Peugeot Satelis 250-Недефиниран звук

Мотор
Peugeot Satelis 250
#1
Имам Peugeot Satelis 250 2009 год. Моторот има поминато 14.500км и сменети се каиш ролни филтри и сл. пред некои 1000 км. Прашањето ми е следното: Имено кога ќе се отпушти гаста (пред кривина на пример) и дојдат мали обртаи, тогаш се слуша некој звук пар секунди како некое штракање-тропкање (како страчка да се изразам посликовито) кое со додавање на гас се губи. Ова е поизразено на ладна машина а со загревање барем 80% тој звук се намалува. Некој ми спомна дека е од каиш највројатно и дека не е нешто алармантно ама мене ми смета. Некој совет или чаре?
 

alekkela-onak

Активен член
Мотор
kawasaki
Клуб
sons of the order
#2
Имам Peugeot Satelis 250 2009 год. Моторот има поминато 14.500км и сменети се каиш ролни филтри и сл. пред некои 1000 км. Прашањето ми е следното: Имено кога ќе се отпушти гаста (пред кривина на пример) и дојдат мали обртаи, тогаш се слуша некој звук пар секунди како некое штракање-тропкање (како страчка да се изразам посликовито) кое со додавање на гас се губи. Ова е поизразено на ладна машина а со загревање барем 80% тој звук се намалува. Некој ми спомна дека е од каиш највројатно и дека не е нешто алармантно ама мене ми смета. Некој совет или чаре?
Можеби нај убаво ќе биде да пробаш да го снимиш звукот некако и да го пуштиш тука... Причини за такво тропање може да има миљон, ама интонацијата како и темпото на тропкање дава правец од каде доаѓа.
 
Мотор
Peugeot Satelis 250
#3
Можеби нај убаво ќе биде да пробаш да го снимиш звукот некако и да го пуштиш тука... Причини за такво тропање може да има миљон, ама интонацијата како и темпото на тропкање дава правец од каде доаѓа.
Ќе видам нешто со снимањето. Инаку пар пати ми се има случено да при намалување на брзината и доаѓање на ниво на лер гас, да ми изгаси моторот во вожња (на незагреано сум приметил). Не знам дали со појачување на лер гаста би се средило се (и со тропкањето и со гасењето), пошто ако ја држам гаста малку над (да не ја отпуштам скроз) тогаш нема ни тропкање ни гасење. Иначе на 1500 обртаи во место е штелувано (да не е малку).
 
Last edited:
Мотор
Peugeot Satelis 250
#4
Сепак мислам дека тој звук веројатно е во граница на нормала и е од одлепување ваљда на ламелата приликом намалување на брзината пред да дојде до лер гас. Можда малку треба да го продувам моторот надвор за да „проработи-одлепи“ подобро ламелата. А во врска со гасењето во возење што ми се случи пар пати, би пробал прво со нова свеќица која не е сменета овие 15.000км.

Едит:

Тој звук ми кажаа дека е од варијаторот со ролните и некоја пиксна и да не се замарам околу тоа бидејќи после пар години возење се јавувало тоа и е уобичаена работа. Ако се сменат за пар сезони пак ќе се јавел тој звук кој реално не е голем ама мислев дека може и без тоа.
 
Last edited: