motori parking-motori_copy_copyРеволтирани од одлуката на Општина Центар да наплатува паркинг места за мотоцикли, почнувајќи од  петок изутрина ќе ги блокираме паркинзите пред општината.

parking-motori copy_copy

Револтирани од одлуката на Општина Центар да наплатува паркинг места за мотоцикли, почнувајќи од  петок изутрина ќе ги блокираме паркинзите пред општината. Имајќи во предвид дека мотоциклите кога се паркирани воопшто не пречат на возилата, а Општината ги става на исто рамниште со автомобилите, започнувајќи од петок ќе започнеме со прописно паркирање на мотоциклите на местата предвидени за паркинг.

Притоа ќе се потрудиме да не оставиме место за автомобилите да се паркираат, со цел надлежните да увидат дека идејата е повеќе од лоша. Изјавата дека ова е пракса секаде во светот е апсолутно неточна, и апелираме до Општина Центар да ја ревидира својата одлука. Лесно е да се одбележи паркинг за мотоцикли, но што добиваме за оние 15 денари од час? Евентуалната штета на мотоциклите не е покриена, ниту пак има некаква заштита од кражба, па нелогично е да даваме пари за воздух. Истовремено, изјавата дека мотоциклите го загадуваат воздухот исто како автомобилите и затоа треба да им се наплаќа паркинг е повеќе од смешна.

Затоа, во петок во 7 часот изутрина ги повикуваме сите сопственици на мотоцикли да ги паркираат своите љубимци на паркингот пред Општината Центар, со цел додека трае пробниот период до Септември, да ги натераме надлежните во Општина Центар да ја променат својата нелогична одлука.

Back To Top