24
Вто, Јан
Домашни

Првите гуми Continental за бесплатна замена пристигнаа во Скај Мото

Скај Мото Дооел генерален застапник и дистрибутер на мото програмата од Continental, известува дека компанијата Continental GmbH Germany започна со спроведување на доброволен програм за БЕСПЛАТНА замена на предни гуми, кој опфаќа околу 170.000 гуми од димензиите 120/70 ZR 17 и 120/70 R 17.

Следете нè на:

 

Continental бесплатно ќе замени повеќе од 170.000 гуми заради можни проблеми, благодарение на увозникот Скај Мото програмата ќе ги опфати и моторџиите од Македонија.

ContiSportAttack2 1920x1080170000 гуми произведени помеѓу 2007 и 2014 година ќе бидат бесплатно заменети

Скај Мото Дооел генерален застапник и дистрибутер на мото програмата од Continental, известува дека компанијата Continental GmbH Germany започна со спроведување на доброволен програм за БЕСПЛАТНА замена на предни гуми, кој опфаќа околу 170.000 гуми од димензиите 120/70 ZR 17 и 120/70 R 17.

Контролата на квалитет покажа дека на пазарот може да има многу мал дел од производите со горенаведените димензии со евентуално оштетување.

Continental GmbH нема добиено ниеден извештај за штета на возила или луѓе, но за да се избегне можен ризик за корисниците одлучено е да се повлече целата количина на гумите од овие типови.

Во овој програм спаѓаат гуми продадени во периодот од 2007-2014, од следните типови и димензии:

120/70 ZR 17 и 120/70 R 17 :

Производна линија :     

DOT : Недела/година на производство

120 / 70ZR17 M / C (58W) TL ContiSportAttack

CP8B B5MV 1008 2614  

120 / 70ZR17 M / C (58W) TL ContiSportAttack 2

CP8B B5M4 4811 2614

120 / 70R17 M / C 58H TL ContiAttack SM 

CP8B BXM9 1011 2614

120 / 70ZR17 M / C 58W TL RACEATTACK Comp. Soft

CP8B B5M1 1907 2614

120 / 70ZR17 M / C 58W TL RACEATTACK Comp. Medium

CP8B B5M1 2307 2614

120 / 70ZR17 M / C (58W) TL RACEATTACK Comp. Endur.         

CP8B 918B 3011 2614

120 / 70ZR17 M / C (58W) TL ROADATTACK 2 GT W

CP8B 91E9 2513 2614

Овие гуми може да бидат идентификувани преку DOT серискиот број кој се наоѓа од страната на секоја гума како што е прикажано на примерот подолу. 

Пример: DOT  CP8B B5M4             2612

conti-zamenaИдентификација на гумите

Во доброволниот програм за замена се опфатени гумите од DOT1907 (19 недела 2007) и DOT2614 (26 недела 2014)
Ни една друга димензија или датум на производство не спаѓа во наведениот програм.

Доколку имате купено гума од наведените типови, истата ќе ви биде заменета со нова БЕСПЛАТНО најдоцна до 31.03.2015 (не е потребно приложување на сметка од купувањето на гумата).

Првите количина на гуми за замена веќе се пристигнати во Скај Мото, а сите оние кои ќе ја менуваат предната гума (бесплатно), можат да купат задна со намалена цена. Во оваа акција се опфатени задните гуми од Continental, и тоа: ContiSportAttack2 180-55/17 за цена од 6.900,00 денари и 190/50-17 за 7.450,00 со вклучена монтажа и балансирање. Акцијата важи само за оние кои ќе дојдат за замена на предната гума.

За информации јавете се во Скај Мото Дооел на телефонитe: 02/3172462,  02/3172941 и 02/3172942 или испратете и-мејл на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

comments

Би можело да ве интересира

MotoGP екипата на Дукати го претстави својот тим за сезоната 2017.

ФИМ и Дорна денеска го потврдија календарот на МотоГП трки за 2017 година.

Еден од најпознатите тркачи на јавните патишта, Гај Мартин, реши да се врати на натпреварувањето откако потпиша договор со Honda Racing. Мартин ќе му се придружи на Џон Мекгинис и заедно ќе се натпреваруваат на North West 200 и Isle of Man TT. И двајцата возачи ќе настапат со Honda CBR1000RR SP2.

Италијанската компанија оствари соработка со Diesel, за да создадат лимитирана верзија на Diavel кој сигурно ќе им се допадне на сите љубители на Mad Max или на Bioshock.

Ја имавме првата можност да ги видиме Валентино Роси и Маверик Вињалес во новите униформи и за прв пат можевме да ја видиме Yamaha YZR-M1.

Во канцеларијата на Американското регулаторно тело во моментов се разгледува опцијата за воведување на 100% данок на увоз за Европските мотоцикли кои се со зафатнина од 50 до 500cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!