Макпетрол, увозникот на Хонда за Македонија во својот салон ги изложи новите модели Honda CB 500XA и SH Mode 125.

cb500fa-3

Макпетрол, увозникот на Хонда за Македонија во својот салон ги изложи новите модели Honda CB 500XA и SH Mode 125.

Новитетите од Хонда пристигнаа во Скопје, Макпетрол кој е овластен увозник во својот салон ги изложи новите CB 500XA и SH Mode 125. Освен новите модели во салонот може да се погледне и новата опрема од италијанскиот производител A-Pro од кој има моторџиски чизми и јакни.

CB 500XА

Лесното ракување и релаксираната позиција на возачот, карактеристични за целосно новиот CB500X ја прави авантурата подостапна од кога било. CB 500XА со течно ладење, DOHC, мотор со два паралелно поставени цилиндри создава таква моќ што им се приближува на поголемите мотоцикли.

Телескопската предна виљушка од 41 mm овозможува усогласено и удобно возење, додека пак приспособливиот заден амортизер обезбедува флексибилност во зависност од големината на возачот и површината на патот. Моделот доаѓа со дабрички вграден ABS систем со кој сопирањето е беспрекорно, а Pro-link системот на Хонда и алуминиумските лиени тркала со дизајнот на лесни краци овозможуваат брзо ракување.

Водечки во својата класа, според потрошувачката на гориво и резервоар што собира доволно гориво за патување од 459 километри, без разлика дали дневно поминувате мали растојанија или одите на подолги патувања, овој мотор Ви ги отвора вратите на двата света.

Цената на овој модел е 6490 евра.

SH Mode 125

Новиот скутер SH Mode 125 исто така е веќе во салонот. Тој се карактеризира со исправена положба на седење, ниско седиште, одлични возни перформанси, и изглед кој привлекува погледи кога е паркиран, но и кога го возите.

sh-mode-125-1

Скутерот доаѓа со CBS системот за кочење како стандардна опрема, додека пак самиот агрегат е оптимизиран за поаѓање така што добивате одличен старт, а намалена потрошувачка. Моторот со зафатнина од 125cm3 развива 11кс кои се и повеќе од доволни за возбудливи но економично возење.

Резервоарот е со зафатнина од 5,5 литри, a со полн резервоар можете да поминете приближно 275км. Или поинаку кажано, со вклучен „Idling Stop“ систем, просечната потрошувачката на скутерот е 2 литри на 100км!

Четворотактниот агрегат со водено ладење ја постигнува малата потрошувачка благодарение на eSP (enhanced Smart Power) технологијата која се грижи за максимални перформанси со минимална потрошувачка. Секако тука е и „Idling Stop“ модот кој го гаси автоматски скутерот на секое застанување што помага за неверојатно ниската потрошувачка.

Цената на овој модел е 3090 евра.

Back To Top