Она што започна во 2010 како идеја на неколкумина ентузијасти, повторно ќе започне да функционира од оваа недела.

motomarket 4

Она што започна во 2010 како идеја на неколкумина ентузијасти, повторно ќе започне да функционира од оваа недела.

Наместо авто пазар, од оваа недела во Скопје ќе почне да функционира мото пазар. Идејата доаѓа од одговорните во Максима кои се потрудија на моторџиите да им обезбедат место за продажба или размена на својот моторцикл, делови, опрема...

Идејата е секоја недела од 10 до 15 часот во кругот на Максима секој да може бесплатно да го изложи својот мотор, или опрема која не ја користи, делови од стар мотор кои безпотребно висат во гаражата и сл.

Замислата е одлична и се надеваме дека ќе профункционира па Максима ќе стане редовна неделна прошетка каде ќе може да се најде некоја ситница, кацига по мерка или мотор за убава сума. Прогнозата за во недела е одлична, на вас останува да „протарашкате“ по гаражата да видите што имате од делови и опрема, или пак да го светнете убавецот на кој му е време за продавање.

Back To Top