Како што пренесува порталот 10bez10.com, претпладнево во Прилеп се случила тешка сообраќајна незгода по која возачот на мотоциклот бил во животна опасност. Според последните информации кои ги пренесе „Нова Македонија“, со моторот управувал Зоран С. (42) од Прилеп, кој за жал подлегнал на повредите.

soobrakjajka-poshta-prilep-03

Како што пренесува порталот 10bez10.com, претпладнево во Прилеп се случила тешка сообраќајна незгода по која возачот на мотоциклот бил во животна опасност. Според последните информации кои ги пренесе „Нова Македонија“, со моторот управувал Зоран С. (42) од Прилеп, кој за жал подоцна подлегнал на повредите.

Како што пренесува порталот, од судирот моторот експлодирал, а возачот излетал неколку метри подалеку. Иако веднаш пристигнала брзата помош Зоран починал на пат кон болницата. Непозната е состојбата на шоферот на патничкото возило. На лице место веднаш пристигнале брзата помош, противпожарната единица и екипите на полицијата.

Убавото време е мамка за сите љубители на двете тркала да уживаат со своите мотори, оние кои прават пауза во зимскиот период не треба да заборават дека асвалтот е сеуште ладен, гумите не греат доволно, а самата пауза го прави своето па треба да се вози навистина внимателно.

Извор: 10bez10.com

Back To Top