
Според прогнозата од оваа недела конечно не очекуваат пролетни температури, во Серез за сабота и недела (31 март и 1 април) се најавени 23 степени, а дождот треба да прекине во вторник што значи до викендот ќе имаме сува и топла патека.
Има ли заинтересирани за тренинг?
Заради тоа што се откажа трката од романскиот шампионат, за време на викендот цената на патеката ќе биде иста како во работен ден, 45 евра за цел ден. Доколку има заинтересирани пишете за да се организираме за превоз.