Дали некој знае какви се и правилата околу возачките категории и регистрација на мопед/мотоцикл

Дискусија во форумот 'Општо' започната од Biofacticity, 18 Aug 2017.

  1. Biofacticity

    Biofacticity Нов член

    Член од:
    18 Aug 2017
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Трофеи:
    1
    Неколку прашања на пример

    1. На колку време треба да се прави регистрација и осигурување на мотор до 50цц - до 125 и над и одприлика кои се цените?

    2. Дали со полагање на Б категорија автоматски се стекнува и А1 - и какви ограничувања носат А1 А2 и А, кои се цените и што е потребно да се добија дозвола (тестови? часови во авто школа итн?)

    3. Кои се правилата за мотор купен надвор од државата - дали е потребна регистрација, данок итн?

    4. Зошто нема лесно достапни информации за овие основни работи?

    Ако некој што ги завршил или му се познати овие административни работи поврзани со мопеди/мотоцикли го замолувам накратко да ми одговори

    Фала однапред.
     
  2. Слаткоја

    Слаткоја Активен член

    Член од:
    29 Oct 2014
    Мислења:
    109
    Фото и видео:
    23
    Албуми:
    3
    Допаѓања:
    73
    Трофеи:
    28
    Локација:
    Скопје
    Мотор:
    Aprilia RSV4 RR 2017
    1. Регистрација на мотоцикл со зафатнина над 50цц се прави секоја година, периодот на регистрација може да биде 3,6,9 или 12 месеци (осигурувањето, техничкиот преглед го плаќаш за цела година)

    2. Не, со полагање на Б категорија смееш да управуваш само велосипед со мотор (скутер) до 50цц. Во категоријата „А1“ спаѓаат мотоцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw, може да се добие со наполнети 16 години. Со А2 се управуваат мотоцикли со моќност до 35 kw, може да се добие со наполнети 18 години. А категорија можеш да добиеш откако ќе наполниш 21 година. Немаш дополнителни полагања за секоја категорија, полагаш за А1 на 16 години, на 18 ти преминува во А2, на 21 во целосна А категорија. Ако полагаш на возраст постара од 21 година директно за А категорија првите две години си возач почетник. За цена јави се во било која авто школа.

    3. Регистрација е потребна за секој мотор без разлика од каде е. Данок од 18% на проценетата вредност се плаќа на секој увезен мотор, царина од 15% се плаќа на мотоциклите со потекло од Јапонија, а на мотоциклите со потекло од ЕУ царина нема. За цената на чинење со сообраќајната од моторото треба да се јавиш во шпедиција и ќе можат да ти пресметаат колку ќе ти бидат трошоците за увоз.

    4. Се менуваше законот за безбедност во сообраќај, а и промените се релативно нови за категориите, ама ако побараш на сајтот и форумов ќе ги најдеш сите информации.
     
    На Trninka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. milanamd2000

    milanamd2000 Нов член

    Член од:
    21 Jul 2017
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    2
    Трофеи:
    3
    Мотор:
    LIFAN
    Мотоциклите до 50 см3 се регистрираат еднаш , и секоја година се зема налепница
    Во врска со цените за регистрација за мотори до 50 см3 тие изнесуваат;
    за прв пат околу 3000 денари (осигурување, технички, сооб.дозвола, и рег.таблица), а секоја година се плаќа само налепница (таксени марки и провизии ) и осугурување околу 600 денари.или вкупно со осигурување околу 1200 ден
    За мотроциклите до 250 см3 , прв пат околу 4300 (технички, сооб.дозвола, рег.таблица, и осигурување - осигурувањето е 1600 денари )
    Над 125 см3 цената е иста само цената на осигуривањето е различна и тоа
    од 50- 100 см3= 1000 ден
    од 100-175см3 =1600 ден
    од 175-250см3 =2240
    од 250-500 см3=3633
    од 500-750 см3=5774,
    повеќе од 750 см3 = 7914 ден
    Еве некои корисни линкови
    http://www.orion.eu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=50&Itemid=204
    http://www.sicam.mk/kA1.html
    http://www.mvr.gov.mk/upravni-rab/27
     
  4. DACIA

    DACIA Нов член

    Член од:
    4 Aug 2017
    Мислења:
    25
    Допаѓања:
    4
    Трофеи:
    3
    Мотор:
    BT49QT-28 2T 2009
    А дали при промена на газда на скутер од 50цц мора повторно дасе регистрира??
     
  5. Danilo Stankovik - KROKO

    Danilo Stankovik - KROKO Домаќин

    Член од:
    6 Nov 2014
    Мислења:
    1.410
    Допаѓања:
    718
    Трофеи:
    113
    Мотор:
    SACHS mad ass 50
    Клуб:
    ne sum vo nieden
    ДА.
     

Разгласи за форумот