10 години Мотори.ком.мк

Дискусија во форумот 'Мото настани' започната од Admin, 6 Sep 2017.

  1. Admin

    Admin Administrator Staff Member

    Член од:
    28 Oct 2014
    Мислења:
    28
    Албуми:
    1
    Допаѓања:
    54
    Трофеи:
    13
    Локација:
    Скопје
    Веб сајт:
    10-от роденден на мотори.ком.мк ќе биде одбележан со дневна хуманитарна журка во центарот на Скопје.

    На 13 септември 2007-ма година беше објавена првата содржина на motori.com.mk. Изминаа цели 10 години од првите средби, запознавања, возења... а сите заедно направивме многу за оваа наша македонска мото заедница.

    Идејата е јубилејниот роденден да го направиме значаен, да остане запаметен. На нашиот колега моторџија Ивица Станковски - Белчо од Куманово му се потребни средства за да набави квалитетна протеза, која ќе му помогне самостојно да се движи, откако пред два месеца остана без едната нога, во сообраќајна несреќа на раскрсницата кај спортската сала во Куманово, при судир на мотор и џип.

    Се одлучивме за дневна забава, во кафеана, во пријатна атмосфера да прославиме 10 години постоење на Мотори.ком.мк. За доброто расположение ќе се погрижат фантастичните Plan G од Гостивар, за разладување ќе имаме точено пиво, а за гладните и вкусна скара. Целиот профит од роденденската забава ќе биде дониран на Ивица, а дополнително ќе биде поставена и кутија за донации.

    Огромна благодарност до градската кафеана Калабалак без чија несебична помош немаше да можеме да ја организираме забавата. Улицата од потегот на хотелот Канет до пицеријата Занзибар ќе биде затворена за сообраќај од страна на МВР, а благодарение на Паркинзи на општина Центар целиот паркинг пред кафаната ќе биде ослободен за мотоцикли.

    Поканата е отворена за сите моторџии и вљубеници во мотоциклите, сите мото клубови и поединци, но и за сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат. На 17-ти септември (недела) со почеток од 12 часот на пладне се гледаме во Калабалак во парк.
     
    Zuty and kolestepanov like this.

Разгласи за форумот