Hyosung GT650N губење снага

gjgj

Нов член
#1
Возам часови со горенаведениот моторцикл којшто според мене има некој проблем, пример возам во прва со 25км/ч на полигон и одеднаш моторот се гуши и кочи нешто како моторно кочење ама многу поизразено (што според мене, делува како да се гаси, како да не добива гориво или воздух или нема експлозија во еден или 2та цилиндри и понекогаш тоа е пропратено со пукање низ ауспух) и тоа трае дел од секунда или секунда две и пак прима и продолжува или понекогаш тоа се случува во серија губи-добива-губи-добива а кога ќе сетам таков момент ќе запрам и со стиснат кумплуг и со исто ниво на гас моторот така работи се стишува се ујачува, ќе го истурирам и тогаш некогаш не прима нормално некогаш прима и ќе се изгуби тоа чудно работење.
Му кажувам на инструкторот и тој прво тврдеше дека нормално било високотуражна машина така да се однесува тоа било моторно кочење и слични објаснувања (што не ми се верува дека е така), кога моторот работи нормално (според мене) моторното кочење сум го пробал и е далеку по меко него ли во случајот што го објаснив... на крај као да се убеди дека не е во ред нешто и демек го носел на мајстор и тие му рекле ваков мотор високотуражен не бил за бавно возење низ полигон и дрн дрн и вика ќе изгураме некако ништо не му било на моторот може ќе го однесел на друг мајстор...

Како да го убедам, да го пратам на некој мајстор евентуално да предложите да го провери моторот ?
Или јас стварно сум во заблуда?
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#2
Возам часови со горенаведениот моторцикл којшто според мене има некој проблем, пример возам во прва со 25км/ч на полигон и одеднаш моторот се гуши и кочи нешто како моторно кочење ама многу поизразено (што според мене, делува како да се гаси, како да не добива гориво или воздух или нема експлозија во еден или 2та цилиндри и понекогаш тоа е пропратено со пукање низ ауспух) и тоа трае дел од секунда или секунда две и пак прима и продолжува или понекогаш тоа се случува во серија губи-добива-губи-добива а кога ќе сетам таков момент ќе запрам и со стиснат кумплуг и со исто ниво на гас моторот така работи се стишува се ујачува, ќе го истурирам и тогаш некогаш не прима нормално некогаш прима и ќе се изгуби тоа чудно работење. Му кажувам на инструкторот и тој прво тврдеше дека нормално било високотуражна машина така да се однесува тоа било моторно кочење и слични објаснувања (што не ми се верува дека е така), кога моторот работи нормално (според мене) моторното кочење сум го пробал и е далеку по меко него ли во случајот што го објаснив... на крај као да се убеди дека не е во ред нешто и демек го носел на мајстор и тие му рекле ваков мотор високотуражен не бил за бавно возење низ полигон и дрн дрн и вика ќе изгураме некако ништо не му било на моторот може ќе го однесел на друг мајстор... Како да го убедам, да го пратам на некој мајстор евентуално да предложите да го провери моторот ? Или јас стварно сум во заблуда?
Моторот не е во ред и уште повеќе не е во ред да се обучуваш на таков мотор, тоа е двоцилиндраш во V под 90' нарекуван уште и L затоа што цилиндрите се поставени во форма на Л латиница, како и да е тоа за мене е V. Машината е конципирана по примерот на Suzuki TL и за дадените пари треба да бараш културна обука а тоа подразбира и исправно возило.
 

Zuty

Активен член
Мотор
GPZ1100, TDM900
Клуб
JOK
#3
хахаххаха високотуражна машина...толку знае и инструкторот или те лаже ..најверојатно второто! Истата машина е во сузуки СВ и ДЛ В-стром...и нема проблем на мали обртаи.... туку гледај положи некако..а со овој мотор осмиците, е малку повеќе среќа ќе ти треба..
Убаво ти вика Кроко...не чине!