30
Чет, Мар
Домашни

Уште една трагична сообраќајка, еден загинат и еден тешко повреден

Само два дена по трагичната сообраќајка во Прилеп кога животот го загуби Зоран С. удирајќи со својот мотор во автомобил, се случи тешка сообраќајка на бул. Борис Трајковски во Скопје во која животот го загуби едно момче, а другото сеуште е во тешка состојба.

Следете нè на:

 

soobrakajka222Момент од несреќата (Фото: Курир)

Само два дена по трагичната сообраќајка во Прилеп кога животот го загуби Зоран С. удирајќи со својот мотор во автомобил, се случи тешка сообраќајка на бул. Борис Трајковски во Скопје во која животот го загуби едно момче, а другото сеуште е во тешка состојба.

Сообраќајката се случила околу 15 часот, на булеварот „Борис Трајковски“, кога момчињата кои биле на моторот, без кацига, се забиле во патничко моторно возило марка Ситроен Берлинго.

Според тврдењата на очевидците кои се нашле на местото на несреќата, моторот се движел со брзина многу поголема од дозволената и вртејќи низ кривината, удрил во возилото.

Со моторот управувал 23-годишниот И.Б. од Скопје, а негов сопатник било момче родено 1990 година со иницијали Н.К. Според податоците, едно од момчињата кои биле на моторот, им подлегнало на повредите во болницата.

Да повториме, НОСЕТЕ ОПРЕМА ПОСТОЈАНО И ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО, кацигата е за на глава, не за на резервоар или за дома, дури и да го возите моторот на кратка релација, НОСЕТЕ КАЦИГА!

 

comments

Би можело да ве интересира

Ендуро тим - Водно Скопје во Капитол Мол ги претстави возачите кои ќе настапуваат за нив оваа сезона, Игор Спиров - Зизи и Христијан Бузалковски.

Во последно време мото индустријата се фокусира да им понуди нешто ново на возачите кои се од милениумската генерација. Но тие не се најмладите возачи. Сега ни доаѓа генерацијата „Z“.

Јохан Зарко за кратко време премина од херој во трагичар во својата прва трка во премиерната класа. Пред да падне, тој беше лидер во првите шест круга.

По 4 години поминати низ светот на мотоцикл, Ивана Чолаковска и Мануел Торес во сабота се враќаат во Скопје.

Иако за Јапонскиот производител тој е повеќе еволуција отколку револуција, Yamaha R6 е  одлична машина која сакаме да ја споделиме со вас денес.

Со произведени неколку милиони примероци од нејзиното прво претставување, дури и денес можете да најдете постар модел од овој мотоцикл по солидна цена. Но доколку ја сакате конкретно оваа Веспа, тогаш ќе мора да издвоите повеќе од 150 илјади евра.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!