28
Сре, Јун

fl2m.jpgПред нас е првата крводарителска акција во организација на македонскиот мото портал - motori.com.mk, а во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија...
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

Во недела ќе се вози до Козјак. Местото на собирање е бензиската на МакОил во лисиче (во близина на Хемиско), а заради планираните активности (скариче, ова-она..) времето е поместено за половина час порано. Значи собирање во 10.00, а поаѓање најдоцна во 10.30. Поканата е отворена за сите членови на клубови, free возачи, сувозачици, возачици и останати...
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

На денешното возење до Велес се собраа помалку моторџии од вообичаеното, но сепак тоа не беше пречка да си поминеме одлично. Во Велес се запознавме со дечките од МК "Воини на сонцето", за кои наскоро ќе има претставување на сајтов. Галеријата со дел од сликите веќе е поставена на "повеќе", а останатите ќе бидат додадени откако ќе ги добиеме.

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

Наместо возење до Козјак се случи возење до Куманово. Јавно извинување заради направената промена во планот, и во иднина ќе се закажува само место и време на собирање па потоа ќе се одлучува каде ќе се оди. Во секој случај имаше одлично возење и дружење и покрај тоа што времето повторно не беше баш на наша страна. Додадени се и дел од сликите од вчерашното возење (кликнете на повеќе), а сите кои имаат фотки можат да ги испратат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

Возењето се одржа по не така добри временски услови, но сепак, 30 луѓе се собраа на договореното место на бензиската во Автокоманда. Се возеше до Велешко, каде после испиеното кафе, сокче, чајче, пиво, и добар муабет се тргна накај Скопје. Се се одвиваше во најдобар ред, и сите со нетпрение ја очекуваат следната средба. Кликнете на повеќе за да ги видите фотките.
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter
Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами