
    Фото и видео:
    9
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    216
    Трофеи:
    43
    Локација:
    41.9973° N, 21.4280° E
    Веб сајт:
    Мотор:
    GPZ1100, TDM900
    Клуб:
    JOK
    Искачувањето на Кхардунг Ла видео

     
    На Danilo Stankovik - KROKO му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Zuty

    Zuty Активен член

    Член од:
    9 Nov 2014
    Мислења:
    127
    Фото и видео:
    9
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    216
    Трофеи:
    43
    Локација:
    41.9973° N, 21.4280° E
    Веб сајт:
    Мотор:
    GPZ1100, TDM900
    Клуб:
    JOK
    Од Марсимик Ла ме вратија
     

    Attached Files:

    На Danilo Stankovik - KROKO му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Zuty

    Zuty Активен член

    Член од:
    9 Nov 2014
    Мислења:
    127
    Фото и видео:
    9
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    216
    Трофеи:
    43
    Локација:
    41.9973° N, 21.4280° E
    Веб сајт:
    Мотор:
    GPZ1100, TDM900
    Клуб:
    JOK
    Искачувањето на Чанг Ла повторно над 5000метри, викаат 5360м .Колку само Монт Блан се чини низок и колку сме сите ние малецки и ништожни во споредба со природата...
     
  15. Zuty

    Zuty Активен член

    Член од:
    9 Nov 2014
    Мислења:
    127
    Фото и видео:
    9
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    216
    Трофеи:
    43
    Локација:
    41.9973° N, 21.4280° E
    Веб сајт:
    Мотор:
    GPZ1100, TDM900
    Клуб:
    JOK
    Интересни работи се случуваат на тие височини...бидејќи искачувањето то ест менувањето на надморска височина од преку 1500-2000м со мотор е релативно брзо..неколку часа така се менува и воздушниот притисок или контрапритисок, расположението се менува од еуфорично до меланхолично, така да сум се смеел и сум плачел под кацига :rolleyes: а не ми било јасно зошто....
     

    Attached Files:

  16. Zuty

    Zuty Активен член

    Член од:
    9 Nov 2014
    Мислења:
    127
    Фото и видео:
    9
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    216
    Трофеи:
    43
    Локација:
    41.9973° N, 21.4280° E
    Веб сајт:
    Мотор:
    GPZ1100, TDM900
    Клуб:
    JOK
    Нубра пустината онака колку да праиме шлајф по песок :eek:

     
    Last edited: 17 May 2017
  17. Zuty

    Zuty Активен член

    Член од:
    9 Nov 2014
    Мислења:
    127
    Фото и видео:
    9
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    216
    Трофеи:
    43
    Локација:
    41.9973° N, 21.4280° E
    Веб сајт:
    Мотор:
    GPZ1100, TDM900
    Клуб:
    JOK
    поубавите видеа се снимани со телефон тие од возењето се со ефтина кинеска камера 50евра, верзија на го про. затоа и има толку разлика , при возењето не се слуша звукот туку само удирањето на камерата внатре во водоотпорното куќиште. Првпат снимав со адветуре камера така да многу видеа и се уништени. Ова е дел од видеата кои успеав да ги конвертирам за да искочат во пристоен формат инаку беа огромни во оригиналот, голем број преку 100 не се конвертирани се откажав за на ТВ не ми треба конвертирање од MOV. формат. А сликите ги намалувам бидејќи неможам во оригинал да ги уплоадирам овде на форумот исто така многу големи фајлови со висока резолуција.
    Да се навратиме на темата, најтешко за време на патот ми беше самотијата, луѓето во овој регион се прилично затворени посебно со странци, малку зборат и комуницираат сакаат да се сликаат со вас и бегаат, ви се заблагодаруваат на муабетот(а само што отворив уста) и толку е завршува све, нервира таа некоја нивна понизност, скромност и затвореност различна од нашиот менталитет. Тоа се мирни луѓе Будисти , кај нив криминалот скоро и да не постои, од првин бев скептик бидејѓи се многу сиромашни и во страшни услови живеат но единствените галамџии и серковци се туристите од долна Индија..за нив немам зборови толку ми се чинеа невоспитани, такво нешто не сум доживеал кај нас или многу ретко. Повеќето туристи Индијци се богати и страшно распрдени, нашите новопечени богаташи се гола вода за нив...тие живеат во својот филм од Боливуд...Доаѓаат со бесни офроад 4х4 возила и беснеат по планините дури и на добрите патишта возат на двете ленти без обзир кон никого, често има сообраќајки кои обично се катастрофални. носат алкохол со себе од дома, бидејќи во Ладакх многу тешко се набавува алкохол па дури и пиво, во цел Лех има само една продавница за алкохол, јас не ја начекав отворена, газдата на смештајот на црно зимаше алкохол, а јас на црно купував цигари бидејќи е забранета продажба на тутун во Ладакх исто така и пластична амбалажа е реткост сем шишиња за вода ја нема, продажба на пластични кеси е строго забранета. Кравите се оштествени миленичиња и слободно се шетаат насекаде и по улиците и им фрлаат храна пред капија како кај нас што ги хранат кучињата скитници, но крава несмеш да отруеш или убиеш, освен ако несакаш да лежиш затвор :). Полицијските и воени контроли се многу чести јас носев копиии на сите мои документи и оставив копии и се потпишував на околу 10 места за време на целото патување од околу 2300км, на секој мост се плаќа мостарина, како на времето на овие простори :cool:...
     
    Last edited: 17 May 2017
  18. Zuty

    Zuty Активен член

    Член од:
    9 Nov 2014
    Мислења:
    127
    Фото и видео:
    9
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    216
    Трофеи:
    43
    Локација:
    41.9973° N, 21.4280° E
    Веб сајт:
    Мотор:
    GPZ1100, TDM900
    Клуб:
    JOK
    Еве пар видеа покрај Шијок реката ..милина за возење :) малку тресам глупости но толку печеше сонцето и немав видено човек ни животно последните 5-6часа

     
    На mic.moto му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Zuty

    Zuty Активен член

    Член од:
    9 Nov 2014
    Мислења:
    127
    Фото и видео:
    9
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    216
    Трофеи:
    43
    Локација:
    41.9973° N, 21.4280° E
    Веб сајт:
    Мотор:
    GPZ1100, TDM900
    Клуб:
    JOK
    И уште некое од овој интересен предел, верувајте камењата ми здосадија после првата недела а ги трпев цел месец ..са ужелев за зеленило , сепак Европските Алпи се рај на земјата ....На следново видео барам од другар ми Вана(Сашко Ванов) познатиот кросиста од Велес да ми прати мотор под итно, воедно тој ме поклони резервни гуми за по пат.. Му благодарам што веруваше во мене.
    Инаку некаде после овие видеа и јас замалку да наебам во вододерина...ама се е добро кога добро ќе се заврши. Тоа од лева страна на видеото со реката е правецот од кој дојдов еден добар дел се поминува директно по нешто како тунели а всушност се паднати карпи

     
    На Danilo Stankovik - KROKO му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Zuty

    Zuty Активен член

    Член од:
    9 Nov 2014
    Мислења:
    127
    Фото и видео:
    9
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    216
    Трофеи:
    43
    Локација:
    41.9973° N, 21.4280° E
    Веб сајт:
    Мотор:
    GPZ1100, TDM900
    Клуб:
    JOK
    Еден од поинтересните манастири по пат е познатиот Хемис манастир од 11 век, најголемиот манастир во Ладакх, најверојатно и најважниот за Будистите ширум светот. Далај Лама секое лето престојува тука за време на годишниот фестивал...Имав среќа при посетата имаше организирана фешта за германски туристи, претходно ги сретнав на паркингот се одушевија кога слушнаа дека сум од Mazedonien :)

     

    Attached Files:

    На mic.moto, mushovlae и Danilo Stankovik - KROKO им се допаѓа ова.

Разгласи за форумот