Дали да сменам Варијатор или Ламела?

alekkela-onak

Активен член
Мотор
kawasaki
Клуб
sons of the order
#21
јас би го послушал кроко... зашто ништо нема да се смени со ламела мењање... само федерчиња да смениш, ке добиеш некои 10-15% повеќе.. подобар старт пред се, и на угорници кога ке дојде поише ке влече... а со олеснување на ролери, ке ја намали крајната брзина за малку, ама затоа до нејзе ке стига многу побрзо и посилно... и да, со ова кога ке се направи, ке осетиш и дека работи малку на по високи обртаи кое е крајната во прашање, а и стартната богами...
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#22
ЛАМЕЛАТА, кога е отворена треба да лепи со целата површина на пакните што никогаш не е случај кај стандарден скутер. Лепи само на еден дел што резултира со тресење при тргањето, екстра загревање на каишникот и sвоното и упропастување и ронење на кајшот се до негово кинење. Затоа јас ги корегирам на дребонг и ги обработувам површините така да при момент на контакт со sвоното истиот се случи со целата површина на пакните. Прво се добива поголемо растојание меѓу ламелата и sвоното што овозможува моторот да трга на повисок обртај а второ стартот е сигурен и отсечен заради широката површина на контакт меѓу ламелата и sвоното. Шлајфувањето се сведува на минимум а со него и стварањето на вишок температура која како што кажав погоре ни е само непријател ништо повеќе. Ова е само една од повеќето постапки кои можат да се применат за подобрување на порформансите а не се МАЛОСИ;) Пожелно е да смениш федерчиња и главен федер бидејки оригиналните КИТАЈСКИ не се постојани и при загревање ги губат карактеристиките.;)
 
Last edited:

Emil123

Нов член
Мотор
Hamachi Intraxx 50cc
#25
добро а кои федерчиња би ми ги препорачале? пошто има многу бои нели
 
Мотор
SACHS mad ass 50
Клуб
ne sum vo nieden
#26
добро а кои федерчиња би ми ги препорачале? пошто има многу бои нели
Ќе го извадиш главниот федер бидејки ќе ти треба и за мустра, и со него ќе споредиш на притисок со рака. Треба да е малку потврд од стандардниот кој што е безбоен, по моја ПАУШАЛНА проценка би требало да е жолтата боја таман за тебе. Убаво би било ако намераваш да одиш понатаму со појачување да си ги купиш сите комплети на федери.