Уље за 2т

Trajkata

Нов член
#1
Здраво.

Користам ени 2т топ фул синтетик. Бидејќи треба да нарачувам од Скопје или Велес некако не ми се чека, ми треба итно некогаш уљето, а и + 100-200 ден. за пратката да давам ми испаѓа 800 ден. Сакам да ми препорачате некое добро уље каде што го има секаде низ МК :)

Фала унапред :)
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#2

Ниту едно уље го нема секогаш и секаде иако и ние би сакале да биде така. Добри уља има многу ама ќе треба да си имаш залиха, јас на пример почитувам само масла специјализирани за КАРТИНГ, тоа е врвот на 2Т маслата
На пример омилено ми е Shell Advance RACING. M.
shell_advance_racing_m_1.jpg
 
Last edited:

Trajkata

Нов член
#3
Ниту едно уље го нема секогаш и секаде иако и ние би сакале да биде така. Добри уља има многу ама ќе треба да си имаш залиха, јас на пример почитувам само масла специјализирани за КАРТИНГ, тоа е врвот на 2Т маслата
На пример омилено ми е Shell Advance RACING. M.
Прикачени фајлови 978
Јас разбирам да го нема секогаш ама тука у градот кај мене го нема никаде, не можам да го најдам тоа уље никаде. :)
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#4

Порано одев во Грција и купував по 10 некогаш и повеќе литри и така имав за повеќе време. Јас сум од Скопје па и за овде не сум сигурен дека секогаш ќе го најдам маслото кое сум го ставил предходно. Инаку дистрибутерите веднаш ти наоѓаат заменско као "исто е како предходното ама понова амбалажата била".
 
Trajkata

Нов член
#5

Брат а според тебе од овие шо се за 2т фул синтетички кои се подобри можеш ли да ми кажеш, некои брендови да ми препорачаш па да видам дали ги има тука ?
 
nikola_bb

Активен член
Мотор
Regal Raptor 350 spt
#6
а зошто фул синтетика на што моторче го ставаш? колку врти машината?
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#7
Брат а според тебе од овие шо се за 2т фул синтетички кои се подобри можеш ли да ми кажеш, некои брендови да ми препорачаш па да видам дали ги има тука ?
Според аватарот кој го стави од неодамна, поврзувам дека маслото го користиш на скутер, ако сум во право апсолутно не ти треба FULL, TOP, MAX, RACING.........итд синтетик. Валволинот кој можеш да го начекаш на Макпетрол бензиските со една кросарица на етикетата е сосем доволен и беспрекорен за своите 400 и нешто ситно денари од литро.
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#8
1118.01 2 Stroke Racing Oil 1L profile_AUS.png
Ова на времето го купував од ГР, полусинтетик, sae 50 му е густината, темно плаво како мастило со мирис на стопена пластика. Од ауспух многу пријатен мирис и без нападен чур. Заради густината не се меша преку пумпа туку дирекно во резерварот или кантата со бензин. На Хускварна 250 2% мешавина сосем доволно и на машко малтретирање.
ПС. Ова е најновата амбалажа.
 
Trajkata

Нов член
#9
Според аватарот кој го стави од неодамна, поврзувам дека маслото го користиш на скутер, ако сум во право апсолутно не ти треба FULL, TOP, MAX, RACING.........итд синтетик. Валволинот кој можеш да го начекаш на Макпетрол бензиските со една кросарица на етикетата е сосем доволен и беспрекорен за своите 400 и нешто ситно денари од литро.
па јас како шо знам со малоси кит и пренос мислам дека треба 100 % синтетичко или грешам? И кога го зимав скутерот такво ми рекоа да ставам, ваљда знаат нешто или па се праат само дека знаат уствари поима немат :D . Иначе користам скутерче 2т, добро си видел :)
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#11

И Валволинот што ти го препорачувам е 100% синтетик ама е 400 денари и го има на бензиските на Макпетрол. Одлично масло имаш од Модрича ама "проблем" е што продаваат најмалку цел пакет, ако си заитересиран можеш да се информираш кај Nikola.bb.
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#15
Па околе 9000 тука некаде, зашто?
9000 вртежи се ништо, информативно еден картинг врти 25000 вртежи
Инаку горенаведеното масло е опасно добро и има увозници за МК, слободно влези на нивната страна и види какви се производи имаат.