Домашни

Жељан Ракела со подршка за „Гушни го светот“

Жељан Ракела викендов ја промовираше неговата невообичаена авантуристичка книга „300.000 километри мотоавантура“ и притоа им даде силна поддршка на нашите Силве и Тони.

Следете нè на:

 

Во култниот „Ван гог“ бар во Скопје, неформалното место на мото клубот Ноќни Волци од Скопје, авторот, моторџија и авантурист Жељан Ракела викендов ја промовираше неговата невообичаена авантуристичка книга „300.000 километри мотоавантура“.

rakela skopje

Книгата изобилува со интересни, поучни, возбудливи и несекојдневни моменти и доживувања. Хрватскиот легендарен авантурист, Ракела, кој помина 300.000 километри, низ пет континенти за само седум години им даде совети и поддршка и на нашите Силве и Тони од Гушни го Светот.

Тие изјавија јавна благодарност до Жељан Ракела, кој што ја презакажа презентацијата на својата книга, 300.000 км. мото авантура, за да дојде и да им даде совети и подршка во Скопје.

Да потсетиме, тие ќе тргнат од Македонија, ќе ги поминат сите континенти. Ќе изминат копнен пат на мотор од околу 100.000 километри. Ќе го заобиколуваат светот  минувајки низ повеќе од 45 држави. На својот пат тие ќе делат „бесплатни“ гушки на луѓето од сите етнички припадности, вероисповеди и други определби. Тони и Силвана на гушнатите ќе им ја покажат малата Македонија на картата на светот и ќе им го покажат големото срце на земјата и нејзините жители.

Најпрвин прегратките ќе ги соберат низ сите градови во Македонија, за истите да ги разделат низ светот. Турнејата на собирање прегратки низ Македонија е веќе започната и се споделува на веб страната и нивната фејсбук страна.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.