Во недела со почеток од 10 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе биде одбележана неделата за безбедност на мотоциклистите во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Мотоциклистичката Федерација на Македонија.

makedonija-motordzii

РСБСП и МФМ ја одбележуваат Неделата за безбедност на мотоциклистите со дефиле низ скопските улици

Во недела со почеток од 10 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе биде одбележана неделата за безбедност на мотоциклистите во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Мотоциклистичката Федерација на Македонија.

Мотоциклистите претставуваат секојдневен составен дел од сообраќајот на патиштата во Република Македонија. Истовремено тие претставуваат една од најранливите групи учесници во сообраќајот. Индикаторите за безбедноста на мотоциклистите во сообраќајот на патиштата укажуваат на потребата за една широка и сеопфатна акција за подобрување на нивната безбедност во сообраќајот.

РСБСП во рамките на своите надлежности, а во согласност со програмата за работа во 2014 година ја прогласи неделата од 16 - 22 јуни како „Недела за безбедноста на мотоциклистите“.

Целта на акцијата е подобрување на условите и можностите за рамноправно учество на мотоциклистите во сообраќајот, подобрување на безбедноста и подигање на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот за почитување на мотоциклистите како ранлива група во сообраќајот.

За таа цел РСБСП во соработка со МФМ на ниво на целата земја ќе реализира повеќе активности во однос на заштита на мотоциклистите во сообраќајот. Акцијата веќе е најавена во неколку градови низ земјава, а во недела возењето ќе биде реализирано и во Скопје.

Во недела на плоштадот Македонија со почеток од 10 часот обраќање ќе има Министерката за внатрешни работи на РМ, Гордана Јанкуловска по што ќе започне дефилето низ скопските улици под мотото „Да видите колку не има“. МФМ во соработка со повеќе скопски мото клубови е организатор на настанот на кој се поканети сите љубители на моторите.

Поканата е отворена за сите членови на мото клубови како и слободни возачи, да дојдеме во што поголем број и со совесно возење и соодветна опрема да и покажеме на јавноста дека сме дел од сообраќајот и дека заслужуваме кон нас да се однесуваат како рамноправни учесници.

Колоната ќе биде обезбедена од припадници на МВР кои со мотоцикли ќе ја предводат групата, а за редот низ скопските улици ќе се грижат редарите кои ќе имаат задача и евентуално да ги исклучат од групата мотоциклисти кои нема да се придржуваат на пропишаната сигнализација и оние кои нема да носат заштитна опрема.

Back To Top