Regal Raptor NAC25

nikola_bb

Активен член
Мотор
Regal Raptor 350 spt
#21
Рапторот е слабо снажен за кубикажата која ја има, и има многу вибрации. Јас го имав и го дадов, многууу е точак. И тоа штелован синхронизирани карбуратори се по список ама џабе.
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#22
Сигурно нема да штракаат повеќе од лингкенот хехе. Иначе наидов на два 1000/1100е . Тој ми е буџетот поточно првичниот беше до кај 600-700е и барав лингкен кој едвај можиш да најдиш сочуван па кога најдов и тој ми летна неколку сати пред да се јавам јас :/ и така некако ми замачка очи рспторов па кренав малце на цена која ми е макс. Што би до мене и феникс 125ка би возел иако тие се дамбетар од секој мотор во тресење и се друго. Сакам само фаца моторче што би ме терало до низ град или некој километар повеќе, знам дека со фениксот тоа не е возможно па остај што нема такви се нафрлив на рапторот. Една маска напред и ќе добие друг изглед арно ама делови нема. Се пребарав само во мотопартс има за 250ка. Искрено сумава за мотор ми прави проблем кој за жал во моментов е таа инаку знаам што би зел ххахах но тоа е тоа.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Околу вентилите на Линкените - ви штракаат зошто ги штелуете ко на Мото Гуци Фалконец. Кога се по пропис не се слуша.
 
Допаѓања: vige
#23

Па јас им одев со упатството ама сиве експерти кај нас знаеш како е. Мада тој што ми ги штелуваше ми беше братучед, а и имаше лингкен како мојот.. Арно ама по подолга вожња штракаја ко саат од на баба ми времето

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
vige

Активен член
Мотор
Honda CBR
Клуб
/
#24
:):):)
Околу вентилите на Линкените - ви штракаат зошто ги штелуете ко на Мото Гуци Фалконец. Кога се по пропис не се слуша.
Kaj bre ti tekna na Falcone, celi prikazni od vojska se imam naslushano....shto vozaci shto mehanicari:):):)
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#26
Па јас им одев со упатството ама сиве експерти кај нас знаеш како е. Мада тој што ми ги штелуваше ми беше братучед, а и имаше лингкен како мојот.. Арно ама по подолга вожња штракаја ко саат од на баба ми времето

Sent from my iPhone using Tapatalk
Упатството е 0,06 усис со 0,08 издув но, 0,05 со 0,05 малку лабаво на издув е сосем ОК за нашиот бензин.
 
kolestepanov

Активен член
Мотор
tomos avtomatik cafe racer
Клуб
sloboden vozac
#28
Ај посебно за старите машини па да се кажат ( маките) искуствата
 
Допаѓања: vige
#29
Знам дека можеби ќе "бидам испeан" бидејќи го купив рапторот но за 800е не можев да најдам нешто подобро(бaрем така мислам)
Го купив четвртокот и 100те км до дома ги извозе мое другарче. Не знам дали има некаков проблем или не но перката за ладење и сијаличето не се уклучија после тие 100км. Дали е тоа нормално или не не знам, прв мотор ми е со водено ладење. Другарчето го возеше до кај 80/100 пополека.

Едно ме загрижува што најверојатно цело време е возено под саух, а и јас денес 50км ги направив под саух. Бидејќи после 20км почна да има некое трокирање при давање гас, касни секунда и после наеднаш завзема а и после 7к обрати има некој ттт звук. Истово ми се случуваше со лингкенот веднаш чим го пуштев под саух.. Дали е можеби филтерот или саухот не знаам или нешто трето.

Па затоа и да прашам:
Претходниот газда ми рече дека со кревање на рачето нагоре(тоа што се наоѓа на левата рачка кај командите) моторот е под саух, после една минута да го ставам на средина па потоа најдолу. Е сега на интернет наидов на руска страна каде што има документ на англиски и објаснува се за моторов, таму пишува пак обратно. Па ме интересира ваше мислење, сигурно некој има искуство со овој мотор.

Друго прашање: колку со колку да се штелуваат вентилите?

Дали можи да се направи инжекшн како од поновите години или е неисплaтлива инвестицијa, доколку воопшто е можна бидејќи треба и други делови.

Благодарам

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Last edited:
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#30

Имам само еден краток коментар кој воедно може да се свати и како пеење - ПОСЛЕ ЕБЕЊЕ НЕМА КАЕЊЕ:)
 
#31

Да да тоа е така но ко ќе те фати криза за мотор тоа е тоа.
Ако можи некој предлог ок, ако не да сме здрави и живи хаха.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
nikola_bb

Активен член
Мотор
Regal Raptor 350 spt
#32
многу едноставно види лептирот од саухот како се движи во однос на полугата. Дали уклучува перка запали го во место и мери температура за да пратиш да не прегрее и види дали ќе уклучи.
Инџекшн неможе да се направи, неисплатливо е многу замени има и неможеш да ги најдеш деловите освен од ист таков ако не префрлиш. Кај нас не е носен инџекшн модел.
 
#33

Средено со саухот, наидов на руска страна каде што има се и сешто за рапториве и таму беше поставен линк во ПДФ формат каде што пишуваше на англиски. Претходниот газда не ми кажа убаво.

Тоа средено, но проблемот после 7000 обртаи сеуште е тука. Како да се гуши моторот да нема воздух :/ а се до 7к обртaи моторот е струја. Не знам дали е до филтерот за воздух, вентилите или нешто со карбурацијата.

Патем во врска со перката сеуште при толку возење не се уклучи, се мислам да ја проверам директно дали се уклучува па доколку работи најверојатно да е рикнат сензорот за температура( ова по моја логика што можеби е грешно) иако радиаторот не е затоплен( се фаќа со рака) доколку има некоја врска и тоа.
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#34

Младиќу, јас знам дека кога нема да послушаш постар, поискусен, постручен итн итн, треба да го кркаш како поука ама ми е жал што те слушам\читам. Не е добро, прво провери дали и колку има антифриз, провери дали има и дали функционира термостат исто и термопрекидач. НО, на овие пеколници дека хладњакот не е затоплен и се пипа со рака НЕМОЈ ДА СЕ ЗАЛАЖУВАШ ни случајно.
ПС. Провери дали воопшто врти водната пумпа.
 
Last edited:
#35

Водната пумпа работи, го однесов кај еден мајстор вика треба да е загреан многу за перката да работи па и јас сега не знам. Го отвори капачето и фрлаше вода. Е сега не заприметив кога даваше гас или без.
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#36

Е ај загреј го во меесто нека запали перка, а тоа околу фрлањето вода неќам да коментирам многу. Како прво ВОДА може у чаша кога си жеден, а у систем за ладење само антифриз, како второ................долг список.
Може и електромоторот што ја врти перката треба да е исправен, што да ти кажам:)
 
Допаѓања: vige
#37

Значи прв мотор ми е со водено ладење воедно и поголема кубикажа, до пред тоа прв мотор ми беше лингкенот и уште два скутери 50 и 125цц за работа :). Вода, антифриз или што и да е не знам јас онака си лупнав вода, ама најверојатно имало и антифриз бидејќи имаше и сина течност...

Како и да е ќе го однесам битола или охрид зошто кај мене мајсториве за томос и скутери ги бива

Ќе го проверaм ладењето таму, вентилите ќе ги средам сам само ме интересира ако некоj знае колку со колку да ги штеловам?

За карбураторот ќе видам ќе го исчистам друго не чепкам да не дозафркнам хаха

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
kolestepanov

Активен член
Мотор
tomos avtomatik cafe racer
Клуб
sloboden vozac
#38
На овој пекол да не е загреан? Арно вика мајстор Кроко одамна нема вода само ладење со течност зошто е така дознај сам ? Ако те интересира повеќе има на Bjbikers кинеска империја гледај таму имаше пред неколку години проблем со ладењето ист или сличен модел.
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#39
Значи прв мотор ми е со водено ладење воедно и поголема кубикажа, до пред тоа прв мотор ми беше лингкенот и уште два скутери 50 и 125цц за работа :). Вода, антифриз или што и да е не знам јас онака си лупнав вода, ама најверојатно имало и антифриз бидејќи имаше и сина течност...

Како и да е ќе го однесам битола или охрид зошто кај мене мајсториве за томос и скутери ги бива

Ќе го проверaм ладењето таму, вентилите ќе ги средам сам само ме интересира ако некоj знае колку со колку да ги штеловам?

За карбураторот ќе видам ќе го исчистам друго не чепкам да не дозафркнам хаха

Sent from my iPhone using Tapatalk
Мајстор си е мајстор, Томос е машина за било кој 2Т скутер тоа да знаеш и ти и сите. Кој разбира разбира кој не господ нека му е на помош. Зборот ми беше дека не ти требаше "ногата у трн" ама тоа е.
ПС. 0,05 и усис и издув, на издувот малку полабаво да оди шпиунот(така би играл јас)
 
Last edited:
#40
На овој пекол да не е загреан? Арно вика мајстор Кроко одамна нема вода само ладење со течност зошто е така дознај сам ? Ако те интересира повеќе има на Bjbikers кинеска империја гледај таму имаше пред неколку години проблем со ладењето ист или сличен модел.
Па искрено не е, нема што да мамам раката на радијатор ја ставам, можи да се држи колку ти душа сака. Онака млако е. И од страна поточно од десна страна ја ставив се држеше, не колку на радијатор ама можи комотно без да ја тргниш одма рефлексно.. Ама не е тоа тоа, додуша не ги правам по многу километри, по 5 по 10 некогаш 30 ама не е тоа тоа. Можеби се си е ок ама сепак мора да се провери, не ми дава мир додека не го провери саглам мајстор па ќе одам надвор од градов сегс тоа е тоа. Не ми се остава на нема гајле терај бидејќи кај нас за се е така :/

Благодарам Кроко, ќе ги штеловам 5 со 10 т.е. малку позатегнат издувот од 10 па ќе видиме како ке е :)
Sent from my iPhone using Tapatalk