28
Пет, Апр

summerbeauty.jpgMotori.com.mk организира избор на Летна Мото Убавица '08. Во наредните 5 недели ќе имате можност да гласате за вкупно 25 девојки кои ќе бидат сликани на ексклузивни модели на мотори. Секој ден ќе биде претставена по една девојка, а на крајот на неделата од 5-те девојки ќе се одбере една. 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

nedela.jpgСабота Катланово, недела на Водно.

Во сабота собирање во 10.00 на МакОил, и од таму по стариот пат до Катланово. Ќе се договориме кој ќе земе скара, а колбаси ќе купиме сабајлето. Прогнозата за времето е ок, така да планирајте целодневна настава.
п.с. нека земе фудбал некој ако има, да се преслушаме таму...

Во недела во 9.30 на МакОил, ќе одиме на Водно да ја гледаме трката, возењето ќе биде преку Пантелејмон за да можеме да застанеме на добро место да ја гледаме трката, по трката пиво во Custom или слободни активности.

Бидејќи и двете локации се блиску, нема да се вози брзо па може да се вози заедно, значи скутери, квадови, веспи, кросови, томоси, пенти, брзинци, чопери, моторчиња за вода вадење... се е добредојдено

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

jajca2.jpg По повод Велигденските празници во недела ќе се вози до крстот на Водно. Собирањето е стандардно, во 10.00 на бензиската на МакОил во Лисиче.

п.с. Не заборавајте да си понесете јајца!

Следното надополнување на сајтов ќе биде во понеделник, редакцијата на motori.com.mk ви посакува среќни Велигденски празници!

Христос Воскресе! 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

Доколку временските услови дозволуваат, планот за овој викенд е следен:

1. Сабота (19.04.2008), собирање во 11.00 на бензиската на МакОил, возењето ќе се договори на самото место (се вози со скутери и послаби мотори, возењето е во Скопје и околината)

2. Недела (20.04.2008), собирање во 09.00 на бензиската на МакОил, поаѓање најдоцна во 09.30, возење до Мариово

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

nedela.jpgЗаради лошите временски услови не е дефинирано дали ќе има возење во недела. Доколку дозволува времето во недела, собирањето е закажано стандардно за во 11.00 на бензиската на Мак Оил во Лисиче, па потоа ќе се одлучи каде ќе се вози. До сега има еден предлог на форумот , возење до местото Три круши во Драчево.
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

fl2m.jpgПред нас е првата крводарителска акција во организација на македонскиот мото портал - motori.com.mk, а во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија...
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

Во недела ќе се вози до Козјак. Местото на собирање е бензиската на МакОил во лисиче (во близина на Хемиско), а заради планираните активности (скариче, ова-она..) времето е поместено за половина час порано. Значи собирање во 10.00, а поаѓање најдоцна во 10.30. Поканата е отворена за сите членови на клубови, free возачи, сувозачици, возачици и останати...
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

На денешното возење до Велес се собраа помалку моторџии од вообичаеното, но сепак тоа не беше пречка да си поминеме одлично. Во Велес се запознавме со дечките од МК "Воини на сонцето", за кои наскоро ќе има претставување на сајтов. Галеријата со дел од сликите веќе е поставена на "повеќе", а останатите ќе бидат додадени откако ќе ги добиеме.

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

Наместо возење до Козјак се случи возење до Куманово. Јавно извинување заради направената промена во планот, и во иднина ќе се закажува само место и време на собирање па потоа ќе се одлучува каде ќе се оди. Во секој случај имаше одлично возење и дружење и покрај тоа што времето повторно не беше баш на наша страна. Додадени се и дел од сликите од вчерашното возење (кликнете на повеќе), а сите кои имаат фотки можат да ги испратат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

Возењето се одржа по не така добри временски услови, но сепак, 30 луѓе се собраа на договореното место на бензиската во Автокоманда. Се возеше до Велешко, каде после испиеното кафе, сокче, чајче, пиво, и добар муабет се тргна накај Скопје. Се се одвиваше во најдобар ред, и сите со нетпрение ја очекуваат следната средба. Кликнете на повеќе за да ги видите фотките.
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter
Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами