Проблем со снагата на Ренџер 150цц кинески.

Pane24

Нов член
Мотор
Ranger 150cc
Клуб
Motors
#1
Здраво форумџи, на форумов наидов на нет случајно но не се зачленив од мака туку сум моторџија од мали нозе и билдер во растурање на мотори со 50% успех во поправките :D Да почнеме со следново : Моторот откако ке се возе 10-15 минути почнува да се гуше и касно реагира со туражата односно откако ке му дадам нагло туража дури по 10 секунди откако ке земе залет има снага. Претходно не беше таков. И приметив дека аухспухот ( топот ) прегрева многу и го проверив внатре беше целиот со црни саѓи. Вентилите ги проверив не беа изместени , палењето исто така. Филтерот за воздух исто така е исчистен. На моторот сум прв газда и пред 500км беше правен фулл ремонт и немаше гајле се до сеа. Дајте ваши предлози што може да му биде одприлика?
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#2

Значи уште еден феномен од типот: СЕ Е ДОБРО АМА НЕ ЧИНИ.
 
Pane24

Нов член
Мотор
Ranger 150cc
Клуб
Motors
#3

Денеска веќе после 20минути возење почнува да гуше моторот и одма гасне , потоа ептен тешко за да запали дури не изладе... Сумљам на деклата да е искривена нешто али немам друга за да пробам па не би сакал да играм на слепо па затоа и тука да си прашам поискусните.
 
Pane24

Нов член
Мотор
Ranger 150cc
Клуб
Motors
#4
За да не бидам како многу други скржави со знаењето и со откриениот дефект решив да го споделам дефектот тука , ЦДИ-то откако го сменив моторот се нормализира а и добив за 10-20% поголема снага. Односно сеа после 1 час возење нема гајле , пали од прва на курбла и т.н
 
vige

Активен член
Мотор
Honda CBR
Клуб
/
#5
Kroko,
Za pomalku iskusnite CDI u stvari e zamena za magnet i bobina? A razvodnik, imaat motorite, ili pali sekoja svecica sekogash....
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#6

CDI е да речеме замена за разводник сосе теговите за уранување, кога е во прашање CDI свекиците фрлаат искра и на палење(вентилите затворени) и на вагање(вентилите подотворени заради вентилирање на компресивниот простор) а давачот или давачите одлучуваат која свекица и кога ќе фрли искра нормално возбудени од посебно дизајнираниот ротор.
 
Допаѓања: vige
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#7
pickupcoil.gif
во прилог на горекажаното.
Инаку разводник онака класичен немаат, али ова на сликава горе ја има таа функција.
 
Допаѓања: vige

alekkela-onak

Активен член
Мотор
kawasaki
Клуб
sons of the order
#8
Денеска веќе после 20минути возење почнува да гуше моторот и одма гасне , потоа ептен тешко за да запали дури не изладе... Сумљам на деклата да е искривена нешто али немам друга за да пробам па не би сакал да играм на слепо па затоа и тука да си прашам поискусните.
Друже, морам да те прашам... Декла? Ренџерот 150-ка нема декла на моторот. Има глава. Тој мотор е со излиена декла на блокот!
Морам да го пишам, затоа што многу луѓе, поготово накај битола, прилеп, ресен, на таа страна за глава на мотор велат декла... А декла е нешто друго.... ;)
Позз