Мотокрос патеки

Marko

Нов член
#1
Здраво,

Ме интересира што е потребно за изградба на мотокрос патека.
Се работи за огромно рамно земјиште во селото Горно лисиче - Скопје.
Потребно е само да се адаптира и да се пренамени во крос патека.
Конкретно ме интересира какви дозволи ми се потребни за отпочнување со изградба.
Уствари не знам дали уопште се рачуна за градење тоа, само треба да се адаптира
земјиштето со машини да се израмни и да се оформи замислената патека, зборам
скокалници гуми обележја и слично ///

Ако имате било какви искуство со ова ве молам споделете.
 

Damjan Bogdanovski

Активен член
Мотор
Suzuki V-Strom DL-650 ABS
Клуб
Pekolni Kontrolori
#2
ПАРИ ти се потребни - ништо друго. Подразбираме дека земјиштето е во лична имотно правна сопственост то ест дека си газда.

Ти всушност не градиш ништо ниту пак пренаменуваш. Имаш земја и си играш на неа, без врска: Ораш кружни бразди со трактор, на некои места ќе истураш вода за тоа да се укаља. Кје преместиш со булдождер земја од едно на друго место - на едно место ќе ти остане дупка, на друго место рид. По желба можеш да туриш вода во дупката. Ќе ти треба многу вода за да ја одржуваш патеката во текот на годината, така да ископај бунар и постави пумпи. Викни неколку камиони чакал и песок, па нафрлај на одредени делови. Нареди и гуми каде што сакаш - не е проблем. Твои си се и на твој имот имаш право каде што сакаш да ги држиш.

Формално правно - ти ништо не градиш. Преместуваш земја и ја каљаш. Не треба дозвола за тоа. - Само пари. :) Ако тие за твој кеиф - толку е.

Ако имаш намера да од тоа правиш некој стопански објект од кој евентуало и профит би правел - тоа е нешто друго веќе. За стопански објекти ќе си се обратиш во општината и таму се ќе ти објаснат. И пак проблемот ќе го решиш со пари.

Фактички, одговорот на твоето прашање е: Потребни се или пари или многу пари. За друго ништо не се секирај - со пари се ќе си дојде само од себе: и трактор и булдожер и камиони и бунар и водоводна инсталација...

Поздрав,
The Bogdan
 

kolestepanov

Активен член
Мотор
tomos avtomatik cafe racer
Клуб
sloboden vozac
#3
Браво за ваква идеа . дали патеката ќе биди за приватно возење и тренинг или на неа ќе се возат официјални трки од шампионати и купови ,затоа мора да се запазат одредени стандарди на пр. Должина минимална итн. Има искусни луѓе од мотокросот во МК кои знаат како оди таа работа и би било добро да се вклучат на форумот. Идеа за поздрав.
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#4
Здраво,

Ме интересира што е потребно за изградба на мотокрос патека.
Се работи за огромно рамно земјиште во селото Горно лисиче - Скопје.
Потребно е само да се адаптира и да се пренамени во крос патека.
Конкретно ме интересира какви дозволи ми се потребни за отпочнување со изградба.
Уствари не знам дали уопште се рачуна за градење тоа, само треба да се адаптира
земјиштето со машини да се израмни и да се оформи замислената патека, зборам
скокалници гуми обележја и слично ///

Ако имате било какви искуство со ова ве молам споделете.
Ова беше добра ПРВОАПРИЛСКА ШАЛА.