Предлог измени на законот за сообраќај

Admin

Administrator
Staff member
#1
Според новиот предлог на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за мотоциклите ќе се воведе нова категорија A2. Промената на категориите која треба да стапи во сила од април 2017 година е според следниот предлог:

Член 301
  • (2) Во категоријата „AM“ спаѓаат мопеди, мотокултиватор, односно возила на две или три тркала со максимална брзина која не надминува 45 km/h и лесни четирицикли.
  • (3) Во категоријата „А1“ спаѓаат мотоцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw исоодносoт на јачината на моторот и масата на возилото ненадминува 0.1 kw/kg, како и трицикли со моќност помала од 15 kw.
  • (4) Во категоријата „A2“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка сила на мотор која не е поголема од 35 kw и соодносот помеѓу јачината на мотор и масата на возилото не е поголем од 0.2 kW/kg, но не потекнуваат од возило со двојно поголема моќност.
  • (5) Во категоријата „А“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка, како и трицикли со моќност поголема од 15 kw.
(2) Минимална возраст за управување со возило за одредени категории е:
  • - 16 години за управување со моторни возила од категориите: „АМ“ и „А1“
  • - 18 години за управување со моторно возило од категориите: „А2“
  • - 21 години за управување со моторно возило од категориите: „А“
(6) Право на управување со моторно возило од „А“ категорија може да стекне возач по навршени 21 година кој две години поседува возачка дозвола од категоријата „А2“ или лице со навршени 24 години возраст.

Според сегашниот закон најрана возраст за управување на мопед е 14 години, според новиот предлог тоа ќе биде 16 години, возраст на која може да се добие и А1 категорија. Новитет е А2 категоријата која ќе се издава на лица со наполнети 18 години, а целосната А категорија ќе може да се добие на 21 година.

Од останатите промени издвојуваме:

Член 99

(1) Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска согласно ќе му се издаде, на возачот и лицата кои постапуваат спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Претходно казната за не носење на кацига беше 35 евра или 15 казнени поени за возачот и 20 евра за совозачот

Член 341

(1)Полицискиот службеник на самото место привремено ќе му ја одземе возачката дозвола и ќе го исклучи од сообраќај возачот кога:
- ќе ги затече возач да управува со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл и лицата кои се превезуваат и кои со себе не носат или одбиваат да носат заштитен шлем за време на возењето на патот.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Новиот закон не значи дека ќе треба да полагате за новите категории, тие се добиваат бесплатно со исполнување на условите, направени се со цел да се зголеми безбедноста.

Утре ќе присуствуваме на јавна расправа во собранието каде ќе се обидеме да издејствуваме неколку промени, прво е дефинирање на сите категории кои се изоставени (пример мопеди кои развиваат брзина поголема од 45км/ч, а според новиот предлог закон не спаѓаат во ниедна категорија), дефинирање на технички спецификации за трицикли, ќе побараме и управување на скутери до 125цм3 со поседување на Б категорија, како и помали корекции на нелогичните членови, држете ни среќа ;)
 
Spmmak

Нов член
#2
Предлог: да се легализира lane splitting / traffic filtering кое кај нас се применува во пракса, но е нелегално. Во светот легалнизирано е во Велика Британија, Франција, Австралија и некои држави во САД. Повеќе на https://en.wikipedia.org/wiki/Lane_splitting
 
Слаткоја

Активен член
Мотор
Aprilia RSV4 RR 2017
#3
Не е забрането кај нас, не е дефинирано никако, така да вози си и пази се од пациенти со коли што од лубомора не оставаат место за да поминеш.
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#4

Мислам дека е дефинирано, моторциклот на семафор се однесува исто како автомобил. На времето инструкторите стално напоменуваа дека е така а тоа што ние СИ СЕ ПОДКРАДНУВАМЕ е друга работа.
 
Spmmak

Нов член
#5
Не е забрането кај нас, не е дефинирано никако, така да вози си и пази се од пациенти со коли што од лубомора не оставаат место за да поминеш.
Баш дека не е експлицитно дозволено, значи дека се уредува со останатите членови. Според мое лаичко толкување, тоа се членовите: 32, 34 и 55.
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#6
Еве се ставам и во улога на "ПАЦИЕНТ" бидејки возам кола , и си велам на која страна ЛЕВА или ДЕСНА да им оставам место на нестрпливите моторџии да се мушнат покрај мене на семафор за да не излезам ЉУБОМОРЕН. Ама искуството ме тера кон вицот со мали Џокица и професорот по физичко: ај стој на една нога......ај сега без две нозе......ПА НА К...В ЛИ ДА СТОЈАМ??? Така и оваа работа излегува а ширината на улиците во Скопје се знае која е и ТО.
 
alekkela-onak

Активен член
Мотор
kawasaki
Клуб
sons of the order
#7

не го читав линкот погоре, едноставно, ме мрзи, ама логиката е јасна... секогаш ја оставаш твојата ЛЕВА СТРАНА слободна кога си во десна лента, односно десната страна кога си во лева лента...кај нас на семафори е реткост да има 3 ленти за право... претежно се 2 или 1 лента.... збориме за право... а кога вртиш на лево, ништо не го кошта НИКОГО да се приљуби до левиот ивичњак и да остави простор од својата десна страна... така секогаш ке има место за сите “нестрпливи“ моторџии од било кој калибар...

да лентите наши се релативно помали одошто во “белиот свет“ ама ако ова се практикува, ке има 1 метар па и повеќе простор помеѓу колите кога се со 2 или повеќе ленти на семафор...

од друга страна во тој “бел свет“ така ако направат ке им се отвори лента за 3 тркалец да пројде.. или уште една кола... :)
 
nikola_bb

Активен член
Мотор
Regal Raptor 350 spt
#8
Da ama kaj nas vika koj go tiiitt kopileto ne go pustam da pomine...za zal sme 100godini nazad vo povekjeto od rabotite
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#9
Абе луѓе еве сега излегов од работа да си купам доручек и еден КРЕТЕН ме направи жива вода поминувајки во барата покрај тротоарот. Зборот ми е дека кај нас работите во МОЛЕКУЛОТ не ги бива а да не зборуваме за понатаму........логика ......од лево од десно........ивичњаци ово оно. Затоа Spmmak е во право, по закон така и ЗДРААААВО.
 
alekkela-onak

Активен член
Мотор
kawasaki
Клуб
sons of the order
#11
како и секоја година, повторно млатење празна слама е по тоа прашање... НИКОГАШ нема да се смени тоа... за што во државава ти даваат 2 работи за едно плаќање? они би поише ако може 2-3 плаќања за една работа...
 
Damjan Bogdanovski

Активен член
Мотор
Suzuki V-Strom DL-650 ABS
Клуб
Pekolni Kontrolori
#12

Дозволено е некаде во Европа или барем регионов да се управува мотоцикл од 125 ццм со возачка дозвола од Б категорија?

Постои некој аргумент поткрепен со пример, кој е применет во законите на барем соседниве држави или идејата е само производ на нашата домашна млатена празна слама? :)

Поентата ми е дека кога се изработуваат закони, се настојува одредбите да бидат хармонизирани со оние од законите во државите на регионот. Тоа е стратешка определба на државата и се однесува на повеќе аспекти. Не е правењето закон „желботека“ па ај нам ни текнало вака, а тоа што во ниту една друга држава не е така - тоа нема врска... Затоа ме интересира дали да речеме во Хрватска, Словенија, Србија или друга околна земја или членка на ЕУ мотоциклите од 125 ццм се возат со возачка дозвола од Б категорија.
 
Last edited:
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#13

Постои некој аргумент поткрепен со пример, кој е применет во законите на барем соседниве држави или е само производ на нашата домашна млатена празна слама? :)
Според мое лично убедување треба да се дозволи бидејки на скутер нема команди од типот на кумплунг, ножен менувач и ножна задна кочница. Со Б категорија имаш доказ дека ги познаваш и бараташ сообраќајните правила а друго што ти треба.(зборувам за управување скутер до 125 кубика)
 
alekkela-onak

Активен член
Мотор
kawasaki
Клуб
sons of the order
#14

jaс пак мислам дека нетреба да се дозволи, затоа што има и релативно МНОГУ брзинци мотори со 125 кубика... земете ја на пример двотактната априлија со 125 цц, која со мала инвестиција ја правиш да биде скоро 150, а дуплираш и коњажа и торк... тој мотор со 125 цц запишани, развива како од шала 180... а со Б категорија, не си остручен да возиш таков тип на моторцикл...
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#15

Луѓе јас мислам дека дилемата е СКУТЕР ДО 125 кубици а не моторцикл, дали јас не сум сватил добро или???
 
Attachments

Damjan Bogdanovski

Активен член
Мотор
Suzuki V-Strom DL-650 ABS
Клуб
Pekolni Kontrolori
#16
Законот не познава категорија „скутер“, ниту пак порано познавал. Скутер е само концепт на мотоцикл или мопед. Исто како чопер, ендуро, крос или слично. Не е законска категорија. Забуната која ја посочуваш потекнува од формулацијата во оригиналната порака. Сепак, ниту тогаш, ниту до денес авторот на пораката не се произнесе пошироко околу идеите за измените во законот, ниту пак наведе некои аргументи во врска со предлозите. Работите денес стојат така што Законот е ДОНЕСЕН на 30.09.2015 г. Возач со дозвола Б категорија смее да управува само мопед до 50 ццм. Така е секаде што знам по другиве земји, се согласувам, со Алек, постојат цврсти аргументи дека моторцикл (во што спаѓа и скутер) од 125 ццм треба да биде третиран во секој поглед различно од тоа што е опфатено со Б категорија. Не е доволно само знаци да знаеш и правила - потребна е и вештина на управување, потребен е и друг начин на размислување. За крај цитати од законот, за кој реков дека е донесен, на сила е, но следниве одредби и неколку други ќе се применуваат од 7 април 2017 г. До тогаш, останува по старо.

(2) Во категоријата „AM“ спаѓаат мопеди, мотокултиватор, односно возила на две или три тркала со максимална брзина која не надминува 45 km/h и лесни четирицикли.
(3) Во категоријата „А1“ спаѓаат мотоцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw и соодносoт на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 kw/kg, како и трицикли со моќност помала од 15 kw.
(4) Во категоријата „A2“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка сила на мотор која не е поголема од 35 kw и соодносот меѓу јачината на мотор и масата на возилото не е поголем од 0.2 kW/kg, но не потекнуваат од возило со двојно поголема моќност.
(5) Во категоријата ,,А“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка, како и трицикли со моќност поголема од 15 kw.

(19) Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „А1“ има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категоријата „АМ“.
(20) Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „A“ има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категориите „АМ“, „A1“ и „А2“.
(21) Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „A2“ има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категориите „АМ“ и „A1“.
(22) Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „Б“ има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категоријата „АМ“ и националните категории „Ф “ и „Г“.

(1) Право на управување со возило може да стекне лице кое ги исполнува следниве услови:
- да наполнило минимум години возраст за возилото утврдени со овој закон,
- да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило,
- да има завршено најмалку основно образование,
- да положило возачки испит за управување со моторно возило од определена категорија и
- со одлука на надлежен државен орган или друг орган да не му е забрането управување со моторно возило или група на возила.

(2) Минимална возраст за управување со возило за одредени категории е:
- 16 години за управување со моторни возила од категориите: „АМ“ и „А1“ и националните категории „Ф“’ и „Г“,
- 17 години за управување со моторно возило од „Б“ категорија,
- 18 години за управување со моторно возило од категориите: „А2“, „БЕ“, „Ц1“ и „Ц1Е“,
- 21 години за управување со моторно возило од категориите: „А“, „Ц“,„ЦЕ“,„Д1“ и „Д1Е“
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#17

Законот познава СЕ и се измислува од луѓе за луѓе и не може никој да ме убеди дека не постои можност за модификација на некој закон, па луѓе мои ние во МК докажавме ДЕКА СЕ Е МОЖНО во однос на законските регулативи. Прашање е само колкави се интересите за донесување или модифицирање на некој закон. У моја младост имаше A, Б, Ц, Д категорија и се си функционираше беспрекорно а денес цела азбука е опфатена ама пак нешто килаво иде.
 
alekkela-onak

Активен член
Мотор
kawasaki
Клуб
sons of the order
#18

и јас имав таква возачка со 5 букви вкупно и тоа е тоа... треба да се свати дека во овој период од државноста, моментално се носат закони под паролата дека се за безбедност и упростување на било кои процедури, додека позади паролата кој сака ке загледа дека всушност тоа се закони од личен интере полнење на буџет и комплетно комплицирање на животот на човекот...

нема шанси да ти дадат нешто поклон-гратис... како тоа мислиш дека ке возиш мотор кој крева 150+ на саат, автомобил, комбе/камионче до 3,5 тона, и се тоа да ти биде легално со само едно полагање за возачка т.е. една категорија... треба паирчки у буџет... ке си платиш 2-3 пати за сето тоа... не бива одеднаш...
 
Слаткоја

Активен член
Мотор
Aprilia RSV4 RR 2017
#19
Дозволено е некаде во Европа или барем регионов да се управува мотоцикл од 125 ццм со возачка дозвола од Б категорија?

Постои некој аргумент поткрепен со пример, кој е применет во законите на барем соседниве држави или идејата е само производ на нашата домашна млатена празна слама? :)

Поентата ми е дека кога се изработуваат закони, се настојува одредбите да бидат хармонизирани со оние од законите во државите на регионот. Тоа е стратешка определба на државата и се однесува на повеќе аспекти. Не е правењето закон „желботека“ па ај нам ни текнало вака, а тоа што во ниту една друга држава не е така - тоа нема врска... Затоа ме интересира дали да речеме во Хрватска, Словенија, Србија или друга околна земја или членка на ЕУ мотоциклите од 125 ццм се возат со возачка дозвола од Б категорија.
Дозволено е во Франција.
 
Damjan Bogdanovski

Активен член
Мотор
Suzuki V-Strom DL-650 ABS
Клуб
Pekolni Kontrolori
#20
Дозволено е во Франција.
Да, дозволено е во Франција, ама откога возачот кој има категорија Б:

1) Ќе ја поседува категоријата најмалку две години
2) Ќе заврши обука за управување на возило од категоријата А1

Што значи: обука пак мора да заврши и мора да има докажано некое претходно возачко искуство - единствено што не мора да полага. Не е дека директно му е дозволено и без никакви трошоци. Само е упростено.

Мислам дека не постои земја во Европа каде што со возачка дозвола од Б категорија може инстант да се управува со мотоцикл до 125 ццм. Некој стандард на ЕУ, кој се применува и во Балканските земји е да се полага за таа категорија - А1. Примерот со Франција оди во прилог на оние кои што погоре сметаа дека за да се седне од кола на мотоцикл, сепак треба да се совладаат некои специфични вештини за тоа возило. Прашање е само дали ќе се полага или не - ама обука и искуство се бараат секаде.
 
Last edited: