Референдум за заедничко возење 13.10.2018

Damjan Bogdanovski

Активен член
Мотор
Suzuki V-Strom DL-650 ABS
Клуб
Pekolni Kontrolori
#1
Почитувани браќа и сестри сомоторџии,

По повод преубавото октомвриско сонце и благопријатното време воопшто, ве повикувам за саботава, задутре, да организираме едно масовно заедничко возење. За рутата се прифаќаат предлози, од кои мојот е:

Сабота 13.10.2018
10 часот
Бензиска "Макпетрол Индустриска" (после Автокоманда)

Скопје - Петровец - Коњари - сушица - Свето Николе - Мечкуевци - Пробиштип - Кратово - Куманово - Скопје

Пауза за ручек во Пробиштип.

Враќање во Скопје околу 18:00 часот.

Отворено за сите категории на мотори и нивоа на искуство на возачите.

Кој е ЗА, нека се пријави овде. Кој бојкотира, нека си купи фиксен точак или мотор за во соба и нека тера.

Јас одам СИГУРНО, така да кој дојде нема да извиси. :) Повелете, само пријавете се овде за да знаеме кој доаѓа.

Поздрав,
The Bogdan
 

Spmmak

Нов член
#2
Јас сум ЗА - со тоа што можеби ќе морам околу 16:30 да сум на аеродром - Петровец.

Поздрав!
 

Damjan Bogdanovski

Активен член
Мотор
Suzuki V-Strom DL-650 ABS
Клуб
Pekolni Kontrolori
#3
Договорот е 10:00 на Макпетрол и тргнуваме веднаш. Кој дошол - дошол. :)

Ќе темпираме до 16:30 да бидеме на аеродром.