Домашни

УИП позитивно одговори на нашето барање - скопските улици ќе се одбележуваат со квалитетна боја!

Јавното претпријатие Улици и Патишта - Скопје, донесе позитивна одлука во однос на нашето барање за промена на бојата за хоризонтално одбележување на улиците во главниот град!

Следете нè на:

 

Проблемот со кој се соочуваа моторџиите во главниот град се чини дека е надминат. Лизгавата боја со која се одбележуваат улиците ќе стане минато, а ќе добиеме квалитетна боја која нема да ја загрозува безбедноста. 

По состанокот со одговорните од ЈП Улици и Патишта - Скопје каде што го елабориравме проблемот со кој се соочуваме секојдневно, добивме уверување дека наскоро нашиот проблем ќе биде решен. И навистина така излезе, денеска пристигна официјалното известување од УИП.

Би сакале да изразиме огромна благодарност до директорот Г-н Сенад Смаиловиќ кој најде разбирање за нашиот проблем и реагираше навремено пред почетокот на сезоната со цел да се спречат несаканите последици и да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот. Како што се вели и во нивниот одговор на барањето: „Ве известуваме дека во оваа тековна сезона за хоризонтално одбележување на сообраќајниците на територија на Град Скопје, ќе се употребува боја со зголемен квалитет, со што ќе се допринесе до значително зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.“

uip skopje

Во меѓувреме доставивме барање и до Министерството за Транспорт и Врски за промена на начинот на кој се одбележуваат велосипедските патека на крстосниците, па наместо целосна лента тие да бидат испрекинати со што ќе може да се одбегне контактот со нив. Очекуваме позитивен одговор и од оваа институција, а ќе Ве информираме штом добиеме одговор на барањето.

Нека ни е со среќа :)

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа 6-та и 7-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Хорхе Лоренцо (Ducati) постигна победа на трката која овој викенд се возеше на патеката во Каталонија.

Откако го претставија дуал-концептот за време на мото шоуто во Милано во 2017 година, Moto Guzzi воопшто не трошеа време и го претворија овој концепт во реалност.

Макпетрол оваа недела овозможува попуст од 20% на новата опрема од италијанскиот производител A-Pro во слонот на Хонда во Скопје.

На ред е седмата рунда од МотоГП шампионатот која викендов ќе се вози на патеката Каталуња во близина на Барселона.

Замислете си го времето кога мотоциклите ќе научат како ние функционираме и ќе се прилагодат на нашето однесување. Тоа го имаме денес.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!