На 10 ноември 2013, ќе се одржи третата моторџиска крводарителна акција, организирана од GUARDIAN ANGELS MC- МACEDONIA, во соработка со Црвен крст на Р.Македонија.

292797 10151242305710330 1713960354 n

На 10 ноември 2013, ќе се одржи третата моторџиска крводарителна акција, организирана од GUARDIAN ANGELS MC- МACEDONIA, во соработка со Црвен крст на Р.Македонија.

Ве покануваме да ни се придружите на овој хуман настан,сите кој сакате и можете да дарувате од течноста што живот значи. Се со цел да ја покажеме уште еднаш добрата и единствена хумана страна на Моторциклистите во Македонија.

Како Благодарност до оние што ќе даруваат крв, обезбедени се пехар за Мото Клубот што ќе има најмногу членови Крводарители на настанот, медали за најмлад, највозрасен учесник на настанот и медал за најмногу крводарувања.

Акцијата ќе се одржи во дневниот центар за дарување крв „Даре Џамбаз“ Скопје на ул.11 октомври (спроти зградата на Кјуби Македонија и УЈП), со почеток во 08:30, а ќе трае до 14ч, по потреба и подолго.

Back To Top