Нашето барање за намалување на цената на зелениот картон е конечно усвоена. После повеќе од една година од првичното поднесено барање за намалување на цената на зелениот картон Владата конечно позитивно се произнесе по нашиот предлог.

sostsanok-stavreski

Тропнавме на многу врати, се јавивме кај многу пријатели, имавме поддршка од повеќе поединци, клубови и од МФМ и конечно на вчерашната владина седница пратениците се произнесоа по основ на нашето барање. Наместо досегашните 90 евра за зелен картон, од сега ќе плаќаме само 30 за период од една година. Во игра беа повеќе предлози, како намалување на периодот на кој ќе се вади зелениот картон, или да остане вредноста на истиот но да важи две години, за на крај Владата да одлучи зелениот картон за една година да чини 30 евра.

Со ова беше позитивно одлучено по основ и на последното барање кое го доставивме кон крајот на 2011 година, а до сега ни беа усвоени барањата за дозвола за увоз на мотоцикли од САД, регистрација на моторите на период пократок од една година и бесплатен паркинг за моторите во Општина Центар. Кампањата која ја започнавме со возење низ улиците на Скопје се покажа како успешна, иако чекавме подолго отколку што се надевавме.

Им благодариме на сите знајни и незнајни јунаци кои помогнаа во реализацијата на овие барања, на сите оние кои беа покрај нас и ни даваа поддршка во изминатиот период и кои не изгубија надеж дека можеме да ја истераме работата до крај.

Но ние не застануваме тука, продолжуваме понатаму, следен чекор е барањето за изградба на тркачка патека односно стази за натпревари во брзински мотоциклизам, супермото, крос, картинг и автомобилизам во близината на Скопје. Планот е веќе подготвен во соработка со МФМ, а со поддршка од Владата се надеваме дека до крајот на годинава ќе биде реализиран и овој проект.

Тимот на мотори.ком.мк 

Back To Top