Предлог измени на законот за сообраќај

Trninka

Домаќин
Мотор
Kymco Agility 4T 80cc NCY kit
#21
Ај и јас да ги дадам моите 50 дени. Сум за полагање, па дури и за 50цц, оти децата стварно незнаат да возат, и прават проблеми у сообраќај и освен нивниот живот, се знае, го загрозуваат и животот на другите.

Или мое упростено, нека возат со Б категорија, ама ако полиција го фати да прави глупост, одма да го прати на условно полагање за мотор. Па да видеме дали така ќе се понашаат/понашате на улица.

Оти стварно сум изнервиран деновиве, еве возам кола 3 недели и гледам што прават таканаречените “моторџии“, така што ми доаѓа и мене да го згазам коа се курчи, па и без кацига, и осмици ми прави пред кола...
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#22

И тоа поминување на црвено, па се врти лево десно ко да украл лижавче па проверува дали го видел некој.
 
Слаткоја

Активен член
Мотор
Aprilia RSV4 RR 2017
#23
Да, дозволено е во Франција, ама откога возачот кој има категорија Б:

1) Ќе ја поседува категоријата најмалку две години
2) Ќе заврши обука за управување на возило од категоријата А1

Што значи: обука пак мора да заврши и мора да има докажано некое претходно возачко искуство - единствено што не мора да полага. Не е дека директно му е дозволено и без никакви трошоци. Само е упростено.

Мислам дека не постои земја во Европа каде што со возачка дозвола од Б категорија може инстант да се управува со мотоцикл до 125 ццм. Некој стандард на ЕУ, кој се применува и во Балканските земји е да се полага за таа категорија - А1. Примерот со Франција оди во прилог на оние кои што погоре сметаа дека за да се седне од кола на мотоцикл, сепак треба да се совладаат некои специфични вештини за тоа возило. Прашање е само дали ќе се полага или не - ама обука и искуство се бараат секаде.
Ние го баравме истото, да се дозволи управување на мотоцикл со зафатнина до 125цм3 со Б категорија за искусни возачи (најмалку 2 години поседување на Б), а барањето беше како резултат на разговорите кои ги имавме со засегнатите страни (возачи на автомобили кои би возеле ваков мотор како и продавачите на мотори кои немаат продажба во овој сегмент заради истата причина).
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#24

Токму така има многу автомобилисти кои не се моторџии во крв АМА заради градските гужви кои во Скопје стануваат страшни би возеле скутер до 125 кубика заради избегнување проблем со паркирање, пазарување, одење на работа и безброј други поволности кои ова превозно средство ги пружа.
 
vige

Активен член
Мотор
Honda CBR
Клуб
/
#25
Дозволено е и во Италија и тоа автоматски. Инаку Кроко описот до 125 не е страшен за било кој 4т мотор. Мислам дека е будалаштина и овде и во други европски држави, да гњавиш некој со Б категорија и да речеме 2 години искуство, да полага пак за 10kw машина. Правото го стекнува автоматски и бркај работа. Тоа е релана борба пртив гужви и зголемување на безбедност (просто е, побезбедно е со помалку големи возила во промет-коли), а не 5 типа дозволи за возила на 2 точка.
 
alekkela-onak

Активен член
Мотор
kawasaki
Клуб
sons of the order
#26
Токму така има многу автомобилисти кои не се моторџии во крв АМА заради градските гужви кои во Скопје стануваат страшни би возеле скутер до 125 кубика заради избегнување проблем со паркирање, пазарување, одење на работа и безброј други поволности кои ова превозно средство ги пружа.
оваа категорија на ауто/мото возачи, целосно ке си ги исполнат потребите и со 50цц моторче, затоа што за низ град, и тој е одличен и доволно брз мотор...

концептот на А1 и А2 категориите е одличен. имаш 16+ години? сакаш да возиш појак мотор од 50цц? ок, полагај, вози 125-ка, после 2 години, автоматски стануваш и искусен возач на побрзи и поснажни мотори (А категорија ја добиваш автоматски)... тоа е одлична идеја... лично знам некои што имаат 125-ки скутери кои сериозно се брзи. како на некој што возел пони точак, па седнал зад волан у кола, да му даде доверба дека ќе биде агилен, стабилен, безбеден и за себе и за околината, ако му дозволиш да седне на таков мотор? мислам, нон сенс е тоа... иди полагај, положи, па вози после... повторувам, јас сум за.. и ојле и дојле се докачија до секакви тракаталци на 2 тркала и тоа е по малку опасно...
 
Free

Нов член
#29
Каде можам да го прочитам новиот закон? Скоро бев во автошкола и ми рекоа дека не можам да полагам додека не наполнам 24 години. Знае некој нешто повеќе?
 
Trninka

Домаќин
Мотор
Kymco Agility 4T 80cc NCY kit
#30
Каде можам да го прочитам новиот закон? Скоро бев во автошкола и ми рекоа дека не можам да полагам додека не наполнам 24 години. Знае некој нешто повеќе?
http://www.pravdiko.mk/wp-content/u...t-na-soobrakajot-na-patishtata-30-09-2015.pdf

Од 21 година можеш А.
Или полагај за А2 на 18 години, така да коа ќе наполниш 21 автоматски ти се препишува А категорија.
Во категоријата A2 спаѓаат мотоцикли со сила на мотор која не е поголема од 35 kw.

Меѓу другото исто ти се фаќа. Ако полагаш А, две години си возач почетник и не смееш да возиш мотор со повеќе од 35kw.
 
Dejan Josifovic

Нов член
Мотор
Peugeot Satelis 250
#31

Имаше некои измени во април 2017. Мислам дека не е веќе така т.е нема автоматски впишување категорија. Ако полагаш за А1 категорија а сакаш подоцна А, пак ќе одиш на обука и пак ќе си платиш накај 350е во тотал со полагање. За годините исто ќе проверам. Последна информација од Авто школа за А ми кажаа дека е 24 години.
Малку е конфузно подоле во линкот напишано. Во еден пасос се вика дека за А треба 21 година за да подолу да пишува дека треба да имаш најмалку 2 години А2 за да полагаш за А или 24 години старост. Тоа се уствари два услови па кој како сака.
П.С. Иначе никој нема лиценца сеуште (а и мотори за обука и полагање) за А2 колку што знам.
http://www.akademik.mk/uslovi-za-st...zilo-zakonski-odredbi-koi-stapija-vo-primena/
 
Last edited:

Dejan Josifovic

Нов член
Мотор
Peugeot Satelis 250
#32
Каде можам да го прочитам новиот закон? Скоро бев во автошкола и ми рекоа дека не можам да полагам додека не наполнам 24 години. Знае некој нешто повеќе?
Така е сега за А, барем во авто школите така тврдат. Инаку се спремаат некои измени повторно па ке видиме што ќе содржат. Сега за сега колку успеав да разбрам ако сакаш да полагаш за А категорија пред 24 години треба да имаш А2 категорија за која треба да имаш минимум 18 години и да возиш со А2 категорија најмалку 2 години и да имаш 21 година старост за да полагаш за А категорија. Како пишав погоре нема автоматско впишување на категорија туку повторна обука и полагање.
 
Last edited:

Admin

Administrator
Staff member
#33
Имаше некои измени во април 2017. Мислам дека не е веќе така т.е нема автоматски впишување категорија. Ако полагаш за А1 категорија а сакаш подоцна А, пак ќе одиш на обука и пак ќе си платиш накај 350е во тотал со полагање. За годините исто ќе проверам. Последна информација од Авто школа за А ми кажаа дека е 24 години.
Малку е конфузно подоле во линкот напишано. Во еден пасос се вика дека за А треба 21 година за да подолу да пишува дека треба да имаш најмалку 2 години А2 за да полагаш за А или 24 години старост. Тоа се уствари два услови па кој како сака.
П.С. Иначе никој нема лиценца сеуште (а и мотори за обука и полагање) за А2 колку што знам.
http://www.akademik.mk/uslovi-za-st...zilo-zakonski-odredbi-koi-stapija-vo-primena/
Според ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15 и 226/15) пречистен текст, кој е на сила и е објавен на сајтот на МВР:

Член 272
Минимална возраст за управување со возило за одредени категории е:
- 16 години за управување со моторни возила од категориите: „АМ“ и „А1“
- 18 години за управување со моторно возило од категориите: „А2“
- 21 години за управување со моторно возило од категориите: „А“

Право на управување со моторно возило од „А“ категорија може да стекне возач по навршени 21 година кој две години поседува возачка дозвола од категоријата „А2“ или лице со навршени 24 години возраст.
^ Значи можеш да добиеш А категорија ако две години (од 19) имаш положено за А2, не се полага одново и не се доплаќа. Ако немаш А2, директно за А категорија можеш да полагаш откако ќе наполниш 24 години.
 
Dejan Josifovic

Нов член
Мотор
Peugeot Satelis 250
#34

Сега проверив во Авто школа Боби а претходно и во Мобилити. Значи се стои што е пишано во твојот пост со исклучок дека како што напишав јас претходно, автоматска категорија се добива само од поголема категорија кон помала т.е тој што има А категорија може да управува со А1 и А2(за оваа уште немаат лиценци). За од помала кон поголема категорија мора да се изврши обука и полагање (нема автоматско впишување) согласно условите кои ги наведе.
П.С. Би сакал и ти да провериш некаде за да се завземе конечен став околу ова прашање за кое сигурен сум ги интересира повеќето членови на сајтов.
Поздрав,