KINESKI 4T GY6 50CC - NOV KLIP + CILINDAR (80CC) Mozni problemi

Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#21
fala ti na odgovorot Danilo, koga go praev toj zafat pred okolu 5-6 godini bese toa .. ne se razbirav tolku vo mehanika i kako funkcioniraat rabotite.. praev kako sto mi kazuvaa i najverojatno los sovet sum primil :) Dali milis sega dokolku smenam glava komplet so ventili i bregasta ke bide podobro ili ke mora komplet da smenam i nov cilindar i klip so novata glava?
Извини ако овој одговор те навреди, ама штом ми поставуваш вакво прашање ти сеуште не се разбираш во механика.
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#23
Како резиме: Најдобро е главата да е комплет со цилиндарот НО подобро од вака е да најдеш друга глава за 80 кубика и да монтираш. Брегаста тешко дека ќе најдеш во МК. Да беше 125/150 можеше да се игра со глава и брегаста од GENERIC XOR125. И уште еднаш извини, немав намера да те навредам;)
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#24
Интересна појава е таа сум ја приметил и кај големиве мотори, моторот скоро секогаш гаси во иста или приближно иста позиција...Не ми е јасно како е можно но стварно е така
Де бре мајсторе
 
Trninka

Домаќин
Мотор
Kymco Agility 4T 80cc NCY kit
#25
Мојот кит го купив од NCY компанија која не е толку позната тука, но е една од најдобрите во азија и европа. Содржеше клип 50мм, цилиндер (со што се добива 81-82цц), глава соодветна за таа кубикажа, спортска брегаста и дихтунзи. Го платив скапо затоа што сакав да ставам квалитетни делови. Пред да го купам се консултирав со фрикови од kymcoforum.com, баш за мојот модел Agility 50cc. Сите кои го имаа ставено тој или друг кит го имаат тој проблем, и бев свесен за тоа. За кит со кој се добива 72цц, скоро и да го нема проблемот. Сите кинески што се продаваат со демек 80цц, не се 80 туку се 72цц. За 72цц не треба посебна глава.

Кога го наместив китот, се случуваше истото што го прочитав, и бев спремен за тоа. Скутерот од тогаш стартува вака (можеби со малку поизразена дупка):

Сум немал никаков проблем, само некогаш имаш чувство дека не е како што треба. Ако и твојот стартува вака, тогаш не се секирај. Пали си и вози си. За греењето незнам, јас немав проблем. Едино е да смениш главна дизна, за да има повеќе бензин = поголемо ладење, но да не претераш. Јас ја сменив мојата од број 80 на број 84.

Ова го кажувам од искуство за мој мотор и пола исчитан kymcoforum.com.
Машината на твојот скутер е иста како на Agility. Ако имаш време прочитај си тука: http://www.kymcoforum.com/index.php?board=9.0
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#26

Можеш да смениш и цел карбуратор од 125 само со ново грло. Ново грло бидејки ќе треба малку насилно да го ставиш а старата гума не сум сигурен дека ќе се сложи со таа идеја. Одкога ќе фати лежиште нема проблем за вадење и ставање. Има многу финти кои можат да ти го направат Кинезот со Јапонски поглед на свет ама.....и ауспухот на видеото е лошо заварен на граната, и тоа може да биде дополнителна работа која допринесува за греење.
 
Damjan Bogdanovski

Активен член
Мотор
Suzuki V-Strom DL-650 ABS
Клуб
Pekolni Kontrolori
#27
Лично сум против ваквите импровизации со кои обавезно се добива повеќе проблеми отколку добивка, а на долг рок - само проблеми и зголемени трошоци.

Прегревањето на моторот е ОГРОМЕН проблем, кој укажува на тоа дека нешто бајаги не чини. Пред било што да преземаш треба да ти биде јасно од која точно причина моторот прегрева. Не е поентата само да го ладиш моторот. Се согласувам со горе кажаното дека причина може да биде поголема компресија, но она што никој не го спомна директно е дека уште поверојатно е прегревањето да се случува поради неправилно согорување на горивото т.е. погрешна детонација. Тоа е поврзано и со брегастата осовина и со главата и со обликот на клипот и со димензиите на цилиндарот и со вбризгувањето на горивото. - Па од толку фактори ти биди паметен да кажеш каде точно е коренот на проблемот.

- Ако сакаш да ја одржиш импровизацијава, ќе ти предложам едно импровизирано решение кое МОЖЕБИ ќе придонесе моторот да не ти гаси поради прегревање: - Стави свеќица со повисок температурен коефициент. Во номенклатурата на NGK тоа е понизок среден број. То ест ако нормален број е 8, тогаш ти стави 6. На пример, ако нормално се користи CR8E, тогаш ти стави CR6E. Можеби и број 7 ќе заврши работа.

Прегревањето најверојатно ќе ти донесе штета бидејќи целиот систем е дизајниран да работи во точно определен температурен дијапазон и се над тоа ќе предизвика деформација на материјалот вон предвидените толеранции, а со тоа и штета. Ладењето на маслото што го подмачкува моторот делумно ќе ја подобри ситуацијата, но веројатно не доволно, особено што кулерот ја обавува својата функција само кога мотоциклот се движи. Во место и при бавни градски возења, cooler kit -от нема да биде толку ефикасен.

За да се задржи вискозноста на повисоките температури, моторното масло во овојслучај треба да има повисока градација - дури и до SAE 60. На пример 10W-60.

На крај, ако ти смениш клип, цилиндер, клипњача, глава, брегаста осовина, вентили, карбуратор и се што погоре ти предложија, ако ставаш поскапо масло и на крај пак тоа е импровизација - не гледам колкава е добивката од сето тоа. Штом тебе моторот ти прегрева до тој степен да гаси во лето, тоа ти е јасен показател дека тебе моторот поголемиот дел од времето ти има помала снага од оптималната. За подолго возење оригиналните 50 кубика би ти дале подобри перформанси на моторот. Исто така - и помали трошоци и поголема трајност на моторот. Ако ти треба повеќе снага, размисли за купување на фабричка машина од 125 кубика. И нема да имаш проблем, туку ќе уживаш.

Поентата ми е: Се се прави - тоа не е спорно. Само колку се исплати?

Поздрав,
The Bogdan
 
Last edited:

Trninka

Домаќин
Мотор
Kymco Agility 4T 80cc NCY kit
#28

Еве за Дамјан едно видео :))

Мајсторе што ќе кажеш за работилницата?
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#29
Нормално дека преголемиот степен на компресија прави проблеми со точноста и квалитетот на палење и согорување, а тоа пак доведува до греење НО јас сум ЗА. Кинезиве се родени за експерименти и ако, многу е важен кејфот и претставува своеврсно уживање. Затоа само напред и патем ГЛАВА СО ВЕНТИЛИ И ОПРУГИ имаш во "МОТО ДОМИНИК" а Valvoline VR1 10 - 60 на еден куп бензиски по Скопје, полусинтетик и има да пее со него, околу 400 денари литро.
 
Last edited: