28
Пет, Апр
Домашни

Започнува Мото Тура Мариово 2012

motori mariovo-moto-turaПеттата последователна мото тура Мариово започнува утре и ќе трае до 3-ти Јуни. Турата која во 2008 година ја започнаа ентузијасти и вљубеници во мотоциклизмот, прерасна во еден од најпосетените и најочекувани мото настани во земјава.

Следете нè на:

 

mariovo-moto-tura

Петтата последователна мото тура Мариово започнува утре и ќе трае до 3-ти Јуни. Турата која во 2008 година ја започнаа ентузијасти и вљубеници во мотоциклизмот, прерасна во еден од најпосетените и најочекувани мото настани во земјава.

Низ изминатите 4 тури се случија многу работи, убави и помалку убави, но сепак Мариово не престана да плени со својата убавина. Дружењето, недопрената природа и прекрасниот пат со одличен асвалт и многу свиоци е нешто што не смее да се пропушти. Затоа не барајте изговори, палете моторите и утре кон Мариово.

Галерија со слики од изминатите тури:

Мото Тура Мариово 2008

Мото Тура Мариово 2009

Мото Тура Мариово 2010

Мото Тура Мариово 2011

Од името на GUARDIAN ANGELS MC официјално да Ве каниме на 5-от Мото Собир (Mото тура Mариово) во временскиот период од 01.06. до 03.06.2012 год.

ПРОГРАМА НА МОТО ТУРА МАРИОВО 2012

01.06.2012
10.00 – 12.00 час. - ПРИСТИГНУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ НА БУЛ.ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ПЛОШТАДОТ АЛЕКСАНДИРЈА ВО ПРИЛЕП.
12.00 час. – ОТВАРАЊЕ НА 5(та) МОТО ТУРА МАРИОВО
12.30 – 13.00 час. – ФОРМИРАЊЕ НА КОЛОНАТА НА ДВИЖЕЊЕ 13.00час. – СТАРТ НА КОЛОНАТА КОН МАРИОВСКИОТ РЕГИОН (се вози во колона –групно возење со брзина на движење од 60 км/час)
14.00час. – ПРИСТИГАЊЕ ВО МОТО КАМПОТ (непосредно до ман.Св.Илија, с.Мелница, Мариово), ПОДИГАЊЕ НА КАМПИНГ ОПРЕМАТА И СМЕСТУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ. ПРИЈАВУВАЊЕ НА КЛУБОВИТЕ УЧЕСНИЦИ.
- ВРЕМЕ ЗА ОДМОР, КОНТАКТИ И ДРУЖЕЊЕ
22.00час. – ЗАБАВА СО “ВАЛКАН ЕКСПРЕС“ – ШТИП (пред тоа локални предгрупи)
- РАЗНИ ИЗНЕНАДУВАЊА И ЗАБАВА И ДРУЖЕЊЕ ДО ЗОРИ.

02.06.2012
13.00час. – ОРГАНИЗИРАНА ПОСЕТА НА МАНАСТИРОТ СВ.НИКОЛА с.МАНАСТИР
14.30час. – ОРГАНИЗИРАНО ВРАЌАЊЕ ВО МОТО КАМПОТ.
16.00час. - БАЈКЕРСКИ ИГРИ, НАТПРЕВАР ВО ПИЕЊЕ ПИВО И НАТПРЕВАР ВО ИЗБОР НА ПИВСКИ СТОМАК
21.30час.- ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПОБЕДНИЦИТЕ НА БАЈКЕРСКИТЕ ИГРИ И МИСТЕР (МИС) ПИВСКИ СТОМАК.
22.00час. – ПОДЕЛБА НА ДИПЛОМИ ЗА УЧЕСТВО НА МОТО КЛУБОВИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА 5та МОТО ТУРА МАРИОВО 2012, БЛАГОДАРНИЦИ ЗА СПОНЗОРИТЕ И СОРАБОТНИЦИТЕ КОИ ДОПРИНЕЛЕ ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИСТАТА И ПОЧЕТОК НА ЗАБАВНАТА ПРОГРАМА.
- ЗАБАВА СО “THE HOUNDS”- ПРИЛЕП (претходно со локални пред групи) И ДОСТА ИЗНЕНАДУВАЊА СО ЗАБАВА ДО ЗОРИ.

03.06.2012

- Будење, расформирање на кампот, средување на околината од аспект на еколошка чистота и збогување со сите учесници на Мото Тура Мариово 2012 год.

 

 

 

comments

Би можело да ве интересира

Џон МекГинис и Гај Мартин дебитираа во боите на 2017 Honda Racing, тимот за кој ќе настапат на овогодинешните North West 200 и Isle of Man TT.

Компанијата за производство на сопирачки, Brembo, пушти на пазарот нов радијален цилиндер кој има висока спецификација и технологија која поткнува од MotoGP.

Попладнево имавме можност да разговараме со Лоренцо во однос на предизвиците со кои се соочува по преминот од Yamaha во Ducati како и развојот на новата MotoGP машина.

Стартувајќи од денеска, Англија го промени системот на казни за брзо возење, што во превод би значело дека прекршителите би можеле да добијат казна од речиси 150 % од нивната неделна заработка.

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!