Новиот и долго oчекуван МТ-09 Tracer 2015 веќе пристигна во изложбениот салон на Мото Азуро во Скопје.

Yamaha МТ-09 Tracer 2015

Новиот и долго oчекуван МТ-09 Tracer 2015 веќе пристигна во изложбениот салон на Мото Азуро во Скопје.

Овој модел за прв пат беше прикажан минатата година на саемот за моторцикли EICMA во Милано (Италија), и уште тогаш од Yamaha беше најавуван како новост и револуција во сегментот на „Adventure“ моделите.

Зошто е најавен како револуција?

  • Агрегатот со 3 цилиндри, зафатнина од 847ccm и моќност од 115кс е останат од претходниот модел на MT-09
  • Комплетно нова суспензија на предниот и задниот дел
  • Нови ABS сопирачки во стандардна опрема
  • TCS (traction control) подесив по желба
  • Tracer specific D-Mode, модови за подесување на снагата на агрегатот
  • LED предни и задни светла
  • Опција за подесување на висина на предниот визир во 3 нивоа
  • Опција за подесување на возачко седиште во 2 нивоа
  • Централен штендер во стандардна опрема
  • Адаптери за куфери како опција во стандардна опрема

Мало-продажната цена на овој модел во Македонија e 10.440 евра со сите платени давачки до регистрација, што кај остатокот од конкуренцијата (други брендови на производители) во класата Adventure, со ваков степен на опрема во стандардна верзија по оваа цена не постои.

Back To Top