Предлог измени на законот за сообраќај

Free

Нов член
#41
Да информирам во врска со обука и полагање за мотор. Во консултација со повеќе авто школи кои вршат обука за А категории, од кои нивни претставници учествуваат редовно во донесувањето на законите и правилниците (такви измени сега се имплементираат), дефинитивна е информацијата дека нема впишување на повисока категорија за мотор автоматски односно потребна е нова обука и полагање (пример ако се има А1 категорија по исполнување на условите за да може да се стекне А2 или А категорија повторно има обука и полагање). Ова се применува од 30.09.2015 година а пред тоа можеше автоматски да се впише категорија (од А1 на А). Во моментот сеуште нема А2 категорија но се работи на тоа т.е оваа година ќе се вметне во возачките и ќе почнат полагања. Инаку претходно (пред 30.09.2015) само постоеше А категорија додека А1 беше ПОДКАТЕГОРИЈА која автоматски преоѓаше во А што не е случај сега.
Наредниот Јануари полнам 24, дали можеби знаеш дали ќе смеам да возам часови летово без полни 24, па потоа да полагам откако ќе наполнам?
 
Мотор
Peugeot Satelis 250
#42
Наредниот Јануари полнам 24, дали можеби знаеш дали ќе смеам да возам часови летово без полни 24, па потоа да полагам откако ќе наполнам?
Би те упатил за најпрецизен одговор до некоја авто школа околу евентуална обука без полни 24 години. Но би те советувал да си ги земеш часовите непосредно пред полагање (значи кога ќе наполниш 24 или 2-3 недели порано доколку може) за да ти биде „свежо“ пред полагање особено за полигон (ова се однесува за слаломот меѓу чуњеви кој е со размак 3 метри а моторите за А категорија се поголеми сега па убаво и со осет треба да се совлада). Затоа совет-не брзај туку наполни 24 и веднаш реши го ова.
 

Admin

Administrator
Staff member
#43
Да информирам во врска со обука и полагање за мотор. Во консултација со повеќе авто школи кои вршат обука за А категории, од кои нивни претставници учествуваат редовно во донесувањето на законите и правилниците (такви измени сега се имплементираат), дефинитивна е информацијата дека нема впишување на повисока категорија за мотор автоматски односно потребна е нова обука и полагање (пример ако се има А1 категорија по исполнување на условите за да може да се стекне А2 или А категорија повторно има обука и полагање). Ова се применува од 30.09.2015 година а пред тоа можеше автоматски да се впише категорија (од А1 на А). Во моментот сеуште нема А2 категорија но се работи на тоа т.е оваа година ќе се вметне во возачките и ќе почнат полагања. Инаку претходно (пред 30.09.2015) само постоеше А категорија додека А1 беше ПОДКАТЕГОРИЈА која автоматски преоѓаше во А што не е случај сега.
Нема шанси да помине тоа така, глупост е да се полага иста работа три пати, ако од мвр ја потврдат информацијата одма ќе поднесеме барање за измени на законот. Иначе А1 постои од порано, јас ја имам на возачката од 2007-ма, т.е. во 2011 ми е издадена и впишани ми се А1 и А. Проблемот е со А2, ја донесоа како измена во законот ама никогаш не профункционира, и во моментов лебди. Така да стрпете се малку да си добиеме црно на бело па ќе биде се јасно. Исто како што беше со регистрацијата на мотори, одлуката ја донесе мвр за регистрација на 3,6,9 месеци а на шалтерите уште никој не знаеше па мораше со дописот да одиме од шалтер на шалтер, ама ете, сега може каде сакаш :)
 
Мотор
Peugeot Satelis 250
#44
Значи нема што да се чека од МВР, барано е и не е прифатено од порано да се впишуваат автоматски категориите. Тоа што викаш нема шанси да помине, поминато е уште од 2015. Законот е од 30.09.2015 година и така функционира од тогаш. Не постои авто школа (барем во Скопје) што не е запознаена со ситуацијата со А категориите (евентуално непознавање може да има кај авто школите кои не вршат обука за А категории). А1 постоеше порано како ПОДКАТЕГОРИЈА која преоѓаше автоматски во А (убаво ги исцитира годините 2007 и 2011 ама законот е од септември 2015). Сега е се селектирано во посебни категории така да разликата сега е што А1 е КАТЕГОРИЈА посебна како и А2. По твоја логика ако се оди на автоматско впишување тогаш немаше да има потреба од А2 категорија туку од А1 ќе се впишеше А. ФАкт е дека се е направено за повеќе пари да се земат (затоа и А2 се стави во законот која оваа година согласно луѓе кои учествуваа во измените и дополнувањата на законот, ќе биде и во пракса имплементиран) ама дефинитивно од 30.09.2015 година до денес нема автоматско впишување на категорија.
Дали ќе има понатаму нов закон кој ќе го смени постоечкиот ќе видиме. Дај боже. Овие денови излагаат измените во законот, но нема да има промена во делот за кој полемизираме.
П.С. Може да`пише некој на порталот дека впишал автоматски дозвола по 30.09.2015, ама таков нема да има.
 
Last edited:

Admin

Administrator
Staff member
#45
Во право си, мора да се полага за секоја категорија, освен ако имаш 24 години и директно полагаш за А.

Odgovor-na-baranje-1.jpg
Odgovor-na-baranje-2.jpg
 
Мотор
Peugeot Satelis 250
#46
Битно е дека се отклонија дилемите околу полагањата за А категориите.
 

gjgj

Нов член
Мотор
Merida BIG.NINE 20D
#48
Некој да има линк до некое официјално инфо за тоа кој е критериумот за минимум моторцикл со кој може да се врши обука и полагање со А категорија?
 

gjgj

Нов член
Мотор
Merida BIG.NINE 20D
#49
1. за „А1“ категорија - со моторно возило од „А1“ категорија, мотоцикл без приколка, со зафатнина од најмалку 120 cm3, кој може да постигне брзина од најмалку 90 km/h;

2. за „А2“ категорија - со моторно возило од „А2“ категорија, мотоцикл без приколка, со зафатнина од најмалку 400 cm³ и моќност на моторот од најмалку 25 kW;

3. „А“ категорија - со моторно возило од „А“ категорија, мотоцикл без приколка, со зафатнина од најмалку 600 cm³ и моќност на моторот од најмалку 40 kW;

Од следниве линкови:
Линк 1 и Линк 2

И во следниов документ го има појаснето практичниот дел од полагањето со пар слики (страна 9 и 10):
Линк 3